Гимназијалки се избоделе со нож
Гимназијалки се избоделе со нож
a-pin-dim КРВАВА ТЕПАЧКА ВО СКОПСКАТА ГИМНАЗИЈА "КОЧО РАЦИН" Гимназијалки се избоделе со нож Причина за расправијата било тоа што претходниот ден Е.Ј., И.Р.и М.Т. не им дозволиле на останатите ученички да влезат во гимназијата бидејќи доцнеле повеќе од 10 минути на првиот час, па другиот ден тие дошле со [img]http://www.vest.com.mk/images/{50061C14-56DC-447E-81A5-ECC9370A7B16}_skolo-2.jpg[/img] Три гимназијалки од гимназијата "Кочо Рацин" во скопската населба Ѓорче Петров завчера биле прободени со нож во масовна тепачка со други гимназијалки. По тепачката повредените ученички биле пренесени во Воената и во Градската општа болница каде што им била укажана лекарска помош. За инцидентот била известена и полицијата која извршила увид и по целосното расветлување и документирање на случајот ќе бидат преземени соодветни законски мерки против ученичките. Според информациите на полицијата, инцидентот се случил околу 9,30 часот кога дошло до расправија меѓу А.Ј. (15), А.Ц. (18), И.Р (18), С.Т. (15) и С.Б. (16), од една страна, и М.Т. (17), Л.С. (17) и Е.З. (16), од друга страна. Причина за расправијата било тоа што претходниот ден Е.Ј., И.Р.и М.Т. не им дозволиле на останатите ученички да влезат во гимназијата бидејќи доцнеле повеќе од 10 минути на првиот час. Изреволтирани од тоа што професорите ги запишале во дневниците, ученичките на кои не им било дозволено да влезат во гимназијата одлучиле да им се одмаздат на дежурните од претходниот ден. Завчераутрото дошло до средба меѓу нив, при што, по кусата караница, почнала и жестока тепачка во училишниот двор. Се мавало со клоци и тупаници, а во еден момент од тепачката С.Т. и А.Ј. ги извадиле ножевите што ги носеле со себе и почнале безмилосно да ги бодат своите соученички. Според информациите на полицијата, повредени биле М.Т., која била повредена во колкот, И.Р. во ногата, а најдебелиот крај го извлекла Е.Ј., која била повредена во грбот, стомакот и во ногата. Додека траела тепачката, некој од учениците ги информирал професоруите кои веднаш се симнале во дворот и успеале да спречат да дојде до поголем инцидент. Во меѓувреме, додека професорите им помагале на повредените ученички, двете ученички напаѓачки побегнале од училишниот двор. Била повикана и полицијата која по кусо време пристигнала во училиштето. Веднаш по настанот, директорот на гимназијата свикал вонреден состанок и било договорено да се преземат соодветни мерки со цел превентивно да се дејствува на учениците во иднина да не преземаат вакви дејства. Повикани биле и родителите на ученичките, при што биле информирани за настанот и било договорено да бидат преземени построги мерки кон нивните деца. Како што не информираше директорот Величе Цветановски, наставата во гимназијата се одвива нормално, но вчера двете ученички кои со нож ги повредиле трите гимназијалки не се појавиле во гимназијата.
StormAngel Zalno.
Snake Bite So,wath?
tincheto nelae um tie
ohriganka
quote:
Originally posted by Snake Bite
So,wath?
sto sakas da kazes? [8)]
SpaceLily ubo naprajle bogami ko nemale tri grama mozok
The_Crow Abe devojkite si gi branele pravata, ednata mislela deka e vo pravo drugata isto taka mislela deka e vo pravo i nastanal sudir e sea sto posegnale po nozevi e toa za devojkite kazuva nekoja nova evolucija. Epa decki pazete so kakvi iskacate i so kakvi se druzite oti od zena pogolemo zlo nema ke izvadi noz i ke te sredi za vek i vekov
NARCIS` u toa skolo od uvek imalo incidenti so zenski
OooOo ОУ Д-Р ТРИФУН ПАНОВСКИ, БИТОЛА Осмоодделенка со нож пробола соученик Осмоодделенка во битолското основно училиште "Д-р Трифун Пановски" била осомничена дека со нож пробола соученик, кој ја навредувал. Полицијата против О.И. (14) од Битола поднесла пријава за загрозување со опасно орудие во тепачка или караница. Полициската истрага утврдила дека немилиот настан се случил во ноември, во холот на училиштето, за време на училишниот одмор. Во критичниот ден О.И. почнала кавга со Л.Ј. (13) бидејќи тој претходно ја навредувал. Во еден момент Л.Ј. го извадила ножот што го носела во џебот и го пробола во левата потколеница. (Д.В.)
123 Malku se izgubiv so inicijalite... Devojcinjata se bockale... :)