Тетово слика на судбината на унитарна Македонија?
Тетово слика на судбината на унитарна Македонија?
Maleshevo Тетово 3 години после војната од 2001 година е мултиетничка средина со доминантно албанско население. Дали е Тетово пример за соживот и унитарна Македонија или пример за град на недоверба помеѓу Македонците и Албанците и нефункционирање на унитарна Македонија. Дали Македонците во Тетово се чувствуваат безбедно и дали таму е унитарна Македонија? Дали Македонците ги продаваат куќите и се селат од Тетово? Како ќе функционираат таквите општини од кога ќе биде спроведен до целост законот за децентрализација, кој предвидува поголема автономија на општините? Зошто беше толку низок процентот на Македонци излезени на референдумот во Тетово и Гостивар? Зошто беше низок и бројот на излезни членови на ДПМНЕ на референдумот на ниво на цела Македонија? Дали опозицијата пред се ДПМНЕ, преку референдумот само чинеше да си го подобри рејтингот на партијата? Според мене референдуумот не успеа поради. 1. Лидерите на референдумот и дел од пораките (кампањата доби партиска слика кај народот, плус Петров не беше доволно добар) 2. Притискот и заплшувањето од ЕУ-политичари 3. Повик на бојкот од СДСМ и другата пропаганда, манипулација и притисок 4. Признавањето од УСА три ден пред референдумот со истовремена порака, рефорите мора да продолжат, рамковниот не смее да се попречува Што следи понатака на секој аналист мислам дека му е многу јасно.