КАМЕНИОТ МОСТ НИКАКО ДА СЕ КОМПЛЕТИРА
КАМЕНИОТ МОСТ НИКАКО ДА СЕ КОМПЛЕТИРА
a-pin-dim КАМЕНИОТ МОСТ НИКАКО ДА СЕ КОМПЛЕТИРА Прекината обновата на стражарската кула Градежното претпријатие "Маврово" ги прекинало работите на стражарската кула, зашто се префрлило на довршување на ситните завршни работи на Камениот мост, што значи дека е голема веројатноста стражарската кула да остане за в година [img]http://www.vest.com.mk/images/{E68D5556-4DB6-4CD4-A04A-E639D0729122}_Kamen%20most%20od%20Holidej%20in%201%20bg=2.jpg[/img] Поставувањето на стражарската кула на Камениот мост, најверојатно, ќе биде одложено за следната градежна сезона. Според последните информации од Градскиот завод за заштита на спомениците на културата, обновата на стражарницата, која почна оваа есен, била прекината од непознати причини. Јани Антониев, директор на Градскиот завод, вели дека екипите на АДГ "Маврово", од нему непознати причини, ги прекинале градежните работи и дека не знае кога ќе продолжи допоставувањето на камените блокови. Тој објасни дека од рудникот на АД "Силекс" навреме им биле испорачани потребните камења за доградување на оградата околу стражарницата, но дека нема кој да ги постави. - Досега се работеше на долниот дел од стражарницата, односно се поставуваа скршените камени блокови, а требаше да се продолжи со новите травертински блокови што ни ги испорача "Силекс". Зошто прекинаа - не знам, а не можам да кажам ни кога ќе продолжат, бидејќи нашиот завод е само надзорен орган, а нарачувач на проектот е Градот. Ако температурите останат вакви, работите можат да течат непречено, но ако паднат под нулата, тогаш ќе мора да се остави за следната градежна сезона, бидејќи лепилото со кое ги лепиме камењата не трпи температури пониски од минус пет степени - додава Антониев. Цветанка Икономова - Мартиновска, советник за екологија во Градскиот комитет, вели дека екипите на АДГ "Маврово" не прекинале со работата на стражарницата, туку дека биле ангажирани околу довршување на ситните завршни работи на Камениот мост. - Се довршуваа работите на мостот, се пикуваше каменот и некои ситни недовршени работи. Досега работеа на лепење на старите искршени камења, а ако бидат поволни временските услови, стражарницата би можела да биде готова и годинава", додаде Икономова.
dejan tolku pari od nadvor imame, a mostot nemoze da se zavrsi?
SpaceLily Pri kraj e kolku sho vidov jas
bliznak
quote:
Originally posted by SpaceLily
Pri kraj e kolku sho vidov jas
Ti posleden pat 63' bese[;)][:D] Skopje se drmashe cel, ko maftashe ti so gazot![^][:D]