Младински Образовен Форум | |
OooOo | МЛАДИНСКИ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ
Студентите ќе ги резилат корумпираните професори
Под мотото "Резил", невладината студентска организација Младински образовен форум најави дека ќе ги организира студентите на сите универзитети за борба против корупцијата во високото образование.
Плаќање поткуп, изнуда на сексуални услуги, непотизам, недоволна заштита на сведоците што пријавиле случај на корумпирани професори и недостиг од кодекси на однесувањето на професорите се едни од многуте проблеми со кои се соочуваат студентите.
- Со плакатот за акцијата "Резил", на кој двајцата просветители, браќата Кирил и Методиј, се со врзани очи, сакаме симболично да покажеме дека тоа што се случува на факултетите е срам за образованието и просветата и оти тие не смеат да го видат тоа. Многу е важно да ги охрабриме студентите да почнат да зборуваат отворено. Ако тие не прозборат, тешко дека професорите и ресорните министерства ќе кажат или ќе преземат нешто - смета Бојан Маричиќ од Младински образовен форум. (Љ.Г.)
Redno beshe! Ogromna podrshka treba da im se dade na dechkive! |
SpaceLily | I redno beshe da pocnat i to najprvo Ohrid na turizam mame nivno ne znaet sho praet gi odraja studentite. |
The_Crow | Aaaaaaaaaa nisto podobro ne e vo skopje. Tuka gi ima tie rabopti vo pogolem obem otkolku ohrid. |
SpaceLily | Site isti lajna se ta tuka ta skopje ta prilep ta segde. |
OooOo | Двајца штипски професори обвинети за примање на поткуп Кривични пријави и мерка притвор по 15 дена добија двајца професори од Штип, поради примање на поткуп и посредство при примање поткуп. Настанот се случил вчера, околу пладне, во кабинетот на професорот по дефектологија Стојче Михов, на Педагошкиот Факултет во Штип. Поткупот го докажала студентка, на која претходно, од посредникот, инаку пензиониран професор Здравко Давитков, и било речено, кога ќе влезе во кабинетот, да му ги врачи 200-те долари. Студентката ја известила полицијата, која ги одбележала двете банкноти. Во кабинетот, девојчето влегло со отворен мобилен телефон. На тој начин, целиот разговор помеѓу студентката и двајцата професори го слушала полицијата, која веднаш ги уапсила професорите. Сепак, оние кои што досега дале мито, велат дека ова е само еден од низа случаи инциденти, кои го нарушиле моралниот, а пред се, образовниот кредибилитет на оваа високо образовна институција. „Пред се, знаењето е важно. Тоа што бараат пари, бараат. Тоа е општо познато и тоа не само на овој факултет, туку тоа е познато и на другите факултети“, изјави една студентка. Овој чин е неприфатлив, вели деканот Блаже Китанов, против кој, исто така, имаше неколку кривични пријави, но по друг основ, кои штипското Јавно обвинителство ги отфрли. „Апсолутно, не само на овој факултет, туку и воопшто на Универзитетот“, рече Блаже Китанов, декан на Педагошкиот Факултет во Штип. Како ќе бидат санкционирани професорите од нивните колеги, ќе се расправа на вонредна седница на деканската управа. |
ozonce | jas imam plateno 600 DM u toa vreme za 6-ka :( |
OooOo | Експерти и студенти против корупцијата Најдобро решение е нови членови на Агенцијата за евалуација на високото образование да станат професорите што на проектите работеа со странските колеги, сметаат во факултетските кругови Корупцијата во високото образование може да се отстрани ако студентите почнат што поскоро да ги оценуваат своите професори и ако новите членови во Агенцијата за евалуација на високото образование се експерти, а не професори и наставници, кои не знаат да направат анализа на извештај за оценување, тврдат универзитетски извори. Тие предупредуваат дека новите членови на Агенцијата мора да бидат внимателно избрани, бидејќи следува новата фаза, односно оценувањето на студиските програми и на студентите. Мандатот на актуелните членови на Агенцијата им завршува деновиве. Новите членови, најверојатно, треба да бидат избрани до крајот на ноември на седница на универзитетскиот Сенат. Во Агенцијата работат шест постојани комисии од 3 до 5 професори од областа на природно-математичките науки, техничко-технолошките, биотехничките, општествените, хуманистичките и од медицинските науки. Повеќето професори сметаат дека Агенцијата за евалуација досега не се покажала во најдобро светло и оти поради нестручноста на актуелните членови, доцни фазата на оценување на високообразовните институции. - Досегашните членови "спиеја". Кога почна надворешната евалуација, не бевме подготвени. Не знаевме како да се напише извештајот од оценувањето и затоа ангажиравме странски експерти. Најдобро ќе биде нови членови на Агенцијата да станат професорите што на проектите работеа со странските колеги. Целта е студентите да стекнат доверба во професорите и отворено да почнат да разговараат за корупцијата - сметаат универзитетски професори. Тие велат дека има професори кои речиси и не го слушаат мислењето на студентите и ретко кој има време да разговара за нивните проблеми и потреби. Студентите ќе се оценуваат според условите и нивниот квалитет при запишувањето на универзитетите, во согласност со конкурсот за упис. Ќе се оценува намалувањето на бројот на студентите од година во година, дали постојат модели преку кои студентите ги оценуваат професорите, видовите студентски активности и колку студентите учествуваат во работата на факултетот. |
OooOo | Охридскиот факултет легло на корупција? Студентските домови, студентските прашања, полагањето испити, добивањето диплома, запишувањето постдипломски студии се легла на корупција во високото образование, посочи Никола Тупанчевски, професор по кривично право. Тој вели дека има податоци оти Факултетот за туризам во Охрид е најкорумпираната високообразовна институција. - Таму беше покренат судски спор за неколку професори, но, за жал, не доби завршница. За да имаме некорумпирано образование, треба да имаме некорумпирано судство. Досега само "Сорос" спреведе анкета за корупција, според која, сите професори биле корумпирани - вели Тупанчевски. Според него, корупцијата ќе се намали ако се отворат сандачиња за студентите на сите факултети. Така тие ќе може анонимно да ги пријавуваат корумпираните професори. - Новиот начин на студирање односно кредит-трансфер системот и навремените реакции на деканатите се основен услов за намалување на корупцијата - смета професорот. Актуелниот студентски правобранител, професорот Борче Давитковски, вели дека за три години не стигнала ниту една пријава за корупција. - Поради неинформираност, студентите не ни се обраќаат. Тие не се заштитени, но не се ни трудат да ги дознаат своите права. Живееме во време кога државата дава се помалку пари за образованието, а од него бара се повеќе. Само 20 отсто се државни пари, преостанатото го плаќаат студентите - смета Давитковски. Претставникот на Групацијата "Студентите за себе" Никола Наумовски посочи дека на ниту еден факултет освен на Машинскиот нема одлука за забрана професорите да продаваат учебници во своите кабинети без претходно да издадат фискални сметки. Тој побара да се укине традицијата студентите да помагаат во кабинетите на професорите. - Треба да се смени системот на високото образование, но нашите универзитети тешко прифаќаат новитети - вели професорот Давитковски. |