VeGaS |
Министрите и премиерот отсега ќе патуваат со „лирџет 60“, авион што ќе биде купен со пари од буџетот, наспроти најавите дека ќе се плаќа со банкарски кредити. Владината комисија го одбрала ова авионче во конкуренција на „цесна ексел“ и „хокер 800“, кои биле поскапи. Пресудна за избор на леталото била цената од 10,8 милиони долари.
Првично, на меѓународниот тендер за набавка на летало, понудата била за два милиони долари повисока, но канадскиот производител „Бомбардиер“ прифатил да го продаде со попуст од 16 отсто. Како што веќе беше предвидено, еден милион долари Владата ќе обезбеди од осигурувањето на „кингерот“ со кој загина претседателот Борис Трајковски. Во Владата тврдат дека еден од главните критериуми, кој носел најмногу бодови при одлуката, бил квалитетот на леталото.
„Лирџет 60“ е еден од најдобрите деловни авиони во средната класа, а најголеми конкуренти му се „хок 800 икс пе“ и „галфстрим 100“. Станува збор за авион од средната класа со максимална носивост од 8 патници и двочлен екипаж.
Максималниот долет на овој авион изнесува 4.623 км, но притоа корисната носивост значително му се намалува во корист на потребното гориво и може да понесе 4 патници и 2 члена екипаж. Основната намена на оваа категорија авиони се трансконтинентални летови, што значи дека од Скопје ќе може да стигне до сите европски, медитерански и блискоисточни дестинации без слетување по гориво и со максимален број патници.
При летањето до Њујорк или до Вашингтон овој авион ќе мора да направи едно слетување за да наполни гориво.
Имајќи го предвид времето на летање помеѓу Скопје и северноамериканските градови и ако на тоа се додаде времето за полнење гориво и важноста на патниците, значи дека ќе мора да летаат најмалку со тричлен екипаж, што значи дека со овој авион на трансатлантски релации ќе можат да патуваат најмногу три патници. Ова е карактеристично и за сите авиони од оваа класа.
За прелетување на Атлантски Океан со поголем број патници (бидејќи станува збор за значајни државнички посети, потребни се осум и повеќе патници) потребен е авион од таканаречената суперсредна категорија, како што се „галфстрим 200“, „цесна совреин“, „хок хоризон 4000“ или „бомбардиер челинџер 300“, чија цена е над 18 милиони долари.
Според досегашните искуства на Владата, очекувањата се овој авион да лета повеќе од 450 часа годишно.
Канадската компанија треба да го испорача авионот во Македонија најдоцна до 31 декември.
ZAREM NE E SRAMOTA[?] ... NA PREVOZNIOT KAPACITET MISLEV [|)]
|