Македонско/Руски бракови
Македонско/Руски бракови
OooOo Македонци ќе се женат за Сибирки Убавите Русинки ќе ги усреќат македонските беќари и ќе го вратат животот во нашите замрени села Во Русија има многу немажени девојки, кои наскоро би можеле да најдат дом кај ергените во македонските села. Сојузот на здруженијата за македонско-руско пријателство, со благослов на битолскиот владика Петар и во согласност со рускиот амбасадор во нашава земја, Агарон Николајевич Асатур, ќе ја почне акцијата за склопување бракови помеѓу Македонци и Русинки. Претседателот на овој сојуз и координатор на акцијата, битолскиот професор Пеце Гаштаров, објаснува: - Ќе се обидеме да почнеме во градот Тула, кој се наоѓа на 150 километри од Москва. Во Битола е мажена една Русинка од тој град и таа ќе ги искористи своите врски во своето родно место. Ќе биде вклучен и градот Иваново, град на текстилот. Таму има дури шест жени на еден маж. Подоцна во акцијата ќе вклучиме и други градови од внатрешноста на Русија, а особено од Сибир, каде што има многу немажени жени. Во Македонија први на ред се ергените од битолските села Буково, Цапари, Бач и Могила, на кои женачката навистина им претставува животен проблем. Потоа ќе дојдат други градови и села од Македонија. Делегација на Сојузот до Нова година ќе отпатува во Тула и Иваново за да ги почне активностите. Пред три години, иницијативата ја поведе владиката Петар. Неодамна идејата ја поддржал амбасадорот Асатур. Се согласија и женските организации од Битола. Гаштаров е голем оптимист и вели: - Мислам дека интересот ќе биде голем и кај Русинките и кај Македонците. Традиционално, браковите помеѓу Русинки и Македонци се среќни и хармонични. Време е да се врати животот во запуштените македонски села, каде што плачот на бебињата оддамна замре.
Mufla
quote:
Originally posted by GoDsHaNd
Jas mislam deka na prvo mesto treba da se stavat ohrigjani, zoshto gzeto na ohrigjanki im seta nadvor od gradot, najvekje vo skopje i vo okolnite sela kako bitola, prilep, stip, kavadarci i slc...
ne jadi pilevina.
GoDsHaNd Jas mislam deka na prvo mesto treba da se stavat ohrigjani, zoshto gzeto na ohrigjanki im seta nadvor od gradot, najvekje vo skopje i vo okolnite sela kako bitola, prilep, stip, kavadarci i slc...
The_Crow Odlicno bas se cudev koga do ova ke dojde jas sum prv za zezenje epten gi obozavam toa rusinkite da pominat i nakaj nas malce i kaj nas ima beter luge za zenenje :)))
SpaceLily
quote:
Originally posted by Mufla
quote:
Originally posted by GoDsHaNd
Jas mislam deka na prvo mesto treba da se stavat ohrigjani, zoshto gzeto na ohrigjanki im seta nadvor od gradot, najvekje vo skopje i vo okolnite sela kako bitola, prilep, stip, kavadarci i slc...
ne jadi pilevina.
Da jadeshe pilevina ubo ke beshe[:D]
fio
quote:
Originally posted by Mufla
quote:
Originally posted by GoDsHaNd
Jas mislam deka na prvo mesto treba da se stavat ohrigjani, zoshto gzeto na ohrigjanki im seta nadvor od gradot, najvekje vo skopje i vo okolnite sela kako bitola, prilep, stip, kavadarci i slc...
ne jadi pilevina.
Во право е човекот.
darkjesus pa ohrigani i najmnogu shansi imeT[:)] normalno koga nekoja bi birala bi doshla pokraj vakva ubavina a ne vo nekoe selo[:)] i toa ohriganki vi gi pustame od 2 pricini prvo grdi se:) vtoro da vi pokazat kaj e vistinskata ubavina(ohrid)[;)] imeno fio :) mnogu cesto e vo ohrid poslednive 2 godini nego prethodno
OooOo Триста наши ергени ќе добијат шанса Русинките на пролет ќе дојдат на бендисување во Битола Досега околу 300 Македонци изразиле желба и побарале контакт за да се женат за Русинки, по неодамна почнатата акција за склучување бракови помеѓу жени од Русија и ергени од македонските села. Претседателот на Сојузот на здруженијата за македонско-руско пријателство, Петар Гаштаров, претседателот на битолското здружение Драган Романски и Светлана Петковска од Организацијата на жените во Битола веќе ја составуваат содржината на "неделата на бендисот" помеѓу руските дами и македонските беќари, која треба да се одржи пролетва во Битола. - Повеќемина хотелиери, спонзори, беќари и жени-активистки се заинтересирани во Битола да дојдат педесетина девојки од Русија. Тие овде ќе се задржат една недела, ќе ги разгледаат убавините на битолскиот крај, ќе се сместат во македонски семејства за да ги почувствуваат гостољубивоста и амбиентот, но и да се сретнат со кандидатите-беќари од Македонија. Во таа недела на бендисот ќе се иницираат првите бракови - велат иницијаторите. Гаштаров вели дека заинтересирани за женидба се јавувале секојдневно и барале да бидат вклучени во акцијата. Се подготвуваат видеоснимки од битолските села Буково, Могила и Цапари, кои ќе им се прикажат на кандидатките. Делегација на Сојузот ќе отпатува во Русија за да ги почне и конкретните активности. Покрај благословот од владиката Петар и согласноста од рускиот амбасадор во Македонија Агарон Асатур, деновиве акцијата целосно ја поддржа и Здружението за демографски развој на Македонија. Владиката Петар го задолжил отец Цветан, кој раководи со буковската парохија, да ги избере првите десет од седумдесетината беќари во битолското село Буково. Тие да не се постари од 35 години, да се вработени или да имаат обезбедена егзистенција и услови за живот. Со нив ќе почне да се спроведува овој проект, бидејќи првите десет невести од Русија ќе се мажат за нив.
dbk Барем ке земаат убави жени, поубаво здравје