Македонија = Уганда?
Македонија = Уганда?
OooOo ПРОГНОЗИ НА "ЕКОНОМИСТ" ЗА В ГОДИНА Според последните истражувања на "Економист", во регионот полошо од кај нас ќе се живее само во Босна и Херцеговина, а друштво на дното на табелата ни прават и Казахстан, Уганда и Туркменистан И в година животниот стандард во земјава нема драстично да се подобри. Вака барем прогнозираат експертите на весникот "Економист". Македонија се наоѓа на 89. место од вкупно 111 земји рангирани според проекциите за квалитетот на животот во 2005 година и е на претпоследното место во однос на другите држави од регионот. Според последните истражувања на "Економист", во регионот полошо од кај нас ќе се живее само во Босна и Херцеговина, а друштво на дното на табелата ни прават и Казахстан, Уганда и Туркменистан. Истражувањето е направено преку споредба на неколку економско-социјални параметри и на целокупното безбедносно-политичко опкружување, со големо влијание на бруто-домашниот производ по глава на жител. Според БДП по жител, Македонија е на 66. место, со 7.499 долари годишно. Домашните експерти сметаат дека најголемо влијание врз слабата позиција на Македонија има лошата економска состојба. - Големата сиромаштија и невработеноста многу неповолно влијаат на условите за живеење, што директно се одразува на расположението на граѓаните при одговарањето на прашањата од ваквите истражувања. Но свој удел има и конфликтот од 2001, кој внесе несигурност кај луѓето - вели професорот по социологија, Нелко Стојановски. Според "Економист", најдобро место за живеење в година ќе биде Ирска, иако според економските аспекти, оваа земја не е првопласирана. По неа следуваат Швајцарија, Норвешка и Луксембург, кој е земја со највисок БДП по жител, со повеќе од 50.000 долари годишно. Од другите земји во регионот најдобро котираат Грција, која е на 22., и Словенија, која е на 27. место. Добар пласман на ранг-листата имаат и Хрватска, на 49-тото, и Турција - на 50. место. Од соседството, пак, Албанија е на 78. место, Бугарија е 57-ма, а Србија и Црна Гора е на 84. место. "Истражувањето нема намера да ја прикаже економската состојба во земјите преку БДП по жител. Но факт е дека материјалната состојба има голема улога во тоа колку луѓето што живеат на тоа подрачје се задоволни од условите за живот. Токму затоа БДП по жител учествува со повеќе од 50 отсто во вкупниот индекс за квалитетот на животот", пишува "Економист".
StormAngel Barem ne sme na samoto dno.
lav
quote:
Originally posted by StormAngel
Barem ne sme na samoto dno.
Утешително е како за нас така и за Бранкота и неговата влада која ветуваше и сеуште не се дава со некаков си невидлив за мене но и останатаите економски БУУУУМ. А засега гледам само едно големо ДУУУУМ на сите полиња без исклучок. Мислам на Македонците ....разбира се.
Strelec Го прочитав насловот на овој топик “Македонија = Уганда?“ и потоа забележав дека 'last post' е од нашиот lav! И додека ми се отвораше тој топик си помислив во себе: - Се кладам дека lav и овојпат во својот пост го споменал Бранко и постот го завршил со она неговото ’разбира се’!:)
concrete A kogo da spomne????Baronot Minhauzen???I toj e amater za ovie i site prethodni zaedno so nivnite belosvetski mentori. Ima edna uteha. Makedonskata ekonomija nema skoro nikakva masa, so mnogu mal impuls moze da zabrza da ne moze da zapre otade Norveska. Uste ovie na vlast da se razbiraat barem 0.0001% vo kinematika t.e. matematika t.e "ikonomija". Sekoja budala sto ke dojde od nekoja vukojebina e tretirana kako genijalec.Osnoven uslov e da ne e nas. Sto da se pravi, nikoj ne e prorok vo sopstvenata kukja. Postojano se prasuvam: a be na rulet da gi donesuvaa odlukite ke zgresea edno 60% , stom greskata e 99% mora da e nekoja namera.
intel
quote:
Originally posted by Strelec
Го прочитав насловот на овој топик “Македонија = Уганда?“ и потоа забележав дека 'last post' е од нашиот lav! И додека ми се отвораше тој топик си помислив во себе: - Се кладам дека lav и овојпат во својот пост го споменал Бранко и постот го завршил со она неговото ’разбира се’!:)
Па разбира се кога заедно со Трендафил,Мавровски,Караџовски,Трендафилов користат како што сум кажал 100 пати до сега copy-paste од пресот на портпаролчето Ѓорчев и страната Дпмне.Ова додека се подготви на НП ама и тогаш се ќе си биде исто,мислам на copy -paste и разбира се.
OooOo Znachi maheri ste za zaebuvanje na temi. Sekade mora Branko i Ljubcho da se umeshaat (me chudi kako i Ali ne go spomnavte). Sekade mora sdsm i vmro da se spomnat (i dui nekogash).
Misirkov Ako sme na nivo na Turkmenistan togas e bajgi losa rabotata ( Kazahstan e malku pred nas). Odgovorno tvrdam deka ne sme = so Uganda, no taka ne boduvale. A i Economist oste od pred 10 godini stana pufka, znaci i toj ne toa sto bese. Za zal, uteha nema! Makedonskata ekonomija so kosmicki impuls, a ne "mal" kako sto nekoj spomena pogore, ne moze da izleze od dupkata vo koja sto e. Posebno ne so segasnata Brankova vrhuska na koja sto ne i odgovara da e podobro (ni pak na potencijalnata sto pretendira da dojde na vlast). Ostanuva prasanjeto kako koj da prezivee voi uslovi na kontroliran haos i kriminal.