VeGaS |
Само 400 од речиси 50.000 фирми во Македонија инсталирале законски софтвер од „Мајкрософт“. Ова е досегашниот резултат од кампањата за легализирање на софтверот, која оваа компанија ја водеше во соработка со Владата од февруари до мај годинава. Неофицијално, иако во Македонија има повеќе од 100.000 компјутери, се користат само околу 8.000 легални софтверски пакети. По извршените инспекции во повеќе фирми во земјава, пиратски софтвер бил најден само во два деловни субјекти, по што одговорните добиле кривични пријави за неовластено посегнување по туѓо авторско право.
- Инспекции од Министерството за култура, во соработка со инспектори од Министерството за внатрешни работи, можат во секое време да проверат каков софтвер се користи во компјутерите на која било фирма во земјава - велат од агенцијата „Публицис“.
Владата по потпишувањето на стратегискиот договор со „Мајкрософт“ во државните компјутери инсталирала околу 6.000 легални софтверски пакети од оваа компанија, за што биле платени 3,9 милиони американски долари. Тогаш овој потег Владата го најави како почеток на средување на состојбите со пиратеријата во нашата земја и почитување на законите за авторски права, како еден од поважните услови за влегување во Европската Унија.
„Мајкрософт“ со потпишување на стратегискиот договор со Владата се обврза да ја издаде програмата „Виндоус“ на македонски јазик, меѓутоа македонското издание на оваа оперативна програма се уште доцни.
- Работната верзија на програмата ја добив во јули оваа година, но тимот што работи на преводот требаше да ја доработи. Таа верзија беше поделена по фирми и лица за да се увидат недостатоците од јазичен и функционален аспект. Коментарите за таа верзија на програмата требаше да бидат достапни на официјалниот веб-сајт на „Мајкрософт“, меѓутоа не сум проверил и не знам кога оваа програма ќе може да ја користат граѓаните - вели Јани Макрадули, пратеник во Собранието на Република Македонија.
Зоран Анчевски, задолжен за коректура на работната верзија, вели дека проверката на преведениот материјал требало да заврши во ноември, меѓутоа поради обемниот материјал овој рок ќе биде пробиен барем до почетокот на идната година.
- Моја задача е да извршам прецизна коректура на работната верзија на програмата. Станува збор за многу обемен материјал што бара трпение, бидејќи македонскиот јазик не познава повеќе термини што се користат во компјутерскиот јазик. Треба да се внимава со преводот и со коректурата, бидејќи крајниот производ не смее да има грешки. Досега испитав една четвртина од програмата и корекции беа потребни, едноставно треба да помине време програмскиот јазик да се преточи во македонскиот јазик - вели Анчевски.
Kako go ocenuvate ova, sto mislite za nego...
Jas iskreno za boldiranoto mislam deka se raboti za uste edna 'podrukav' zdelka. Kako i sekogash, voobichaeno za kaj nas [:D] |