Ќе се укине ли правото на референдум? |
трендафил |
Ако е точно ( http://www.vest.com.mk/default.asp?id=86150&idg=5&idb=1303&rubrika=Makedonija )тоа дека власта има намера по 150000 собрани потписи парламентот да одлучува со гласање дали ќе има или ќе нема референдум, тоа е всушност суспензија на правото за иницирање референдум. На се` одозгора уште и ако мнозинството пратеници е за референдум, претставниците на малцинствата може да го ограничат тоа секаде во светот ( во нормалните и демократски земји) гарантирано граѓанско право. Ако на ова се додаде дека најголемото малцинство има паничен страв од секое индивидуално изјаснување па бега од сите референдуми на кои учествуваат сите граѓани, излегува дека во Македонија повеќе нема да има референдум. Предложеното решение е толку глупаво, што дури и ако сите граѓани на Македонија (да нагласам дури и албанците, како повластена заедница) се за референдум, пратениците може да им го суспендираат тоа право. Ако тоа не е диктатура, незнам што е.
Нормално е да се помисли дека ако парламентот сакал да донесе некое решение истото и би го сторил, а ако не сака, истото ќе го суспендира и ако се соберат и милион потписи. Дали во една демократска земја некој воопшто може да помисли на вакво нешто, односно дека народот нема право да ја корегира власта ако таа не му дозволи. Некој очигледно не гледа во иднината, туку сака да не врати во некои времиња кои никогаш ги немало на овие простори, т.е. во времето на фашизмот или расизмот. Нормален човек на почетокот од третиот милениум не може ниту да размислува за вакво нешто.
Се надевам дека сите што размислуваат на овој начин, дали само новинарот на ВЕСТ ако тој го измислил ова или некој во власта ако тој е творец на ваквиот предлог, ќе бидат успешно излечени во соодветна установа и дека повеќе нема да размислуваат за вакво чекорење во иднината.
П.С.: До овој момент не ми е познато дека власта го демантирала напишаното во ВЕСТ. |
Sotir |
quote: Originally posted by трендафил
Ќе се укине ли правото на референдум?
posle sevo ova sto se slucuva?????
Najverovatno da. |
Sotir |
quote: Originally posted by трендафил
Некој очигледно не гледа во иднината, туку сака да не врати во некои времиња кои никогаш ги немало на овие простори, т.е. во времето на фашизмот или расизмот. Нормален човек на почетокот од третиот милениум не може ниту да размислува за вакво нешто.
Ova ne e tocno.
Fasizmot go imalo na ovie prostori. Vo WW II go imalo i toa so ista vakva podelba, kakva sto ni se nudi. Samo togas na istocnata strana bile B'lgarski fasisti, a na zapadnata istite na koi i sega sakaat da im dadat teritorijata.
Da ne potsetuvame sto se slucuvalo so Makedoncite koga Balistite ja zemale vlasta "vo svoi race".
Mislam na gradovite vo Zapadna Makedonija. |
lav |
quote: Originally posted by Sotir
quote: Originally posted by трендафил
Некој очигледно не гледа во иднината, туку сака да не врати во некои времиња кои никогаш ги немало на овие простори, т.е. во времето на фашизмот или расизмот. Нормален човек на почетокот од третиот милениум не може ниту да размислува за вакво нешто.
Ova ne e tocno.
Fasizmot go imalo na ovie prostori. Vo WW II go imalo i toa so ista vakva podelba, kakva sto ni se nudi. Samo togas na istocnata strana bile B'lgarski fasisti, a na zapadnata istite na koi i sega sakaat da im dadat teritorijata.
Da ne potsetuvame sto se slucuvalo so Makedoncite koga Balistite ja zemale vlasta "vo svoi race".
Mislam na gradovite vo Zapadna Makedonija.
Постарите Тетовчани но и други кои ги осетиле „благодетите„ на тоа време и владеење на БАЛИСТИТЕ се жив пример за тоа и такво време во кое сакаат да не вратат нашите владетели.
Велат оти историјата е УЧИТЕЛКА на ЖИВОТОТ
Па се прашувам дали сдсм-ОФЦИВЕ имале минимален број на часови по Историја ???
Барем овие кои ја „кројат„ политиката ????. |