Ѓубрето се заканува | |
OooOo | Ѓубрето му се заканува на Скопје
Иако скопјани секој ден произведуваат по 500 тони комунален, технолошки, интерен и посебен отпад, нема податоци за количеството, содржината и за неговите својства. Организирано се собира и се транспортира само комуналниот и технолошки неопасниот отпад во градското подрачје, а се уште нема интегрален систем за отпадот. Ветеринарниот се фрла во природата, а третманот на опасниот отпад е загатка. Нема систем ни за собирање на секундарните суровини, освен старата хартија, а не постои ниту рециклажа, се нагласува во Локалниот еколошки акциски план за Скопје (ЛЕАП).
- Комуналниот отпад се собира во депонијата Дрисла, каде што во 2003 година, "Комунална хигиена" депонирала 124.070 тони, само од домаќинствата. Депонијата се простира на површина од 76 хектари, иако се предвидени максимални 56 хектари. Дрисла не е технолошка и еколошка целина и ги загадува подземните води во околината. Согорувањето на медицинскиот отпад во инсенераторот може да го загади воздухот - се вели во ЛЕАП.
Собирањето на комуналниот отпад се врши на специјални места и на седум претоварни станици, од кои најкарактеристична е некогашната депонија Вардариште. Иако веќе не се користи, Вардариште не е комплетно санирана, а од водите што протекуваат од отпадот трајно се загадува Вардар. Досега 75 отсто од Вардариште е покриено со земја.
Во селата собирањето на ѓубрето е стихијно, поради што се создаваат диви депонии, многу опасни за околината. Посебен проблем се ѓубриштата покрај реките. Дивите депонии во ЛЕАП се оценети како многу загрижувачки, а забележани се седум: три во Кисела Вода, две во Шуто Оризари и две во Гази Баба.
- Проблем претставува и општото ниско ниво на свест и дисциплина на граѓаните - се нагласува во документот.
Секој ден во Скопје се создаваат по 50 тони интерен отпад, кој нерегуларно се фрла во близина на местата каде што се создал, односно крај индивидуалните објекти. Со градежниот шут се покриваат Вардариште и поголемите нерамнини.
Посебниот отпад е посебен проблем. Медицинскиот отпад се обработува според пропишана постапка, но нема целосна контрола врз постапката со фармацевтскиот отпад. Годишно се продуцираат по 500 тони фармацевтски отпад, а два отсто од него се можни опасни и штетни материјали.
- Нема никакви податоци за постапката со ветеринарниот отпад. Годишно се произведуваат околу 1.600 тони отпад од пцовисани животни и 4.900 тони ветеринарен отпад од кланиците. Бидејќи нема постројки за обработка, т.н. кафилерии, голем дел од ветеринарниот отпад се расфрла во природната околина - предупредуваат од ЛЕАП.
За да се надмине лошата состојба, од ЛЕАП препорачуваат да се воведе современо и организирано управување со отпадот, воведување систем за рециклажа и примарна селекција, како и зајакнување на казнените мерки за прекршителите.
Ako edno Skopje proizveduva 500 Toni gjubre na eden den, kolku li gjubre dnevno proizveduva svetov?? Nikogash nemav razmisluvano na ovaa tema, no izgleda zagrizhuvachki. Ako edno Skopje so pomalku od eden milion zhiteli proizveduva 500 toni gjubre dnevno, togash zamislete kolku toni gjubre DNEVNO proizveduvaat slednive gradovi so nivnoto milionsko naselenie: 1. Tokyo, Japan - 28 million 2. New York City, US - 20.1 million 3. Mexico City, Mexico - 18.1 million 4. Mumbai, India (Bombay) - 18 million 5. Sao Paulo, Brazil - 17.7 million 6. Los Angeles, US - 15.8 million 7. Shanghai, China - 14.2 million 8. Lagos, Nigeria - 13.5 million 9. Calcutta, India - 12.9 million 10. Buenos Aires, Argentina - 12.5 million |