Груевски и средбата во Охрид
Груевски и средбата во Охрид
трендафил Денеска во Охрид треба да се одржи средба на која ќе се потпише некоја декларација што треба да ги потврди нашите до сега повеќе пати потврдени стратешки одредби. Оваа декларација е веројатно наменета како политичка пропаганда за сите тие што не си го пополниле мозокот после испирањето од времето на едноумието. Декларацијата сигурно многу убаво звучи, но од неа нема никаква полза. Само е потврда дека некој средбата на „лидерите“ (после Рамковните „лидери“) ја става на повисоко ниво и од Парламентот кој веќе има донесено декларација за нашата пред се евроатланска определба. Средбата е на иницијатива на лидерот на СДСМ кој зема плата како Претседател на сите граѓани на Македонија, а не се одзва на писмениот повик од над 180.000 граѓани да гласа во врска со територијалната поделба. На средбата се повикани сите тие што беа за бојкот на референдумот. Исклучок е само Груевски, кој единствено гласаше во недела. Дали му е местото во друштво на апстиненти?
Strelec
quote:
Originally posted by трендафил
...На средбата се повикани сите тие што беа за бојкот на референдумот. Исклучок е само Груевски...
А кого друг требало да викне според тебе? Тупурковски? Трајанов? Ѕинго?
lav
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by трендафил
...На средбата се повикани сите тие што беа за бојкот на референдумот. Исклучок е само Груевски...
А кого друг требало да викне според тебе? Тупурковски? Трајанов? Ѕинго?
Јас мислам дека г.Груевски е повикан само за да ја повтори грешката на поранешниот председател на партијата ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер на државата г.Георгиевски , кога ете и без УСУЛ се КРАДЕШЕ но и ГРАДЕШЕ , за разлика од денес кога НИТУ едното но и другото не се прави ...барем не на виделина , како што популарно се нарекува и ТРАНСПАРЕНТНО , разбира се.
трендафил
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by трендафил
...На средбата се повикани сите тие што беа за бојкот на референдумот. Исклучок е само Груевски...
А кого друг требало да викне според тебе? Тупурковски? Трајанов? Ѕинго?
quote:
Според А1: На собирот покрај претседателот Црвенковски, присуствуваат премиерот Хари Костов, Радмила Шекеринска и Никола Ќуркчиев од СДСМ, Али Ахмети и Муса Џафери од ДУИ, Арбен Џафери и Мендух Тачи од ДПА Абдулменаф Беџети од ПДП, Неждет Мустафа како претставник на помалите партии на етничките зедници, американскиот амбасадор во Македонија Лоренс Батлер и специјалниот претставник на ЕУ Микаел Салин.
Што би рекле со еден збор, тие што „ороспијски“, со бегање од бојното поле победија на референдумот. Ако присуствува Неждет Мустафа зошто да не присуствува и Љубисав Иванов-Ѕинго. Зошто не и Стојан Андов ако таму е Беџети од ПДП која има помалку пратеници од ЛП. Зошто не и Пенов од ЛДП. Или бројот на македонски партии треба да биде ограничен на само две, а бројот на малцинските партии да се зголеми двојно во однос на Рамковните два потписа. Не сме ли ние што излеговме на референдумот малцинство. А не има доста повеќе (и тоа само полнолетни што гласале) отколку што предвидува цензусот (20%) според рамковната. Дали ние (што гледаме назад според напредните од УЧК и нивните коалициони партнери) сме праведно застапени како државни службеници, на пример? Зошто не беа повикани (да присуствуваат, не мораа да потпишуваат) и другите двојца потписници на Рамковната, Имери и Георгиевски. Мене оваа средба ми личи само на прослава поради победата што ја извојуваа тие што сега се во Охрид. П.С.: За мене беше навреда и честитката што по повод референдумот Солана ја упати до сите па и до мене поради резултатите од референдумот. Затоа што јас бев на страната што изгуби, па не сакам некој да ми честита пораз. Да речеше дека поради ваквиот исход сме станале (барем) кандидат за членство во ЕУ, и јас би се чувствувал како победник. А потчукнувањето по рамо не го сметам како награда. Напротив, мислам дека е подигрување.
intel MISIRKOV!! Бидејќи темата за неуспех на референдумот затворена ќе се надоврзам овде.
quote:
ПРЕПОРАКА ОД ОПОЗИЦИСКИТЕ ЛИДЕРИ Најдобро е Тодор Петров да замине во Австралија Откако не успеа референдумот, за тебе е најдобро да заминеш во дијаспората. Добро е да одиш кај Македонците во Австралија. Ваков совет добил претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, од неколку лидери што беа членови на Координативно тело за спроведување на референдумот, дознаваме од партиски извори. Петров побарал средба со Љубчо Георгиевски, но бил одбиен, по што се сретнал со претседателката на ВМРО-народна, Весна Јаневска. Тој ја уверувал Јаневска дека не треба да се прифаќаат референдумските резултати објавени од Државната изборна комисија. Неговиот предлог не бил прифатен. Претседателот на СМК бил советуван да се жали до надлежните органи ако е уверен дека е извршен фалсификат, бидејќи тој е официјалниот преставник на референдумот. Разидувањето меѓу Петров и лидерите на опозициските партии се случи во неделата по завршувањето на гласањето и објавувањето на првите резултати. Тодор Петров имаше намера да објави дека резултатите се лажирани од власта и барал зад таквиот став да застанат сите партии поддржувачи на референдумот, но тие го одбиле. (М.Ј.) Navistina mi se gadi!
ГРУЕВСКИ И НЕГОВОТО ДРУШТВО СИ НАПРАВИЈА СКОПСКА СРЕДБА ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ДЕКЛАРАЦИЈАТА, НА НЕА СЕ СЛУЧИ ИНЦИДЕНТ Не ни требаат нови охридски договори, вели македонската опозиција, затоа декларацијата ја потпишуваме во Скопје, потврдувајќи го нашиот евроинтеграцискиот курс. Сепак од 28 поканети потписници на декларацијата, отсуствуваа и ВМРО –Народна, Светскиот македонски конгрес и други. Присуствуваа само 20, 19 за потпишување и еден за промоција и протест. Љубиша Настовски од Македонските обединети сили, демонстративно ја пречкрта и изгужва декларацијата. Со потпишувањето на декларацијата покажуваме дека сме обединети за Европа, како и секогаш до сега, но оваа декларација не е ништо ново, тврдат опозициските лидери. Најголем удел во нивното отсуство во Охрид, според нив има претседатело Бранко Црвенковски. ---Ме мрзи сега да ги барам постовите кога на некои сезнајковци овде им обрнував внимание дека опозицијата ќе ја заебе работата.Го искористи Петров за партиски цели и го испартизира референдумот.Да си ја водеше Петров целата работа со граѓанаската иницијатива се ќе беше сега поинаку.Не да апстинираат 1.200.000 кога е Дпмне и останатите пацери во прашање туку и тоа е малку. Од деструктивни клошари без никаква моќ не ни можеш да очекуваш нешто повеќе од обиди за паралелни декларации,влади, а тоа е ништо друго освен дејствување во правец на зајкнување на позицијата. Сакале ние или не ама реалната слика е таа.Колку има право оваа јадна опозиција да се повикува на тоа дека 25% граѓани ја подржале на референдумот гласјќи ЗА толку има прво власта да каже дека 75% се одлучиле да ја подржат и да апстинираат + сите релевантни меѓународни фактори-факт кој не може да се запостави освен ако некој не сака да се прави луд со сила.
lav Апстиненцијата е ЛЕГАЛАНА НО И ЛЕГИТИМНА , само ако е индивидуална и поединечно искажана. А во случај кога во таа и таква „игра„ ќе се впрегне целиот државен апарат на чело со неговите команданти од секаков сој , тогаш апстиненцијата преоѓа ДИРЕКТНО во НАСИЛИЕ ВРЗ ВОЛЈАТА НА ПОЕДИНЕЦОТ , секако да не смее да ја искаже својата волја со гласање-независно дали е тоа искажано со ЗА или ПРОТИВ. пс Во држава во која НИКОЈПАТ не се знае ТОЧНИОТ БРОЈ НА ИЗБИРАЧИ и неможност од ЈАВЕН УВИД на ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК (кој може ДИК да го презентира во pdf на својот web site во секое време за јавен увид) во кој фигурираа(т) многу мртви (а некои и со децении) души , земање на лични карти за „проверка„ пред ГЛАСАЊЕТО , масовно повикување на „дежурства„ токму на денот на гласањето и други и за мали деца разбирливи начини за ПРИТИСОК , тогаш се е однапред ЈАСНО. Ако некому не е ЈАСНО , Јас муу препорачувам престој во природа и потполн мир , секако не и на Шар Планина или негде во околината на Дебар.
трендафил Вчера неместо една добивме две декларации. Една во Охрид на сите парламентарни меѓународната заедница, албански партии и на коалицијата „ЗА Македонија заедно“, односно помалите малцинства и СДСМ и ЛДП. Друга во Скопје на опозицијата. Всушност Црвенковски и Груевски си организираа баци рака, односно се обидоа да се крунисаат како лидери на едниот и другиот блок. Тоа беше суштината. Иначе ниту едната, ниту другата декларација нема да не приближат до ЕУ и НАТО. За кратко време ќе ни биде јасно дека ниту референдумот не го направи тоа. Затоа е глупав билбордот ЕВРОПА СЕГА ИЛИ НИКОГАШ, затоа што на сите ни е јасно дека во Европа (без виза) сигурно нема да одиме сега ниту во блиска иднина. А тоа не значи НИКОГАШ. Еден од условите е и власта помогната од странци да не повикува на апстиненција на референдум. Билбордот можеби не е глупав, но тогаш сигурно е наменет на такви или смислен од не многу умен човек. Како е можно лидерот на СДСМ Црвенковски да каже дека Рамковната е готова, одиме во Европа. Само мекедонската страна ги има исполнето сите обврски од Рамковната (дури и две отповеќе - Тетовскиот државен универзитет и доброволен пораз со 3:0 во територијалната поделба). Иначе ниту сите бегалци неалбанци не се вратени во своите домови, ниту албанците се разоружани. Кој ќе овозможи на пример чесни избори во Кондово. Ако тие меѓу себе се убиваа, како македонската опозиција (сега кога сите албанци се здружија со бранковистите) ќе спречи уфрлање на ливчиња во Кондово и благодарејќи на изборна кражба Пенов (на пример) да не стане градоначалник до Групчин (западната граница на главниот град).
quote:
Љубиша Настовски од Македонските обединети сили, демонстративно ја пречкрта и изгужва декларацијата.
Една од заложбите на Македонските обединети сили е одвојување на Ѓорче Петров од Скопје (за да се избегне двојазичноста и таму). Тој не ја потпиша декларацијата на Груевски (слична на таа од Црвенковски), затоа што во неа капитулацијата (Рамковната спогодба) се возвишува до ниво на фетиш. За тоа (Рамковната) рече дека е предавство, а не за тоа дека треба да одиме во ЕУ. Идејата на МОС е интересна, посебно ако општина Центар на пример (а на тоа има право секоја единица на локалната самоуправа според Европската конвенција) побара одвојување од градот Скопје за да не биде двојазична (по новата поделба Центар е скоро етнички чиста македонска општина). Дали тогаш Собранието (што е во општината Центар) ќе биде двојазично или ќе го селат во Кондово? Што ако и другите општини со мнозинство македонци побараа одвојување од градот Скопје. Можно ли е во градот да останат само Сарај и Кондово?
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Вчера неместо една добивме две декларации. Една во Охрид на сите парламентарни меѓународната заедница, албански партии и на коалицијата „ЗА Македонија заедно“, односно помалите малцинства и СДСМ и ЛДП. Друга во Скопје на опозицијата. Всушност Црвенковски и Груевски си организираа баци рака, односно се обидоа да се крунисаат како лидери на едниот и другиот блок. Тоа беше суштината. Иначе ниту едната, ниту другата декларација нема да не приближат до ЕУ и НАТО. За кратко време ќе ни биде јасно дека ниту референдумот не го направи тоа. Затоа е глупав билбордот ЕВРОПА СЕГА ИЛИ НИКОГАШ, затоа што на сите ни е јасно дека во Европа (без виза) сигурно нема да одиме сега ниту во блиска иднина. А тоа не значи НИКОГАШ. Еден од условите е и власта помогната од странци да не повикува на апстиненција на референдум. Билбордот можеби не е глупав, но тогаш сигурно е наменет на такви или смислен од не многу умен човек. Како е можно лидерот на СДСМ Црвенковски да каже дека Рамковната е готова, одиме во Европа. Само мекедонската страна ги има исполнето сите обврски од Рамковната (дури и две отповеќе - Тетовскиот државен универзитет и доброволен пораз со 3:0 во територијалната поделба). Иначе ниту сите бегалци неалбанци не се вратени во своите домови, ниту албанците се разоружани. Кој ќе овозможи на пример чесни избори во Кондово. Ако тие меѓу себе се убиваа, како македонската опозиција (сега кога сите албанци се здружија со бранковистите) ќе спречи уфрлање на ливчиња во Кондово и благодарејќи на изборна кражба Пенов (на пример) да не стане градоначалник до Групчин (западната граница на главниот град).
quote:
Љубиша Настовски од Македонските обединети сили, демонстративно ја пречкрта и изгужва декларацијата.
Една од заложбите на Македонските обединети сили е одвојување на Ѓорче Петров од Скопје (за да се избегне двојазичноста и таму). Тој не ја потпиша декларацијата на Груевски (слична на таа од Црвенковски), затоа што во неа капитулацијата (Рамковната спогодба) се возвишува до ниво на фетиш. За тоа (Рамковната) рече дека е предавство, а не за тоа дека треба да одиме во ЕУ. Идејата на МОС е интересна, посебно ако општина Центар на пример (а на тоа има право секоја единица на локалната самоуправа според Европската конвенција) побара одвојување од градот Скопје за да не биде двојазична (по новата поделба Центар е скоро етнички чиста македонска општина). Дали тогаш Собранието (што е во општината Центар) ќе биде двојазично или ќе го селат во Кондово? Што ако и другите општини со мнозинство македонци побараа одвојување од градот Скопје. Можно ли е во градот да останат само Сарај и Кондово?
Не е можно тоа да се оствари....а единствената за мене видлива причина би била (оставам можност и други да ги кажат своите причини) : А КОЈ ЌЕ (им) ГИ ПЛАЌА ТОГАШ СМЕТКИТЕ , а ???