Zadolzhitelna vakcina protiv Hepatit B i vo RM |
melpomena |
Од први ноември сите новороденчиња ќе мораат да се вакцинираат против Хепатит Б. Оваа вакцина за првпат се воведува во државата и по препорака на СЗО ќе биде задолжителна.
„Почнува да се аплицира во породилиштата, кај самите новороденчиња во првите 24 часа, а другите две дози, оти вакцината се дава во три дози, се даваат во засебни установи, односно во институциите кои ја спроведуваат вакцината. Втората доза се дава во првиот месец, третата во шестиот.“ - изјави министерот Селмани.
70.000 вакцини се набавени во 2003-та уште пред да бидат направени измените во законот за заразни болести со кои вакцината против Хепатит Б станува задолжителен дел од вакцинацијата во македонија.
„Ги обучивме здравствените работници како да се дава вакцината, кај кои деца, на која возраст, на кој начин и им го поделивме упатството. Во моментов вакцината се дистрибуира насекаде во здравствените установи.“ - изјавуваат од министерството за здравство.
Во македонија годишно со Хепатит Б заболуваат од 130 до 170 лица но, се претпоставува дека овој број е многу поголем. Во најголем процент болеста напредува и најчесто може да заврши со карцином велат стручњаците.
Сепак дали овие 2% се вистинска причина за воведување на задолжителна вакцинација?
„Претпоставка е дека оваа бројка е многу поголема и е еден опасен извор за пренесување на болеста кај другите луѓе.“ - додаде министерот Селмани.
Македонија е 161-та земја во светот која воведува задолжителна вакцинација против Хепатит Б. Од соседството е последна.
Вакцините за грип пак се безбедни потенцираат во министерството. Тие се од италијанскиот производител Кајрон и не се исти со вакцините произведени во Англија.
Сите ризични групи ќе можат да без страв да се вакцинираат велат во минстерството.
www.a1.com.mk
Redno beshe, so ogled na toa deka simptomite za Hepatit B ne se ochigledni kako za Hepatit A mnogu lugje imaat prelezhano, a ne se svesni za toa. Dodeka zaboluvanjeto e akutno-se lechi, no koga kje stane hronichno- ostanuva narushuvanje na heparot. Inaku prisustvo na Hepatit B ne mozhe da se vostanovi so obichno ispituvanje na krva slika, tuku se ispituvaat markeri za Hepatit B
|
IvanC |
Fala Bogu, redno bese. Tamu kaj nas sekoj sto ke zavrsi na dijaliza avtomatski stanuva Hep B pozitiven. Nastrana toa sto e kaj nas Hep B prevalencata golema |
јузер |
A kako se prenesuva?
Hepatit C preku polov odnos, a Hepatit B? |
IvanC |
quote: Originally posted by јузер
A kako se prenesuva?
Hepatit C preku polov odnos, a Hepatit B?
Zavisi od prevalencata. Vo zemji ili mesta so visoka prevalenca od vertikalnata transmisija, od Majka na dete za vreme na bremenosta e najcesta pricina za hronicni nositeli. Vo regioni so umerena zastapenost, horizontalnta transmisijavo ranoto detstvo e predominantna, dodeka vo mesta so niska zastapenost na Hep B preku igli kaj intravenski zavisnisci, seksualni odnosi se predominantata forma na zaraza.
Kaj horizontalnata transmisija, deca njcesto se zarazuvaat preku minorni povredi na kozata i sluzokozata koga stapuvaat vo kontakt so drugi deca ili domasnite. Hep B virusot za razlika od virusot na AIDS moze da opstane dolgo vreme, taka da preku cetki za zabi, zileti, pa duri i igracki transmisijata e mozna.
Normalno preku transfuzija ili vo bolnici preku zarazeni instrumenti, tecnosti transmisijata moze da bide ekstremno visoka. Toa e slucaj kaj nas, iako e toa nesto necueno na zapad. Transmisija prema lekarite od pacienti postoi na zapad no e mala, dodeka obratna od zdravstveniot personel na pacient ne postoi prakticki na zapad zaradi pravilata koj se pocituvaat. Kaj nas ne e taka, te ako nekoj hronicno mora da odi vo bolnica i da mu vadat krv ili slicni proceduri (dijaliza na primer) mozes da bides siguren deka so tek na vreme ke bides Hep B pozitiven. |
n/a |
Ova e od Vest denes (7mi dekemvri):
"За сосема кус период во Медицинскиот центар во Штип 50 наркомани се лекувале од хепатит Б или Ц. Лекарите стравуваат ако продолжи ваквиот тренд во меѓувреме да не се закачи и сида. Д-р Милка Камчева од Инфективното одделение во Штип истакнува дека жолтицата кај наркоманите може да се пренесе и со употреба на еден шприц, но и со тетоважите, како и со дупчењето на папоците и ушите. Според докторката, хепатитот Б може да се спречи со новата вакцина што ја примаат и новороденчињата, а која трае 48 недели, додека терапијата на новата јапонска метода од една недела е мошне скапа и чини 25.000 денари."[END]
|