Teтово денеска |
Thief |
За почеток ме интересира коментар од оние кои ја гледаа емисијата Чуму вечерва на А1: од една страна тетовци тврдеа дека не се чувствуваат загрозени во Тетово, дека факт е дека се живее „едни покрај други“, а не „едни со други“, но меѓунационални инциденти нема (што е и факт).
Од друга страна, телефонската анкета покажа дека 90% од оние кои гласале мислат дека Македонците во Тетово се загрозени.
Од една страна го имавме сопругот на Теута Арифи и Џевад Адеми кои беа умерени (Адеми умерен, отакко е во ДУИ, за разлика од неговите ставови кои ги имаше како дел од НДП), а од друга страна оној професор на Тетовскиот универзитет и сопственик на фабриката за мебел „Молика“, кој имаше (на моменти) националистички испади.
Македонците - тетовци, стандардно со умерени изјави, одмерени ставови и изјави за солиден живот во Тетово (идеално = иреално, зарем не?!). Карапејовски, Томиќ и Митовски со податоци, искуство и уверувања дека во Тетово животот не само што е можен, туку е и подобар од мноштво други македонски градови, односно - каде на друго место во Македонија подобро се живее?
Како вие ја видовте емисијата, гостите и, осбено, какво е вашето мислење за „големо Тетово во мала Македонија“ или „мало Тетово во голема Македонија“ ?! |
Strelec |
Јас да комемтирам сега за емисијата (што се разбира дека НЕ сум ја гледал) е исто како и Thief да кажува дали и’ е добро или лошо на дијаспората!:)
|
Thief |
Што никогаш не сум кажал, туку само сум посочувал дека таа ништо не прави за матицата - држава!:) |
јузер |
интересен беше податокот што го кажа Чуму дека со последниот попис бројот на македонците во Тетово е зголемен, што индиректно кажува дека нема иселување на македонците, и фактот дека во Штуловиот универзитет студираат се повеќе македонци оди во прилог на градење доверба. |
lav |
Јас ќе се обидам да ја разбијам илузијата која беше „прикажана„ во ЧУМУ за градот Тетово.
Колку што сум слушал од АС-Тетовци еве на пример од членови на познатото семејство ТАНТОВЦИ , одсекојпат било така и оти се живеело еден над друг , оти шќиптарите се до пред 20-сетина години живееле претежно по селата низ Тетовската (тогаш) Околија , но и по планинските села на Шар Планина.Познати се како крадци и препродавачи на дрва и секојпат биле фаќани од (тогашната) Милицијата во Горно Маало , а најпознати се селаните од с.Вејце
Еден дел биле „како„ Турци населени во дел од Горно маало - кое исклучиво било населено со Македонци , преставени со големите семејства Аџиљовци и Кузмановци.
Денес едниот од тоа семејство е познат уметник-сликар , а другиот познат стопанственик и сопственик на ЧАЈКА и тркач со мотори и автоомобили како и сервисер на познатата марка на автомобили PORSHE.
Тоа е Историјата...а сегашноста е дека шќиптарите полека ги населуваат куќите најпрво во Горно Маало што Македонците ги продаваат за да „слеза„ во градот.
И познатиот крај на Тетово Дреноец , сега населен со дојденци од КосМет и Санџак претежно , всашност е месност позната по ЛОЗЈАТА кои сопствениците Македонци за „големи паре„ им ги продавале на шќиптарите дојденци од КосМет.
Патот кон Урошевац каде се познатите од војната села биле всашнос ниви а сега се „окупирани„ од ЗГРАДи кои од него напаравија да изгледа „ка улица у мау Парис„.
Засега тољку кољку моем да кажуем туекац за мали паре. |