f9 |
Експлозии во Урошевац и Приштина, ранет американски војник
Макфакс
10.11.2004
Американски војник на КФОР и еден минувач се ранети во Урошевац при експлозија на автомобил, за кој се сомневало дека во него се наоѓа бомба, соопшти денеска полицијата на Обединетите нации.
Портпаролот на американскиот контигент на КФОР, мајор Ерик Ларсон, изјави дека до експлозијата дошло синоќа и ранетиот војник не е во животна опасност.
Автомобилот бил поставен во еден трговски центар, неколку часа пред експлозијата. Поради сомнение дека во возилото се наоѓа експлозив, припадниците на полицијата и КФОР го евакуирале и изолирале тоа подрачје.
Американските воени експерт за експлозив го испитувале возилото кога дошло до експлозијата.
Портпаролот на полиција Рефки Морина соопшти дека едно лице е уапсено. Во друг инцидент, граната експлодирала синоќа во приштинската населба Арбирија, во близина на Министерството за здравство. Повредени се две жени, од кои едната е во тешка состојба.
|