a-pin-dim |
Претседателот на Владата, Хари Костов во работна посета на Австрија
На покана на австрискиот канцелар, Волфганг Шисел, во еднодневна работна посета на Австрија престојува претседателот на Владата на Република Македонија, Хари Костов.
Република Македонија може да смета на целосна и безусловна поддршка од Австрија на патот кон ЕУ и НАТО, нема отворени прашања меѓу девте земји и она на што треба да се акцентот е интензивирање на економскта соработка. Ова е заедничка констатација на австрискиот и македонскиот премиер, Шисел и Костов по нивната прва официјална средба овде во Виена.
"Македонија се наоѓа во многу значајна фаза од својот развој. По поднесувањето на Апликацијата за полноправно членство сега интензивно работиме на одговарањето на Прашалникот од ЕК, но паралелно течат и реформите во повеќе сфери" – рече Премиерот Костов.
"За нас е особено важно да се поттикне економската соработка и особено ме радува присуството на австриските инвеститори во Република Македонија."
Како позитивен пример, премиерот Костов ги наведе инвестициите на КНАУФ и ТОНДАХ, кои како што рече ќе претставуваат патоказ и гаранција и за другите австриски фирми дека во Македонија може успрешно да се работи и заработи.
"Австрија ги поддржува македонските аспирации за членство во Унијата и сака да биде мост меѓу Македонија и Европската Унија. Додолку целосно се имплементира Рамковниот договор и се спроведе децентрализацијата тогаш вратите на Македонија за влез во ЕУ и се отворени" – порача австрискиот канцелар Волфганг Шисел.
На полето на економската соработка Шисел смета дека двете земји можат многу повеќе да направат во креирањето на поволна бизнис клима за привлекување на странски инвестиции.
Австрискиот канцелар се интересираше и за соработката на Македонија со ММФ.
Шисел изрази жалење за убиството на тројцата македонци во Ирак и порача: "Не сте единствена земја на која ова и се случува, но Македонија не треба да се откаже во учеството во борбата против глобалниот тероризам."
Голем интерес на австриските медиуми за посетата на премиерот Костов. Тие велат: Ваков пречек немал ниту еден балкански премиер, а неодамна во посета на Виена беа и хрватскиот премиер Санадер и словенечкиот премиер Вајгл.
|