6.000 регистрирани случаи
6.000 регистрирани случаи
OooOo Трајанка Гогова е еден од случаите на стари лица отфрлени од семејствата Откако синот со измама ме натера да му го подарам станот, ме избрка на улица. Оттогаш цела година спијам кај соседите, по влезови и паркови, низ солзи ја раскажува својата животна приказна, 77-годишната Трајанка Гогова. Таа вели дека била физички малтретирана од синот и снаата, но тоа го трпела, бидејќи имала покрив над главата. Сега секој ден седи пред станот во Кисела Вода, што некогаш бил нејзин, но полицијата ја брка и оттаму. Пензијата од 5 илјади денари не стасува ниту за живот, а судските трошоци да си го вратам она што некогаш беше мое, се големи, вели Трајанка. „Кај да одам, зима иде, цело лето по паркови, роднини, нагоре-надоле се шуткам. Моите работи, сите од тука да ги извадат, да ги продадат без да ме прашаат. Ме носат тука, ме вадат. Нема мрдање никако, не знам што да правам“, изјави Трајанка Гогова. Трајанка Гогова е само еден од стотината случаи на стари лица, отфрлени од семејствата, што годинава се пријавиле во центарот за социјална работа. Социјалните работници велат дека на блиските роднини можат само да им укажат на обврските што ги имаат кон старите лица и да ги згрижат во старски дом, каде месечно се плаќа повеќе од 9 илјади денари. Ако лицата биле жртви на семејно насилство, се сместуваат во единствениот центар во Скопје, но само 6 месеци. Меѓутоа, во старските домови, не секогаш, се сместуваат лица, на кои навистина им е потребна помош. Центарот за социјални работи, само лани, открил 6.000 вакви случаи. На сметка на оние, кои го злоупотребиле згрижувањето, голем број стари лица останале без потребната помош.
Narodov pobudalel
VeGaS najloso od sve e sto sekoj den e sve poloso i poloso ... do koga samo ?!
AaaAa
quote:
Originally posted by VeGaS
najloso od sve e sto sekoj den e sve poloso i poloso ... do koga samo ?!
U maka se pokazuva najdobroto lice na coekot. Ova e samo eden fakt koj pokazuva so narod sme... drugiot e topikot "dali ste rasisti." Zalno...
StormAngel Idejki navamu eden starec padna,go podignav i ete sum sega. Fala bogu,seuste mozam na moi noze da stojam,mlad sum...a koga gledam so moi oci nekoi slucaevi. "Bolje biti pijan nego star" [:D] A so obzir deka sekoj den e se poloso i poloso,kako sto i kazuvate,ne znam do koe deredze ke stasame. Gospod neka ni e napomos,a poveke na tie sto ne se zgrizeni od nekogo.
dbk Sramota i Greota e toa sto se pravi!!!
cile Koga bi bil standardot pogolem kaj nas pa sekoj da moze da si ima svoe bi bilo bolje, a vaka ima luge sto ziveat kao vo plemenski zaednici po 10 dusi u stan od 50 kvadrata. Zalno e ali sto da se pravi.A togas nastanuvaat nervozite, tepanjata, isteruvanjata na ulica a vo extremni slucaevi imase i napadi so nozevi pistoli.
sfetle Ete do kade ne vodi nemashtijata... strasna rabota,no vistinita.
bliznak Eh da e samo Трајанка Гогова... :(((