РЕФЕРЕНДУМ ЗА СПОЈ СО САД? |
трендафил |
РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ КОН САД?
Референдумското изјаснување ни влегува во мода. По овој неделниот, за новата територијална организација на државата, извесен Иницијативен одбор на проамериканските здруженија и граѓани и граѓански асоцијации од Македонија најавува нов на кој прашањето по кое би се изјаснувале граѓаните би било дали се за приклучување на Македонија кон Соединетите американски држави. Колку е сериозна иницијативата засега е неизвесно, исто како што е неизвесно каков би бил евентуалниот став на официјалната американска администрација околу можноста Македонија да биде педесет и некоја ѕвезда на американското знаме. Единствено што во моментов се чини сигурно е фактот дека мнозинството македонски граѓани тешко дека би ја прокоцкале можноста за присоединување кон САД. Иницијативниот одбор, пак, во своето првично обраќање до јавноста, напипувајќи го пулсот изнесува редица политички, економски, социјални и какви ти се не други аргументи за евентуалниот референдум и позитивното изјаснување на поставеното прашање. Но, впечатливо е дека иницијативата е отворено антиевропска, што во моментов, кога се одговара на европскиот прашалник, може да има и крајно негативна конотација. Македонија автоматски станува членка на НАТО, како држава во состав на САД безбедноста ќе биде на високо ниво, опасноста од воен конфликт и аспирациите на соседите ќе бидат сведени на нула, натаму Македонија повеќе нема да ги трпи уцените и заканите од Европската унија... Ова се само дел од политичките цели што би се постигнале со присоединувањето на државата кон САД. Од економски аспект, се добива "стабилна светска парична единица УСАдола ", ќе ги зголеми странските инвестиции, економскиот развој ќе биде како и во останатите држави на САД... Кога станува збор за причините, пак, за ваквото евентуално референдумско изјаснување, Иницијативниот одбор, меѓу другото, наведува дека тие пред сe` произлегуваат од "големото понижување и дискриминација на македонските граѓани од страна на ЕУ, која спрема Македонија се однесува како да е некоја земја од некоја авганистанска провинција"... Како и да е, Република Македонија како држава на САД би влегла во составот на единствената светска велесила. Ако не се задоволиме со тоа, утре-задутре можеме да организираме и уште еден референдум. Тој би можел да биде за присоединување кон НР Кина. Тогаш би биле ем велесила, ем најбројни во светот.
http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=2013
Иако многумина мислат дека сум антиамерикански расположен, доколку дојде до ваква иницијатива, ќе ја подржам со својот потпис (се надевам дека ќе се соберат 150000 за да се распише референдум) и глас. Може и да пројде. |
intel |
quote: Иако многумина мислат дека сум антиамерикански расположен, доколку дојде до ваква иницијатива, ќе ја подржам со својот потпис (се надевам дека ќе се соберат 150000 за да се распише референдум) и глас. Може и да пројде.
Не е грев да си антиамерикански расположен ниту пак проамерикански,но кога не знаеш каде е црвената линија и се изјаснуваш дека би се согласил твојата татковина да престане да постои како Македонија и да се вика USA тогаш си дефинитивно антимакедонски расположен што е многу голем грев.
|
трендафил |
Не разбирам зошто е добро да си една од државите на Европската заедница, а лошо да си една од државите на Северноамериканската заедница? Всушност и ЕУ се движи кон постепено намалување на поединечните државни права.
Иначе написот (Вечер спец) е шала. Така може да се смета и за мојот коментар. Не сум размислувал сериозно окулу идејата, иако на око делува интересно. Поради оригиналноста во едноличното политичко милје. |
ViennaBoy |
A dali amerikancite ne sakaat nas??? |
intel |
Воопшто не е важно дали е шала или не.Сигурен сум дека тоа и на озбилно би бил твој став. |
lav |
quote: Originally posted by intel
Воопшто не е важно дали е шала или не.Сигурен сум дека тоа и на озбилно би бил твој став.
Аман бе колега ...колку архаично гледаш на работите!!!.
И во обата случаја (ЕУ и УСА) Македонија многу години НЕМА ДА БИДЕ ЧЛЕН НА НИКАКВА УНИЈА само затоа што НИКОЈ НЕ САКА ЗЕМЈА каде излезот од сиромаштијата се гледа само во некакви си донации дадени или по мое кукумјавчење за некоја пара секако од друг заработена.
Но и земја која „плива„ во СМЕТ од секаков вид ...(си) мислам. |
трендафил |
quote: Originally posted by intel
Воопшто не е важно дали е шала или не.Сигурен сум дека тоа и на озбилно би бил твој став.
Јас сум за здружени светски држави. Не сум за локалистичко здружување, по континенти. Всушност сум глобалист, но не на начин на кој тоа се подразбира сега, т.е. мал број земји да го командуваат и ползуваат целиот свет. Воопшто не би ми пречело на пример кога сакам да можам да одам во било која земја на светот. Уште помалку би ми пречело да можам и финансијски да го сторам тоа. |