Gjoko |
Sakam so site Vas da ja podelam slednata Vest!!!!!
MAKFAKS
САД ја призна Македонија под уставно име
Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи потврди денеска оти грчката Влада добила информација дека САД ја признале Македонија под нејзиното уставно име.
„Постои информација со таква содржина. Во светлина на тоа и по консултациите со премиерот, министерот за надворешни работи Петрос Моливијатис ја одложи посета на Брисел, каде што требаше да присуствува на состанокот на Европскиот совет. Тој го информираше претседателот на републиката и лидерите на политичките партии.“ - се вели во одговорот што на новинарско прашање го даде портпаролот на Министерството за надворешни работи Кумуцакос.
„Министерот за надворешни работи веќе го повика амбасадорот на САД Тони Милер и ќе го прими денеска во неговиот Кабинет. Натамошни соопштенија што се однесува за ова, ќе им бидат дадени на новинарите кои што го следат Министерството.“ додава Кумуцакос.
Овој негов одговор претпладнево е објавен на официјалниот сајт на грчкото Министерство за надворешни работи.
Веста веќе ја објавија американската агенција Асошиејтед Прес, француската агенција Франс прес, бугарската новинска агенција Бгнес, како и грчките новински агенции.
POZDRAV,
GI FAKJAME SITE NA KONDICIJA A?
|