Мајк Зафировски во Боинг |
OooOo |
Мајк Зафировски член на директорскиот борд на "Боинг"
Извршниот директор на "Моторола", Македонецот Мајк Зафировски, е избран за член во Управниот одбор на американската авиокомпанија "Боинг", соопшти завчера компанијата со седиште во Чикаго. Зафировски во јули 2002 година беше назначен за прв човек на "Моторола", чие седиште се наоѓа во Шаумбург, оддалечен 40 километри од седиштето на "Боинг".
Пред вработувањето во "Моторола" во 2000 година, Зафировски 24 години работеше во компанијата "Џенерал електрик", јавува "Макфакс".
- Финансиското и оперативното минато на Мајк, неговото меѓународно искуство и импресивната вклученост во заедницата го прават одличен нов член на нашиот Управен одбор - изјави претседателот на "Боинг", Хари Стоунсајфер.
Зафировски во 11-члениот Управен одбор на "Боинг" доаѓа на местото на почесниот претседател на Институтот за технологија на Масатчусетс, Пол Греј. Тој пред две недели ја посети Македонија и се сретна со државниот врв и со домашни стопанственици. Зафировски тогаш порача дека економскиот развој е најважен за просперитетот на Македонија и објави дека и негова идеја е земјава да стане силиконска долина на Балканот. |
bliznak |
Dosta e 2-3ca ko nego da stanat neshto slicno vo zivotot.. ako ne drugo svetov ke ja zapoznae Makedonija:)
|
StormAngel |
Vcera citav na Vest za Majk.:) |
sapeski |
Го имаше во Мобимак весникот за претплатници клуб 360. Стварно American Dream. |
darkjesus |
e sega ne trebaat uste 2-3ca kako nego so ke sakaat da ja napravat makedonija silikonska dolina i ke pocnam da veruvam deka moze da bide:) |
IvanC |
Ovoj coek e ubedlivo najvisoko plasiran Makedonec vo svetot, so dostap na mnogu visoki i vlijatelni licnosti. Prvo, neverojatno e kolku malce za nego se pisuva vo Makedonija, ustvari do vcera voopsto i ne se pisuvase za nego. Jas se sekavam pred godina dve koga stana CFO na Motorola , taa vest ne se objavi nigde vo Makedonskiot pecat. A vtoro, nego niedna vlada do sega ne go ima iskoristeno za nisto, sto i ne e za cudenje posto na Makedonija dosega nikogas vakvi lugje ne i trebale. |
darkjesus |
pa normalno ke ispadni mnogu popameten, pouspeshen i pogolem patriot od site niv. mozda i zatoa ne se nafakaat da rabotat so luge kako nego |
StormAngel |
Makedonska verzija na George Soros.
Vakvi luge i ni trebaat.[;)] |