Министерот Бучковски во посета на седиштето на Н.
Министерот Бучковски во посета на седиштето на Н.
a-pin-dim Министерот Бучковски во посета на седиштето на НАТО Министерот за одбрана Владо Бучковски денеска отпатува во дводневна посета на Брисел каде што ќе има средби со генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер и со амбасадорите на земјите членки на Алијансата. Министерот Бучковски кој престојува во Брисел заедно со високиот воен преставник на НАТО во Република Македонија генерал Денис Блис, ќе биде придружуван од делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Македонската делегација пред високиот политички комитет на НАТО ќе ја презентацијата Годишната национална програма за подготовки на Република Македонија за членство во НАТО за 2004-2005 година. На средбата на министерот Бучковски со генералниот секретар на НАТО, како што соопштува Министерството за одбрана, ќе стане збор за идните домашни задачи на Република Македонија кои треба со подршка на НАТО да бидат завршени со цел успешно да се заокружи целиот процес на евроатлантско интегрирање. Пред генералниот секретар и амбасадорите на НАТО, министерот Бучковски ќе ја истакне подготвеноста и способноста да се исполнат обврските и одговорностите што произлегуваат од членството во НАТО. Во делот на одбранбените реформи ќе биде потврдено она што е општо прифатено од партнерите во Алијансата, дека имаме направено голем напредок во воените реформи, и во наредните две години најзначајно ќе биде исполнувањето на политичките критериуми. Со разговорите на министерот Бучковски со амбасадорите на земјите членки на НАТО продолжуваат консултациите од јуни годинава со високите преставници на Северноатланскиот партнерски совет со цел потврдување на создадената од Министерството за одбрана широка лоби група на земји членки на Алијансата за интегрирање на Република Македонија најдоцна до 2007 година, односно добивање на покана за членство во 2006 година. Покрај тоа ова преставува нова форма на делување и соработка со земјите членки на НАТО што покажува високи резултати и се вреднува постигнатиот значаен прогрес во одбранбените реформи.
lav
quote:
Originally posted by a-pin-dim
Министерот Бучковски во посета на седиштето на НАТО Министерот за одбрана Владо Бучковски денеска отпатува во дводневна посета на Брисел каде што ќе има средби со генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер и со амбасадорите на земјите членки на Алијансата. Министерот Бучковски кој престојува во Брисел заедно со високиот воен преставник на НАТО во Република Македонија генерал Денис Блис, ќе биде придружуван од делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Македонската делегација пред високиот политички комитет на НАТО ќе ја презентацијата Годишната национална програма за подготовки на Република Македонија за членство во НАТО за 2004-2005 година. На средбата на министерот Бучковски со генералниот секретар на НАТО, како што соопштува Министерството за одбрана, ќе стане збор за идните домашни задачи на Република Македонија кои треба со подршка на НАТО да бидат завршени со цел успешно да се заокружи целиот процес на евроатлантско интегрирање. Пред генералниот секретар и амбасадорите на НАТО, министерот Бучковски ќе ја истакне подготвеноста и способноста да се исполнат обврските и одговорностите што произлегуваат од членството во НАТО. Во делот на одбранбените реформи ќе биде потврдено она што е општо прифатено од партнерите во Алијансата, дека имаме направено голем напредок во воените реформи, и во наредните две години најзначајно ќе биде исполнувањето на политичките критериуми. Со разговорите на министерот Бучковски со амбасадорите на земјите членки на НАТО продолжуваат консултациите од јуни годинава со високите преставници на Северноатланскиот партнерски совет со цел потврдување на создадената од Министерството за одбрана широка лоби група на земји членки на Алијансата за интегрирање на Република Македонија најдоцна до 2007 година, односно добивање на покана за членство во 2006 година. Покрај тоа ова преставува нова форма на делување и соработка со земјите членки на НАТО што покажува високи резултати и се вреднува постигнатиот значаен прогрес во одбранбените реформи.
Секој кој има ваков статус и патува понадвор остварува во просек од 2-4.000 Евра чиста корист за својот џеб. Ова го осознав од еден мој познаник кој ја имал таа чест да го прави тоа ..секако порано-де ...кога беа ептен големите крадци на власт. Ваше е само да го помножите бројот на патувањата во мандатот на дотичниот X коефициентот ...макар и минималниот и ќе добиете одговор зашто и поред сите востановени Европски норми не си дава оставка на функцијата ...иако како надежен и благоугоден иден европејски политичар од него сите го очекуваат а тој НЕЈЌЕ ПА НЕЈЌЕ. И не се чудите после како од баракиче на дедому за некој рок никнува ПАЛАТА од ЗЛАТА на НЕКОЛКУ КАТА разбира се од „цркавицата„ која ја добива за своите од никого не побарани усилби да не вмесе таму какде што очебијно НЕ НЕ САКААТ ...барем не како МАКЕДОНЦИ ами само како FYROMCI. НО како вокало грнето-де како сакате викајте ме само не кршете ме , разбира се.