Fiskalna Smetka? | |
OooOo | Ovoj topik [url="http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=7528"]tuka[/url] me natera da ga otvoram ova glasanje. Dali redovno barate da vi bide izdadena fiskalna smetka za nekoja usluga? |
TAJCI74 | Glasav za ako mi tekne za fiksalna smetka,a so nemi teknuva toa e druga rabota[:D] ako dadat dadat, ako ne ne[8D].... |
Strelec | Читав утрово коментар во ’Утрински Весник’ во кој што се вели дека со предложените измени на законот, потрошувачите во просек годишно ќе добијат по 15.000 денари ако приложат фискални сметки. Имено, имало големи шанси да успее идејата според која на граѓаните во идната година ќе им се враќа по 15 отсто од платениот ДДВ од секоја фискална сметка што ќе и ја приложат на Управата за јавни приходи. Тоа би почнала да се применува од 1 јануари. |
RaGeAnGeL | 90% od narodot ne sakase fiskalna smetka....zaso ne znam...barem taka bese jas dur rabotev ohrid |
Snake Bite | quote:A dali veruvate vo toa?Bi sakal da e taka,daj boze na 100000 den. na krajot od godinata da me osvezat so 15000 den.ne e losho.Ama ne im veruvam,pak e nekoja laza.I plus toa DDV-to ne e isto za sekoj proizvod ke najdat pak nekoja finta na koja ke ne zeznat. A be koj bil kar od drzava...? |
GoDsHaNd | quote:Abe aj ne zaebaaj |
DonVito | Am Sigurno ne ke baram fiskalna smetka koa ke odam vo gradsko WC :D |
NARCIS` | da zasto da ne toa e za nase dobro. |
StormAngel | Ako dadat,ja zemam...ako ne dadat,ne mu ja mislam mnogu i si odam. Na nivna sovest neka e.[;)] |
SpaceLily | Sho barash vo gradsko WC ne te berit domati da kenjash? I da se nadovrzam na temava....Retko baram smetka ama to od nemukaet zaboravam zato inace ubo e da se davet smetki vamu za edna mastika smetka ako ne dadat moze da im zatvorat prodavnica.Sega i vo nokni klubovi davet abe segde davet. |
OooOo | Jas baram fiskalna smetka obavezno da mi bide izdadena. |
The_Crow | Fiskalna smetka e korisno da se zeme. ve za primer pred da sednam da go pisuvam sevo ova bev vo trafika i kupiv vesnik i coekot sto prodavase vesnici mi dava fiskalna smetka se nasmeav i ja zemav smetkata. Na takov nacin vo golema mera ke se namali sivata ekonomija i plus toa na toj nacin si se stitat samite organizacii od upravata za javni prihodi. Ako me mene prasate dali da ili ne za fiskalnite smetki jas sum za |
dbk | quote:Pak stavija trafiki be u centar[?]Koga be neli gi turnaa[?][:D] |
intel | quote:Нема врска колку е,дали е 5,18 или 19%.Ќе се враќа 15% од износот на ддв по производ.Капиш?? 05% од 100ден =05ден... 15% од 05ден =0.75ден 18% од 100ден =18ден... 15% од 18ден =2.70ден 19% од 100ден =19ден... 15% од 19ден =2,85ден Ехеее до 15.000 денари има да собирате сметки една торба. За да добиеш 15000 денари назад ти треба да собереш сметки во висина од 655.555,56 денари со 18% ддв. |
DonVito | nasava drzava epten preteruva , ostaj to sto epten prodavnici zatvorija radi tie fiskalni sega i za taksisti trebalo fiskalna smetka vistina bilo deka kalimero nema pravda |
Misticen | пак не се разбравме...заклучи го топиков:)) |
Misticen | Океј си е сето тоа со фискалната политика меѓутоа има некои други работи што ме иритираат.Како прво, ме нервира педерско кодошската кампања на управата за јавни приходи за пријавување на неправилностите на посебен телефонски број.Да не бидам сватен погрешно, сето тоа би било многу добра идеја, мегутоа не во оваа буљашска држава каде што најпозната максима е "Да му умре козата на комшијата" па секој буљаш од комшилук што не те мириса да го сврти телефонот и да ти ги викне господата инспектори.Верувајте дека редовно се случува ова.Знаеме каков народ сме.А редовно се случува и некои конкуренти да си пракаат инспекција еден на друг.Ако се навистина способни како управа за јавни приходи...нека си прават контроли.Неправилностите одма се откриваат. Или неможе секој втор копиљ коа ке дојде кај мене у тобако да телефонира и сака да забуши да не плати да ми се заканува со зборовите: "Шо е ова волку скапо, не ви плакам, ке се јавам на инспекција". Да не мислите дека ова го пишувам пристрасно како демек јас сум од другата страна.Уште еднаш ке кажам дека и јас сум за фискалната политика.Смешно ми е што лугево веруваат дека ако сите плакаат данок државава ке цвета.Драги луге...да не се филмаме...ДА! Буџетот ке биде повеке полн мегутоа пак нема да имаме бесплатно високо образование!Пак ке си плаќаме на лекар! Фабрики не се отвараат од буџетски средства.Инфраструкрура...ај држи некако...ама не пешачки надвозници како овој новиов во Влае со оправдување за градба демек многу пешаци наебувале таму па ради тоа на душегрижниците им проработела совеста.На се личи ама на пешачки јок.Кој ке се пентари толку за да помине една улица? Градбата е од чисто комерцијална цел - ке ги видите сега новите дуќани спремни за продажба.Што убав бизнис, како ти текна бе Стефче? Најсмешно ми е па некои кутри мрсулковци коа ке дојдат да купат палома, ке ми дадат точно пари и раката ја бутаат низ шалтер онака викајки си у себе: "Сеа ке ги средам ја нив...мамата нивна..мора сметка фискална да ми дадат!Се напунија пари" Или некој бедник ке купи чоколатце Albeni od 5 ден и ти наредува уште дур ти го подава парите дека мораш да му куцнеш сметк аинаку ке те пријавел!Човекот го знаел бројот!Била негова должност! Али како и да е - боља разонода и исфрлање на гневот за 5 денари неможете да си направите во оваа држава, нели? Ем си јадеш чоколатце ем сееш страв! За тебе дечко BOSS меко?:))) |
OooOo | quote:Kodoshenjeto verovatno kje go ima dodeka ne se razvie svesta kaj tie shto prodavaat deka ustvari TIE se dolzhni da izdadat smetka na potroshuvachite, a ne potroshuvachite da gi brkaat NIV za fiskalna smetka. A rabotite mnogu i nema da se smenat se dodeka samite prodavachi ne pochnat da gi tuzhakaat svoite rabotodavci. Zoshto toa go vikam? Nemozhe nekoj "biznismen" preku nokj da stane milioner so eksploatacija na evtina rabotna sila + na crno, a drug za 100 ili 200 evra (i plus neprijaven) da se kichmi od rabota kaj toj "biznismen" cel mesec bez nikakvi prava. Ama prost Makedonec si vika kjuti barem ima rabota ... aj jas da ne zabeguvam na druga tema ... quote: quote: quote:Tie kopiljacite, bednicite i mrsulkovcite se inache tie shto troshat pari i shto nechija plata zavisi od niv neli? A fiskalna smetka kje baram i za 1 denar ako sakam. Za moi pari, jas sum gazda! Barem ovde smetka mi davaat sekogash bez da pobaram i mi se smeat i $1 koa kje potrosham. Na zapad, lugjeto gi gledaat kako $$$, a vo Makedonija imame kategorii na kopiljaci, mrsulkovci, bednici itn ... Katastrofa! |
Misticen | Да не праам копи пејст пошто ке фати многу...мен, ноу хард филингс бт...ју диднт гат д поинт. А поентата не беше свртена против издавањето на фискални сметки.Како што викаш ти: TIE se dolzhni da izdadat smetka na potroshuvachite, a ne potroshuvachite da gi brkaat NIV za fiskalna smetka. Така е! И јас мислам така.И го реков тоа.Должни се да издадат.А неправилностите ако ги има да се пријават.А некои си прават забава со тоа арогантно барајки сметка уште пред да ви ги дадат парите со тон и гримаси на настап од позиција на сила и насобран гнев.Па кој рече дека нема да добијат сметка?А она за бедниците и мрсулковците...да не се лажеме...некои си го заслужуваат тој епитет со нивното однесување и некултура. Друга работа..за станувањето на миљонери преку ноќ.Тешко дека некој ке стане миљонер со експлоатација на работна сила како што викаш ти.Која експлоатација драг пријателе, кога во државава знаеме колку е платен работникот и во државен и во приватен сектор.Вработените во државна администарција со 20 години стаж со високо образование земаат плата од 9000-12 000 денари.Среднистите земаат околу 7000-9000 денари.Толку се платите и во приватниот сектор.Која експлоатација, кои миљони? Државата е најголем експлоататор.Мпжеби мислиш на плаќањето придонеси.Тука ти држи до негде.Ама владата ни наша толку паметна даде најубав пример .Имено, со закон ги укина договорите за дело, за да работодавците мораат да ги пријавуваат вработените а најде дупка односно намерно ја ископа и остави опција да може вработените во државната администрација да ги држи по старо БЕЗ ПРИДОНЕСИ, но сон нов договор со сменето име.Не ми текнува како беше точно името да не трескам глупости сега, ама беше испревртен насловот само.ДОБАР ПРИМЕР КАКО ТРЕБА РАБОТОДАВЦИТЕ ДА ГИ ПРИЈАВУВААТ ВРАБОТЕНИТЕ! БУЉАШИ! А кутрите луге викаш дека треба да ги пријавуваат своите работодавци? Не треси глупости.Во оваа беда и сиромаштија кој ке го пријави работодавецот? Па да се прости со работата фор гуд? Божем одма го чека нова работа, подобра, божем државата ке направи нешто за тој работник што ке има доблест да проба да промени општонародна работничка свест? Не функционира овде така тоа.Други услови владеат со состојбата. Пак ке кажам дека се согласувам со тебе како треба да биде.И не верувам дека некој не би се согласил.Дадов само примери и реално гледање на социјалната положба и ситуацијата што произлегува од неа.А народот пак ке си голта тоа што му го служат преку рекламните спотови и ке мисли дека којзнае што криминал спречил ако побарал фискална дури и за ПАЛОМА. А пред куп полицајци на улиците се шиткаат цигари и петарди.На сред плоштад лани, а и годинава ке биде исто гарант имаше куп тезги со петарди слободно изложени.Сето тоа пред очите на полицијата.А миљони потроши МВР лани за рекламни кампањи против пиротехнички средства.Кого ДУПАТ СЕА? КОЈ ГИ ПЛАЌА ТИЕ РЕКЛАМИ? КАКО СЕ ТРОШАТ МОИТЕ ПАРИ? Абе ај... |
OooOo | quote:Jas ne vikam deka ne se soglasuvame, samo go komentirav tvoeto gledanje prema mushteriite. Chak i da e kloshar, on za tebe e MUSHTERIJA i kako takov treba da go gledash. Mushterijata e sekogash vo pravo, ti teknuva? Chak i idiotski da se ponasha, on e mushterija i pari ostava. quote:Pak kje ti povtoram: Makedonecot kje kjuti samo za da ne ja IZGUBI rabotata. Kje go trtat kje go trtat dodeka ne mu skisne, kje dade otkaz i kje reche: Za 150 Evra nema da dozvolam da me du*at. I? Jovo na novo ... kje ide na drugo mesto da go trtat i istorija se ponavlja. quote:Ti od shto si ogorchen ripash od tema na tema. Pogreshno go svakjash ili seushte go nemash svateno kapitalizmot. Nemozham da ti odgovoram na se poshto samo kje se povtoruvam. |
Misticen | Муштеријата не е секогаш во право.Остава пари, му ги зимаш, а према тоа како се понаша со тебе добива и таква услуга од тебе.Коа ке си отиде слободно можеш како сакаш да го наречеш. quote: -------------------------------------------------------------------------------- Друга работа..за станувањето на миљонери преку ноќ.Тешко дека некој ке стане миљонер со експлоатација на работна сила како што викаш ти.Која експлоатација драг пријателе, кога во државава знаеме колку е платен работникот и во државен и во приватен сектор. -------------------------------------------------------------------------------- Pak kje ti povtoram: Makedonecot kje kjuti samo za da ne ja IZGUBI rabotata. Kje go trtat kje go trtat dodeka ne mu skisne, kje dade otkaz i kje reche: Za 150 Evra nema da dozvolam da me du*at. I? Jovo na novo ... kje ide na drugo mesto da go trtat i istorija se ponavlja. Во врска со ова треба да значи дека 90 проценти од работноспособните треба да си дадат отказ одма според тебе![:)] Тресеш пак зелени.Ај ке бараме сите плати од по 1000 еур.За што не не тртеле, не сме излегле кога треба, па ке излеземе за ова.Ма дај.. Ti od shto si ogorchen ripash od tema na tema. Pogreshno go svakjash ili seushte go nemash svateno kapitalizmot. Nemozham da ti odgovoram na se poshto samo kje se povtoruvam. Ова па ти беше "biser stoljecha".Капитализмот го разбирам многу добро и не се ова ставови против капитализмот.Не сум ни огорчен ко што викаш ти.Незнам што си по професија, вокација...мегутоа економијата како наука очигледно не ти е блиска. |
acid | И мене ме мрзи да праам копи/пејст, квоут и друго.. ама во целост се согласувам со Misticen. |
OooOo | Misticen, gledam deka vodish inat i deka moite obidi da se vratime na temata ne uspevaat ...
quote:Prema toa kako TI se ponashash prema mushterijata, takva reputacija kje dobiesh megju lugjeto. A kako potkrepa na toa, lugjeto izmislile neshto shto se vika bakshish (TIP = To Insure Promptness). Znachi losha usluga, nema bakshish - Ashhhh, prazni race. 10 dushi denes da bidat nezadovolni od tvojata usluga, utre nama da se vratat, utre ushte 10 toa se vekje 20. Itn ... ja svati poentata? [;)] E sea vidi ti koj e sekogash vo pravo :) quote:Ti vikam ja ne go svakjash kapitalizmot ... za 1000 evra kje se pocheka malku, ama neshto drugo mozhe da se dobie. Ali poshto se znaesh i za se si dlaboko informiran, najdi sam shto e toa. [xx(] quote:Dobro, neka bide biser. Od shto site u Makedonija se struchnjaci za sve i vo sekoja oblast, zatoa drzhavata ni cveta, pa da go pushtime narodot da uzhiva vo negovata cvetna gradina :) quote:Deka ti e brat ili ... ? [:D] |
acid | Не, нема никаква врска тоа што сме браќа.. сите може да потврдат дека скоро никогаш не се согласуваме и стално се ПУКАМЕ! :-) А околу услугата и тоа дали повторно ке се вратат муштериите, морам да се пофалам дека прометот секојднево РАСТЕ и РАСТЕ, значи имаме добра услуга и покрај тоа што некои муштерии со право можат да го заслужат епитетот "СКОТОВИ". |
Misticen | Не е до водење инат, ама ти си инатот.Или "авторитетот" што мислиш дека го имаш на форумов не ти дозволува да остане некој друг последен? Даваш глупи примери што недржат вода, а за стручњаците...точно така.Ти си пример прв[:)]Те прашав што си по професија? Освен АДМИН[:)][:)][:)] |
OooOo | Samo se potvrduva mojata teza. Koga nemash kako da mu vratish, svrti ja temata i pochni da pljukash po lugjeto.
Ako sum admin neznachi deka ne smeam da uchestvuvam na diskusiite, a za mojot privaten zhivot, edno ne moram, a vtoro bash i ne sakam da ti dadam nikakvi detali.
Kako i da e, pochna da vregjash ushte od sam pochetok, a na granica si da pochnesh i da pcuesh. Nemoj da me sudish koga ne me znaesh ok? [;)]
Da se vratime na temata Fiskalni Smetki ... |
Misticen | Темата е јасна.Треба да се издаваат.И требаше да пишеме едно ДА само? Остај ме да се искажам и олабави.И нит те судам нит те кудам.Ама инает си.Его.Не ти барам детали за твојот приватен живот човеку, само те прашав што си по професија?Прави разлика малку и дај опрај се[;)] |
RaGeAnGeL | znajs loso e da vikas za nekoj deka e inaet i deka ima golemo ego...posebno koga i ti do sega se dokaza kako takov:))))vaka posmatrano od strana:)))) |
Misticen | Колку те молеше да стаиш реплика? И што ти вети за услуга?:))) |
RaGeAnGeL | quote:imas vezeno pola sat za posle to da napisis deka temata e jasna i trebase da se odgovori so edno DA:)))))))samo zato so ti si go molel brat ti koj obicno se PUKA so tebe za se ..ne mora da znaci deka nekoj ke me moli mene za neso...kolku so te "znam" tebe tolku go "znam" i nego:))))postot bese samo moe mislenje....i ti nemase da reagirash vaka ako nemase bash tipicno mashko EGO:)))btw...neli sakase da se vratish na temata?[;)] |
Misticen | Sea so tebe ke ircam ? :))) |
sapeski | quote:Македонија најмалку живее во капиталистички уредено оштество. Тоа може го пишува во книги, да. Да живееше, ти ќе знаеше една работа како ден, дека КУПУВАЧОТ Е СЕКОГАШ ВО ПРАВО! Мистичен, во капиталистичко општество ти како продавач на добра треба да сватиш една работа, ти продаваш за да опстанеш. Сакаш да имаш што повеќе пари, пробуваш на секој можен начин да продадеш она што го имаш. Ако треба, ти ќе играш и чочек за муштеријата за да го продадеш она што го имаш. А кога дедо Петре од комшилук ќе дојде и ќе ти бара каса фискале за мастиката или било кој артикл со цена од 3 зарез 2 денара, ќе му ја дадеш и ќе му се смееш и ќе го молиш да се врати пак да купува кај тебе. И никогаш не би бил загрижен дали комшиите шо немаат попаметна работа ќе вртат на линијата за инспектори, зошто ти никогаш немаш што да скриеш. Тоа би било во капиталистичко општество. Меѓутоа, Македонија е светлосни години назад, па џабе дискутираме. |
OooOo | quote:Kako smee dedo Petre da bara fiskalna za mastika? Kloshar nizaeden on za mastika nashol da bara fiskalna ;) Za negovi pari kje kjuti i kje se klanja ako treba! quote:Muvata na kapata? quote:Koga poedinkata (chitaj cel narod) kje svati deka ne e sposoben u isto vreme da bide biznismen, selektor na reprezentacija i politichar mozhda i kje mrdneme napred ... |
intel | quote:А пплатите на вработените секојдневно Растат и растат или не.Беше кажано дека quote:Од каде пари на народов знае ли некој???????? |
Misticen | quote:Ke растат кога државата ке забележи економски пораст, кога ке рипне Бруто Домашниот Производ по глава на жител...и така натаму. quote:Кои пари бе на народот? 10 % од населението и народ има разлика... |
intel | quote:Кои пари бе на народот? 10 % од населението и народ има разлика... Што 10% Нели прометот расте и расте.Дај бе Мистичен не зезај.Ако ова што го гледам наоклу е 10% од народот кој не троши, туку ТРОШИ пари тогаш Македонија е во најмала рака 10 милионска држава. |
velesanka | Sto bese topic-ov[:D][?] |
OooOo | Da ne se razbereme pogreshno, mene mi e zhal za ovie lugje, no samo se potvrduva mojata teza od predhodnata strana na ovoj topik deka ....
quote:Сивата економија во државава расте заедно со порастот на невработеноста Работниците на црно се борат за животна егзистенција Регистрирани се 180.000 лица кои работат на црно, од кои 60 отсто се жени. Во текстилните фабрики има најмногу жени кои работат на диво, по 12 часа дневно, и за време на викенди, а немаат право на годишен одмор "Работам како хигиеничарка во здравствен дом. Ме плаќаат по околу 5.000 денари месечно. Моето работно време почнува во осум часот навечер и трае до кај полноќ. Умирам од страв кога се враќам дома, ама тоа ти е. Мора така. До пред три години работев во една мала фабрика, но газдата ме отпушти. Сега морам да работам вака, на црно, зашто морам да обезбедам колку-толку некаква егзистенција за моето четиричлено семејство, две малолетни деца и маж, кој работи со договор на дело во еден магацин, за околу 6.000 денари месечноои , вели 30-годишната скопјанка Н.Т. Таа е само една од 180.000 работници во државава кои работат на црно и нејзиното име е на списокот на оние 390.000 невработени во Агенцијата за вработување. Таа сега нема парична помош од Агенцијата, ја примаше само шест месеци поради малиот стаж. Како и нејзините многубројни "колеги", Н.Т. знае дека не е в ред што мора да работи на црно, знае дека годините Ј поминуваат, а има само пет години регистриран стаж зад себе и неизвесно е дали и кога ќе дочека пензија. Но, таа едноставно е принудена да го прави тоа и за малку пари, затоа што не може никако да најде редовно вработување. Според статистиката, од оние 180.000 лица кои работат на диво, 60 проценти се жени. Тоа го потенцираат во Секцијата на жени при Сојузот на синдикатите на Македонија, која во почетокот на декември 2004 година се вклучи, заедно со 23 земји од Централна и Источна Европа, во кампањата против работа на црно, под мотото "Стоп на работа на црно на жените". Како што вели претседателката на Секцијата, Лилјана Јанкуловска, најчесто жените работат на диво во текстилната дејност, во угостителството, трговијата, а во последните години во здравството и во државната управа. "Прифаќањето на работа на црно не е последица на личен избор, туку на социјална потреба, на борба за животна егзистенција. Познато е дека во текстилните мали фабрики, каде што работат исклучиво жени, половината од нив се вработени на црно. Според статистиката, најголем број жени работат во здравството, во школството и во преработувачката дејност. Максималната плата која ја добиваат од газдите е околу 6.000 денари, а работат по 10 до 12 часа дневно, преку викенди и празници, без право на годишен одморри, вели Јанкуловска. Таа потенцира дека, иако е општо познато дека во речиси секоја фирма има вработувања на црно, многу е тешко да се добијат попрецизни информации, бидејќи работниците не сакаат јавно да зборуваат за својата положба, плашејќи се да не добијат отказ. Тоа, пак, што не можат синдикално да се организираат, уште повеќе отвора можности кај нивните работодавци за груба експлоатација на нивниот труд, за исплата на ниски плати, за неплаќање на социјално осигурување и за злоупотреба на законското работно време. Не само што не можат да си ги остварат правата од работен однос, туку жените кои работат на црно немаат ниту право на приватен живот, ретко се одлучуваат за стапување во брак, бидејќи примаат ниска плата што не им овозможува егзистенција, додека не ни помислуваат на раѓање дете, затоа што од газдата би заработиле отказ. "Носителите на сивата економија треба да се санкционираат и да се поттикне почитувањето на законите во државата. Токму затоа крајната цел на кампањата е да се најдат инструменти за легализирање на работниот однос, согласно со законите, а тоа ќе го направиме заедно со инспекторите за труд и невладиниот сектор, особено македонското женско лобиии , вели Јанкуловска и додава дека намалувањето на сивата економија им оди во прилог и на работодавците, кои редовно плаќаат даноци на државата и кои се соочуваат со проблемот на нелојалната конкуренција. Работењето на црно стана масовна појава во почетокот на транзицијата, кога многу луѓе останаа без работа. Но, за жал, таа станува се пораширена, како што расте бројот на невработените, со намалувањето на животниот стандард и со порастот на сиромаштијата. Според економските експерти, сивата економија учествува во БДП со околу 45 проценти, што е највисок процент од сите земји во регионот, додека просекот на ниво на Европа изнесува околу 20 отсто. Според ССМ, а на база на статистичките податоци, и многу други фактори влијаат за ширење на сивата економија. Тоа се: изгубените над 50 отсто од работни места во последните 10 години, тоа што 25 отсто од населението живее на работ на сиромаштијата со 1,5 долари дневно, потоа дека околу 60.000 семејства примаат социјална помош од државата, а реално, нивниот број е околу 80.000, со тенденција на пораст; 60 отсто од работната сила има плата под 100 евра, една третина прима плата со задоцнување од над три месеци, а голем е бројот на работниците кои не можат да одат во пензија поради неплатени придонеси за пензиско осигурување. |