Информативните медиуми
Информативните медиуми
трендафил Имам впечаток дека информирањето во Македонија на македонски јазик е под скоро целосна контрола на една партија. Повод за ова ми е соопштението објавено во повеќе гласила за наводното барање од страна на Црвенковски и ЕУ да не признае под уставното име. На пример Утрински весник пишува:
quote:
Како што дознаваме, претседателот Бранко Црвенковски, го покренал прашањето за името пред Солана, порачувајќи му најдиректно дека не е доволно претставници од Брисел само да доаѓаат тука и да нў караат за едно или за друго, бидејќи таквите изјави се контрапродуктивни.
Ниту збор за тоа дека Солана и Црвенковски имаа заедничка прес конференција, на која вакво нешто не беше потврдено. Напротив Солана изјави дека за вакво нешто не станало збор. А ако тврдењето од кабинетот е точно, зошто исто како за прашањето, неофицијално не се соопшти што одговорил Хавијар. Во случајов е јасно дека изворот е од страна на лидерот на СДСМ кој прима плата како Претседател на РМ. Но имам впечаток дека во секој случај кога се работи за анонимни извори, без разлика дали се именувани како дипломатски, од Брисел или каде ли ти не, изворот е еден, СДСМ. Не знам само дали да кажам дека имаат силна пропагандна или силна озборувачка машинерија.
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Имам впечаток дека информирањето во Македонија на македонски јазик е под скоро целосна контрола на една партија. Повод за ова ми е соопштението објавено во повеќе гласила за наводното барање од страна на Црвенковски и ЕУ да не признае под уставното име. На пример Утрински весник пишува:
quote:
Како што дознаваме, претседателот Бранко Црвенковски, го покренал прашањето за името пред Солана, порачувајќи му најдиректно дека не е доволно претставници од Брисел само да доаѓаат тука и да нў караат за едно или за друго, бидејќи таквите изјави се контрапродуктивни.
Ниту збор за тоа дека Солана и Црвенковски имаа заедничка прес конференција, на која вакво нешто не беше потврдено. Напротив Солана изјави дека за вакво нешто не станало збор. А ако тврдењето од кабинетот е точно, зошто исто како за прашањето, неофицијално не се соопшти што одговорил Хавијар. Во случајов е јасно дека изворот е од страна на лидерот на СДСМ кој прима плата како Претседател на РМ. Но имам впечаток дека во секој случај кога се работи за анонимни извори, без разлика дали се именувани како дипломатски, од Брисел или каде ли ти не, изворот е еден, СДСМ. Не знам само дали да кажам дека имаат силна пропагандна или силна озборувачка машинерија.
Јас мислам дека озборувањето е само една од варијациите на пропагандата , живми мајка разбира се.
Strelec
quote:
Originally posted by трендафил
Имам впечаток дека информирањето во Македонија на македонски јазик е под скоро целосна контрола на една партија.
Тотална невистина!
трендафил
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by трендафил
Имам впечаток дека информирањето во Македонија на македонски јазик е под скоро целосна контрола на една партија.
Тотална невистина!
Не велам дека тоа го прават свесно. Само некритички ја објавуваат секоја вест што ќе им се дотури. При тоа не се плашат од опозицијата и кога беше на власт. Исто така се гледа дека работите се менуваат на подобро. Веројатно и тука сме во транзиција. Некритичноста на медиумите ќе ја поткрепам со еден доказ. Сите се сеќаваме дека во времето пред да си ја земеме судбината во свои раце, медиумите често пати пишуваа за разни наводно криминални активности на тогашната власт. Сега ниту еден медиум не врши притисок врз актуелната власт да објасни зошто ниту еден од наводните криминалци не е до сега правосилно осуден.
Strelec Може секогаш да се ’ископаат’ аргументи за една или друга вистина. Меѓутоа, да им се припишува на медиумите дека се под целосна контрола на една партија е нешто што е многу далеку од вистината. Ако се земат телевизиите за пример, освен националната ’Македонска Телевизија’, сите останати во овој момент се опозициски настроени. Не дека сум во можност да ги следам телевизиите (не сум во Македонија), но имам такви информации. Демантирај ме ако грешам. Што се однесува до пишаните медиуми (нив редовно ги следам), освен благо отстапување на ’Утрински Весник’, имам впечаток дека сите останати медиуми во моментов се со антивладино расположение. Од тие причини реков дека исказот претставува ’тотална невистина’! Далеку од тоа дека се медиумите безгрешни и максимално објективни, но уште подалеку е тврдењето дека ’информирањето во Македонија на македонски јазик е под скоро целосна контрола на една партија’!
lav
quote:
Originally posted by Strelec
Може секогаш да се ’ископаат’ аргументи за една или друга вистина. Меѓутоа, да им се припишува на медиумите дека се под целосна контрола на една партија е нешто што е многу далеку од вистината. Ако се земат телевизиите за пример, освен националната ’Македонска Телевизија’, сите останати во овој момент се опозициски настроени. Не дека сум во можност да ги следам телевизиите (не сум во Македонија), но имам такви информации. Демантирај ме ако грешам. Што се однесува до пишаните медиуми (нив редовно ги следам), освен благо отстапување на ’Утрински Весник’, имам впечаток дека сите останати медиуми во моментов се со антивладино расположение. Од тие причини реков дека исказот претставува ’тотална невистина’! Далеку од тоа дека се медиумите безгрешни и максимално објективни, но уште подалеку е тврдењето дека ’информирањето во Македонија на македонски јазик е под скоро целосна контрола на една партија’!
Дека напишаното е сепак делумно (но не и 50:50) ВИСТИНИТО и објективно ќе ти посочам дека (ние кои тука живееме) имаме контролирана „антивладина„ настроеност кај печатот , секако кога тоа им одговара на владетелите и тоа со „шприцање„ на т.н. БЛОК ДОНАЦИИ со пари преку разноразни НВО-а , во даден миг и во селективно одбрани „независни„ и „антивладини„ медиуми. Превише ПРОЗИРНО но и НАИВНО сработено , разбира се НЕ ЗА СИТЕ.
Snake Bite
quote:
Originally posted by lav
Дека напишаното е сепак делумно (но не и 50:50) ВИСТИНИТО и објективно ќе ти посочам дека (ние кои тука живееме) имаме контролирана „антивладина„ настроеност кај печатот , секако кога тоа им одговара на владетелите и тоа со „шприцање„ на т.н. БЛОК ДОНАЦИИ со пари преку разноразни НВО-а , во даден миг и во селективно одбрани „независни„ и „антивладини„ медиуми. Превише ПРОЗИРНО но и НАИВНО сработено , разбира се НЕ ЗА СИТЕ.
Totalna vistina.
трендафил Контрола врз средствата за информирање се прави и преку финансирањето. Кај државните медиуми тоа е јасно и нема да го објаснувам. Кај приватните медиуми тоа се прави преку рекламирањето. Кој ги има парите, тој може да влијае и на уредничката политика на одреден медиум, со тоа што ќе се рекламира или ќе ги повлече рекламите од одреден медиум. А само дузината директори што ручаше со Црвенковски по неговото прогласување за претседател на РМ контролираат повеќе од една третина од македонското производство. Така еден од учесниците на оваа средба, директор на Балкан Стил, кога Сител беше против ВМРО се рекламираше пред дневникот на телевизијата (иако не продава челик во Македонија, посебно не во малопродажба), а откако истата телевизија се сврте против СДСМ рекламите престанаа. А членовите од актуелната власт на чесен начин, а без да платат, станаа сопственици на скоро целото македонско стопанство. Постои и друг притисок. Со стална контрола на разни инспекциски служби, што медиумите ги викаа упади кога тоа го правеше претходната власт. Кој ја плаќа на пример рекламата со текст ЕВРОПА СЕГА ИЛИ НИКОГАШ. И зошто ја плаќа. Дали за да не деморализира дека никогаш нема да влеземе во ЕУ, бидејќи и на слепец му е јасно дека тоа сигурно нема да биде сега. Ако значењето е буквално, ние сме дел од Европа сега и секогаш, па рекламата е нелогична. Или е наменета за луѓе со посебни потреби?
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Контрола врз средствата за информирање се прави и преку финансирањето. Кај државните медиуми тоа е јасно и нема да го објаснувам. Кај приватните медиуми тоа се прави преку рекламирањето. Кој ги има парите, тој може да влијае и на уредничката политика на одреден медиум, со тоа што ќе се рекламира или ќе ги повлече рекламите од одреден медиум. А само дузината директори што ручаше со Црвенковски по неговото прогласување за претседател на РМ контролираат повеќе од една третина од македонското производство. Така еден од учесниците на оваа средба, директор на Балкан Стил, кога Сител беше против ВМРО се рекламираше пред дневникот на телевизијата (иако не продава челик во Македонија, посебно не во малопродажба), а откако истата телевизија се сврте против СДСМ рекламите престанаа. А членовите од актуелната власт на чесен начин, а без да платат, станаа сопственици на скоро целото македонско стопанство. Постои и друг притисок. Со стална контрола на разни инспекциски служби, што медиумите ги викаа упади кога тоа го правеше претходната власт. Кој ја плаќа на пример рекламата со текст ЕВРОПА СЕГА ИЛИ НИКОГАШ. И зошто ја плаќа. Дали за да не деморализира дека никогаш нема да влеземе во ЕУ, бидејќи и на слепец му е јасно дека тоа сигурно нема да биде сега. Ако значењето е буквално, ние сме дел од Европа сега и секогаш, па рекламата е нелогична. Или е наменета за луѓе со посебни потреби?
Oколу плаќањето на рекламите како начин за ПОТКУП (корупција модерно се нарекува) на некој медиум секако селективно избран како АНТИ-владин би сакал да дообјаснам , но и мене да ми се дообјаснат некои „работи„ ...секако мислам дека се однесува само на „упатените„ во тоа форумџии. Кој ја плати ПРОСЛАВАТА на плоштадот за „признавањето„ на нашето уставно име од страна на УСА и колку тоа (не) чинеше ? Никој и ништо не прашува (се мисли на новинарите) но и не се произнесува(ат) по тоа прашање?. Од каде пари во оваа насекаде видлива „сиромаштија„ ..која мене ме подсети на еден од порано познат мислам филм беше викан и ПАНАЃУР на СУЕТИ , односно „успехот„ што е постигнат при ова само предизвика можни идни и неповолни за нас импликации од страна на грчиштата , кобајаги соседи „мили„ наши разбира се. Та нели дури и градоначелникот Пенов НЕ ИМ ДОЗВОЛИ на учесниците на Митингот за референдумот да не го „газат„ луѓето ете „неговиот„ плоштад , со објаснение ДЕКА ПЛОЧКИТЕ НЕ СЕ „ЛЕГНАТИ„ ? И како тие (се мисли на плочките босански) НАЕДНАШ само по 2 дена си „легнаа„ , а??? И никој пак од новинариве не пишува(ше) за тоа ..иако некому и го „бодеше„ в’око , а???