Пронашле златна маска, а ги барале Старите Тракијц
Пронашле златна маска, а ги барале Старите Тракијц
Inkognito АРХЕОЛОЗИТЕ ВО БУГАРИЈА Пронашле златна маска, а ги барале Старите Тракијци Рацете на Георги Китов трепереле додека го држел сјајниот лик на античкиот крал, изваден од гробница во северна Бугарија. "Ова е лице на зол владетел", заплакал археологот, восхитувајќи се на суровиот поглед на маската од чисто злато, голема колку чинија за јадење. Маската потекнува од 5 век пред новата ера - златното време на малку познатите Тракијци. Според Китов и неговите колеги, ова е само почеток на пронајдоците што допрва ќе следат. Падот на комунизмот пред 15 години ги запре истражувањата на илјадници гробници и населби, бидејќи осиромашената држава целото свое внимание го посвети на закрепнување на слабата економија. Откако почнале да излегуваат новите пронајдоци, Китов и другите археолози работат за да откријат што повеќе за мистериозните Тракијци, кои - според експертите - ја формирале една од првите европски култури. - Ова е најголемо археолошко ископување во последните 15 години. Нормално е што наодите се неверојатни - вели Божидар Димитров, куратор во Историскиот музеј во Бугарија. Од историјата на Тракијците останале малку податоци, а според некои експерти, тие живееле во денешните делови на Бугарија, Романија, северна Грција и во европскиот дел од Турција. Историчарот Херодот ги опишал како "дивјаци, крвожедни воини", кои ги обожавале само боговите на војната и на виното. Тракијците не оставиле пишани докази за своето постоење, а археолозите се жалат дека изворите за нив во другите култури се скудни - Грците ги сметале за варвари. Но стотиците фино изработени парчиња накит и други артефакти пронајдени во бугарската "Долина на тракиските кралеви" раскажуваат поинаква приказна. На сегашната изложба на богатствата во еден германски музеј тракиската е претставена како "една од највлијателните култури во античкиот свет". - Откопавме седум гробници годинава и нивниот дизајн, заедно со декоративната керамика, бронзениот, златниот и сребрениот накит покажуваат дека имаме работа со развиена цивилизација - вели Китов. Живеејќи на работ на Азија, Тракијците дошле во контакт со големи цивилизации што минувале низ нивната територија: Персијците, Скитите, Грците, Келтите, Римјаните, дури и со жителите на египетското царство. Во гробниците на тракиските владетели биле пронајдени златни и сребрени садови полни со скапоцености. Но важните откритија сега се соочуваат со нова опасност - ограбувачите на гробници. Тие се се посмели и работат со софистицирана опрема. Шверцерите ги користат предностите на не многу строгите закони, широко распространетата корупција и слабите владини фондови. Експертите се жалат дека сите од 1.500 наоѓалишта во "Долината на тракиските кралеви" во северна Бугарија се нападнати од диви трагачи, кои се опремени многу подобро од археолозите. Само еден ден по пронаоѓањето на 690-грамската златна маска, Китов се вратил во гробницата и открил дека трагачите по богатства го преорале наоѓалиштето за да пронајдат други скапоцени предмети. - На трагачите ништо не им е важно освен златото. Тие уништуваат се што не вредно за шверцување - керамиката, фреските и гробните ќелии. Тоа е катастрофа. Ние само ги собираме остатоците - вели Китов. Тој и неговиот тим се надеваат дека ќе ги истражат сите наоѓалишта во долината, со помош на приватен фонд на локален музеј и од приватна западноевропска фондација.
Inkognito Ochekuvam reakcija od misirkov :)
f9 Maskata e trakiska http://www.segabg.com/21082004/p0010004.asp
Maleshevo Веста е стара веќе повеќе недели. Најдено е и македонското сонце на истата локација, таканареченото сонце од Кутлеш (Вергина) кое го откопаа Грците од гробот на Филип, а е претставено на златниот ковчег за накит. http://www.standartnews.com/archive/2004/10/07/society/s4224_4.htm Другият предмет с почти сензационна за науката стойност е киликсът - чаша за вино с тегло 300-400 г. Виненият потир е с две дръжки отстрани, а вътре има фини орнаменти на пламък и различни растения. На дъното му била изобразена 16-лъчната "звезда на Вергина ". Този съд, както и откритите няколко монети със същата звезда показват, че символът на македонците всъщност е тракийски, каза проф. Китов. Което означава, че древните македонци и траки са били един народ. Тоа е тоа што јас го зборувам цело време, но и други македонски историчари како Нада Проева на пример. Древните Македонци се субстрат од тракиски народи. Тракијци е име за повеќе сродни народи, Бриги, Орестиди, (В)енетите итн. кои постојат пред да се појави името Македонија и Македонци во 7 век пред нашата ера пред 2700 години. (пишувачите на бајки нема да се согласат) Древните Македонци потекнуваат од тракиски народи, кои дефинитивно не биле Грци, а јазично се најблиски до денешните таканаречени словенски народи. (погрчување имало како и во поновата истоија, но изворно никогаш не биле Грци) Ова е единствена вест која се протури за македонското сонце во Бугарија и од тогаш штама во врска со тоа. Ниту слики, ниту нешто друго. Грчко-бугарска соработка? А кој знае се што крие почвата во Македонија, но немаме држава тоа да го истражува и откопува, а потоа да го изложува во музеи.