Stipjaneto!!!
Stipjaneto!!!
AaaAa МИТРОВДЕНСКА СРЕДБА НА НАУЧНИЦИ ВО ШТИП Стотина штипски доктори на науки распрснати низ светот На Денот на ослободувањето на градот 8 Ноември, веќе трета година во Штип се собираат штипските научници, од кои најголемиот број живеат и творат во странство, а ги има од сите области и сфери, од политиката до с Стотина штипјани ја добиле титулата доктори на науки и, според бројот на жители, Штип е убедливо град со најмногу доктори на науки во Македонија. Ги има од сите области и сфери, од политиката до спортот. Некои се признати доктори на науки уште на крајот на 19 век, најмногу по Втората светски војна до осамостојувањето на Македонија, а листата на штипски надежни научници се продолжува до денес. Во Штип единствено нема доктор по музички науки, иако градот важи за еден од најмузичките во Македонија и пошироко. Веќе трета година во градот под Исарот, на 8 Ноември кога е Денот на ослободувањето на Штип, во организација на народната библиотека "Гоце Делчев" се одржува традиционалната митровденска средба на докторите на науки. Првата година средбата започна со изложба на фотографии и научни трудови на штипските доктори на науки. Втората година беа претставени најмладите докторки на науки - Драгица Зенделовска по хемија и Наташа Атанаскова по молекуларна биологија. Оваа година беше претставен младиот научник Панче Наумов, кој сега живее и твори во Јапонија. В година, најверојатно, ќе бидат претставени Татјана Кадифкова - Петровска, која деновиве стана првиот доктор по токсикологија, а можеби и Владо Гичев, кој во САД неколку години работи на докторската дисертација од областа на земјотресната сеизмологија. "Драгица Зенделовска, мојата ќерка, сега е некаде во странство. Ветив дека нема да кажам каде е, но таа е вклучена во многу проекти и како млад и перпсективен научник странците ја бараат", вели таткото Никола Зенделов, кој за својата ќерка додава дека е вработена на Медицинскиот факултет во Скопје како асистент на Институтот по фармакологија. Деновиве треба да излезе од печат книгата "Анализирање на траги од елементи и органски соединенија" од неа и од професорката Илинка Спирова, професор на ПМФ во Скопје. Ракописот е наменет за учебник по предметот анализа на траги за постдипломците, а дел од содржините ќе ги користат и студентите од четврта година. Наташа Атанаскова можеби е најмладиот доктор на науки. Докторираше на неполни 25 години во САД. Во нејзинииот дом во Штип ја немаше, бидејќи повторно заминала за Минесота каде што работи во најугледната клиника. Нејзините родители Лилјана и Ристе Атанаскови велат дека таа и натаму работи на научните испитувања на полето на молекуларните биолошки и други здравствени проблеми и појави на ракот на дојката, на што Наташа и докторирала. Родителите воопшто не и се мешаат во нејзините животни и работни определби, но тие не веруваат дека Наташа ќе се врати од Америка, иако пред извесно време имала разговори во Скопје со раководителите на Клиниката зе хематологија. На третата по ред митровденска средба на докторите на науки овој месец се претстави новиот доктор по хемиски науки, младиот научник Панче Наумов. 29-годишниот Наумов докторирал во Јапонија, откако претходно дипломирал на ПМФ со просечна оценка 9,94. Факултет не направил ништо за да го задржи. Наумов нешто подоцна успеал да воспостави контакт со еден од најпознатите институти во светот од оваа област, Институтот за технологија во Токио. Откако Јапонците и самите се увериле дека се работи за млад надежен човек со голем научен потенцијал, по препорака на еминентниот научник Јуџи Охаши, Наумов, без вообичаениот магистерски степен, бил примен на докторски студии на овој познат институт. Младиот македонски научник, како член на елитниот центар за научници во Цукуба - еден од водечките научни инситуции во светот, сега е носител на неколку значајни проекти, тешки повеќе милиони јени, и раководи со новата лабораторија за испитување на ултрабрзи феномени во цврста фаза со методата на временска разделена рендгенска дифракција и со примена на синхротронско зрачење, проект спонзориран од јапонската влада. Наумов, истовремено, работи и во Институтот за високи енергии - фабрика за фотони во Јапонија. Првиот ментор на Панче Наумов професорот на ПМФ во Скопје Глигор Јовановски истакнува дека полето на кое сега работи во Јапонија неговиот студент е многу суптилно и по своето значење влегува во финесите на структурата на материјата која, како што е познато, е изградена од атоми и различни видови молекули. "Со оглед на тоа што во нашата земја не е можно да се вршат такви видови истражувања, нашите млади луѓе својата можност и шанса ја бараат во другите развиени земји. Тоа е наш стар проблем. Во принцип, добро е нашите кадри да одат во светот, но не значи дека тоа треба да се прави неограничено. Државата, за жал, не одвојува доволно средства за наука, па, меѓу другото, и на тие млади луѓе кои завршиле и докторирале во светските центри да им овозможи кога ќе се вратат назад, да имаат опрема за да можат да ги продолжат нивните истражувања. Кога е така, подобро е што тие, сепак, некаде ја продолжуваат својата научна работа, но државата мора да создава услови и да го спречи одлевањето мозоци. Затоа, таа мора да го смени својот однос кон научната работа", вели Јовановски. Дел од штипскиот високообразовен и научен кадар изразува незадоволство од третманот од градот каде што се родиле, па дури и од државата во која живеат. Изјавуваат дека згрешиле што досега како научен кадар не заминале во странство. Дел од нив дури имале и адекватни покани да го сторат тоа, да работата во тамошните научни институти, но одлучиле да останат во Македонија. Доктор Никола Камчев, доктор по медицински науки, е еден од 20-темина доктори на науки во оваа област што ги дал Штип, но денес е единствениот доктор по медицински науки кој живее и работи во градот под Исарот. "Иако навлегов во години, ако ми се укаже шанса ќе заминам во странство. За градот дадов многу, но Штип малку даде за мене и за моето семејство. Од Штип сум многу разочаран", вели Камчев, долгогодишен доктор во трансфузиологијата, кој работниот век го поминал работејќи на поголема превентива од вирусните инфекции. Всушност, и неговата докторска тема е "Трансфузиолошки детерминанти и односи кај хепатитис Ц-вирусна инфекција". *** Првиот штипски доктор на науки од крајот на 19 век Првите од плејадата штипски доктори на науки својот научен живот го започнале уште од крајот на 19 век. Во Штип се родија и денес се признати повеќе доктори на науки родени во тоа време. На пример, академик Јосиф Ковачев е роден во 1839, а починал во 1898 година. Па докторите по филозофски науки Љубомир Милетиќ (1863-1898) и Тодор Павлов ( 1890 -1976). Или докторот по филолошки науки Тодор Маневиќ творел во периодорот од 1910 до 1991 година, а речиси во истиот период научно творел и професорот Мустафа Шанатлар ( 1928 ). По стапките на својот брат тргнал и Ферхат кој стана доктор по економски науки. Негов современик, но во сосема друга област - метеорологијата, бил доктор Ангел Лазаров , како и неговата врсничка Павлина Михајловска која станала доктор по географски науки Пред тоа, повозрасниот Емануел Чучков ( 1901-1967) е првиот штипски доктор по географски науки. По нивните стапки тргнуваат и голем број други шипјани. Педесетина од нив се доктори по филозофски, филолошки и по технички науки. Некои станаа доктори и во ретките струки и области. Така, доктор по ветерина стана Михаил Данев, кој со долгодишното учество во политиката во негово време можел да докторира и на политичките науки. Но на полето на политичките науки и социолошката екологија се обидел и успеал доктор Ристе Љуботенски кој како магистер по марксизам денес со својот бизнис во винарството е даелку од неговата докторска определба. Други штипјани се определија во сосема други области. Така академик Михајло Апостолски ( 1905-1987) е првиот доктор по воени науки. Академикот Јордан Поп Јорданов ( 1925) е првиот доктор по електротехнички науки. Никола Кљусев и Александар Грличков се меѓу првите доктори по економски науки, Ванче Стојчев е првиот доктор по социолошки науки, потоа доктор Коста Балабанов е првиот историчар на уметноста, а неговиот чичко Александар Балабанов (1879-1955) е меѓу првите доктори по филолошки науки. Панче Караѓозов (1905-1971), чие име денес го носат неколку здравствени донмови во Републиката, е прв доктор по медицински науки. Иван Савев е меѓу првите доктори по архитектонски науки, а Борис Симеонов по градежни науки. Академикот Ацо Шопов и доктор Баже Китанов, кој докторираше токму на делото на големиот поет, се определија за книжевноста. Стојан Трниниќ - Нанче е првиот доктор по физичка култура и спорт. *** РУДАРСКО-ГЕОЛОШКИОТ И ПЕДАГОШКИОТ ФАКУЛТЕТ НОСИТЕЛИ НА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКАТА ДЕЈНОСТ 18 доктори на науки, од кои поголемиот дел се редовни професори на Рудрско-геолошкиот факултет, се главните носители на научно-истражвачката дејност во Штип и пошироко. Преку темпус фаре програмата и други проекти од Европската унија РГФ од Штип по многу оценки отиде најдалеку во осовременувањето на наставно-научната работа и нејзиното приближување до современото европско и светско високо образование. Научниот труд од областа не геомагнетизмот на професор Тодор Делипетров, прв доктор по геофизика, деновиве е на јавна презентација во Токио, а професор доктор Тодор Серафимовски со руски научници работи на подготвување на металогенетски карти на Македонија. Свои посебни трудови од рударството и геологијата имаат и другите професори на овој факултет. На вториот штипски факултет, Педагошкиот каде што, исто така, има 10-ина доктори на науки, неодамна докторираа и доктори по педагошки науки станаа Емилија Петрова - Горѓова и Снежана Мирасчиева, а деновиве магистер Владо Петров ја одбрани докторската дисертација на тема "Етничноста како фактор за образование во Република Македонија". На овој факултет професор по музичко воспитување е доктор Жан Колев, инаку струмичанец. Тоа е единствената област во која не докторирал некој штипјанец, иако Штип важи за еден од најмузичките градови во Републиката. Тодор Јовановски
deni se e dzabe , shtip nema sportska sala [8D] a inache Vancho takozvani Zan Kolev go znam mn. dobro sin mu mi beshe skolski . teshok seljak e
ozonce abe moze nemaat sports sala ama imaa ubavi momi... dobro sea ne poubavi od strumichanki ama ubavi :) dime znaesh li edna ubava moma od Shtip uche u skopje i ode sekoj vtornik i petok na fakultet, a u slobodno vreme e prezenterka na proizvodi. Ima bebeshko lice :) i krupni zeleni ochi... mnogu jako mome :)
a-pin-dim
quote:
Originally posted by ozonce
abe moze nemaat sports sala ama imaa ubavi momi... dobro sea ne poubavi od strumichanki ama ubavi :) dime znaesh li edna ubava moma od Shtip uche u skopje i ode sekoj vtornik i petok na fakultet, a u slobodno vreme e prezenterka na proizvodi. Ima bebeshko lice :) i krupni zeleni ochi... mnogu jako mome :)
Da ja vidam sigurno ja znam ... prezenterka za cigari li e?