Телевизиските права главна тема |
a-pin-dim |
Телевизиските преноси од дерби натпреварите можат да ја зголемат регуларноста на македонскиот фудбал е заклучокот на денешната средба на раководството на ФФМ на чело со претседателот Хари Хаџи-Ристески со претставниците на Прволигашите, а на која беше направена анализа на претходните две кола од Шампионатот.
Подготвени сме под реални услови на пазарот да ги откупиме телевизиските права од националното првенство изјави претставникот на УФА Медија Браца Вујчиќ и натпреварите од домашниот шампионат да бидат присутни на ТВ екраните.
Претставниците на клубовите изразија задоволство од добрата организација на натпреварите во 8. и 9. коло а забелешка му беше упатена на ФК Шкендија од Тетово да ги превземе сите мерки на следните средби да не се повторат проблемите со градскиот стадион во тетово како на средбата со Слога Ј. која започна со големо задоцнување.
Претставниците на прволигашите како и на претходните средби изразија задоволство од делењето на правдата со исклучок на претставникот на ФК Маџари Солидарност кој побара да се воведе делегирање на судиите и право на изземање барем на двајца делители на правдата.
Следната средба е закажана по одигрувањето на следните две кола.
|
darkjesus |
pa super ako konecno se sredi taa rabota ke mozime da ocekuvame dobar fudbal i na nashite tereni |
StormAngel |
Daj boze da e taka.[;)] |
highlander |
Тешко.
Имаше преноси и пред 3-4 години, ама кој е глуп да гледа македонска лига кога на другиот канал имаш пренос од англиското првенство на пример.
Не е работата да има пренос за да ти биде квалитетно првенството, туку обратно.
|
darkjesus |
highlander mislam deka tuka ne si vo pravo i eve zoshto:
sigurno ke ima luge koi ke gledaat i domashno prvenstvo
drugo ako ima prenosi na udar prvi ke bidat sudiite koi nema da smeat da donesat sporni odluki zosto sekogas ke bidat pred oci na cela javnost
treto so prenosite ke se zgolemi zainteresiranosta za mkd fudbalot vo zemjava i siguren sum deka igracite od natprevar vo natprevar ke se trudat da se pokazat sto e mozno podobro.
p.s. dobro ova treba da e dobroto scenario:) onaka kako sto bi trebale da se odvivaat rabotite |
highlander |
Добро сега... некој ќе гледа ама тие ке бидат малкумина.
Судиите и до сега беа први на удар па никому ништо.
Играчите би се труделе ама кога ке ти дојде некој судија кој сака да си истера негов резултат тоа и ке го направи а со тоа и ке уништи цела игра, со такви судии неможе ни ’Марадона’ да се наигра.
Јас мислам дека не е проблемот во ТВ преносите...
Рибата смрди од главата нели? Таму е проблемот, ако тоа се реши правилно после се ке си дојде на свое место.
Затоа Дарко Панчев за претседател на ФФМ и луѓе кои го сакаат фудбалот а не хохштаплери кои шиткаат утакмици, а такви верувам дека има многу во Македонија. |
darkjesus |
se soglasuvam deka treba da stavat luge koi go sakaat fudbalot:) na primer mene:) |
highlander |
Ми го зеде зборот, darkjesus [:D] |