Атина доби неочекувана шлаканица место поддршка...
Атина доби неочекувана шлаканица место поддршка...
OooOo Брисел и се закани на Грција со постапка пред Европскиот суд на правдата поради лошото третирање на малцинските групи ЕУ ќе ја тужи Грција за малцинствата Атина доби неочекувана шлаканица место поддршка од Брисел Среде кампањата да го спречи прифаќањето на уставното име на Македонија, Грција, место поддршка, доби голема шлаканица од Европската унија, која деновиве и се закани со постапка пред Европскиот суд за правдата ако продолжи да ги игнорира барањата да се справи со дискриминацијата на малцинствата. Иако законот што го бара ЕУ се однесува на разни малцински групи во земјата (верски, расни, сексуални, имигрантски...), грчките медиуми го протолкуваа како притисок на Брисел да се легализираат правата на етничките малцинства, пред сў, на турското и на македонското кои Атина со децении не ги признава. Заканата на ЕУ до Атина дојде само пет дена откако во Атина се одржа тркалезна маса на Европската комисија за расизам и нетолеранција на Советот на Европа (ЕКРИ), на која беше побарано, исто така, да се донесе закон против дискриминацијата и да им се помогне на етничките и другите групи да добијат подобар третман во земјата. За да ја амортизира штетата од ваквиот потег на ЕУ, Атина уште завчера го пуштила во процедура нацрт-законот што се однесува на таа материја, иако според ветувањата дадени на Брисел тој требало да биде усвоен до јули минатата година. Заканата за поведување на постапката пред Европскиот суд за правдата е уште еден голем срам за Грција, која само што успеа да ја амортизира политичката штета од откритието дека ги фалсификувала економските параметри во земјата за да добие дозвола да се приклучи на еврото. Бидејќи е тешко да се поверува дека акцијата на ЕУ и на Советот на Европа е коинциденција, произлегува дека европските земји ја губат трпеливоста со нетолеранцијата што ја манифестира Грција, која како земја-членка упорно не сака да ги прифати стандардите на ЕУ за малцинства и имиграција. Според забелешките изнесени од ЕКРИ среде Атина, во оваа земја сў уште постојат отпори и предрасуди спрема малцинските групи, па од клучно значење за земјата е да се создаде независно национално тело кое ќе ја набљудува и спречува дискриминацијата. Претставниците на ЕКРИ ја укорија Атина дека четири години по дадените препораки околу малцинствата, тие и натаму не се имплементираат, и дека веќе со години го развлекува ратификувањето на Рамковната конвенцијата за заштита на правата на националните малцинства, што е библија за Советот на Европа и Европската повелба за употреба на малцинските јазици. Грција е една од неколкуте земји кои бараат од новите членки да ја применуваат Конвенцијата, а самите не ја прифаќаат, а на Македонија и кумуваше околу Рамковниот договор, паралелно со одбивањето воопшто да признае македонско малцинство во земјата. Во својот втор извештај за Грција, објавен во април годинава, ЕКРИ посвети цела глава на непризнавањето на Македонците, заклучувајќи дека врз нив се вршат разни притисоци и се цел на големи предрасуди. Притоа, беше споменато дека и покрај одлуката на Судот за човекови права да им се дозволи право на изразување и на организирање на Македонците, по повод "случајот Сидиропулос", нивното барање за регистрација на здружението нема сў уште позитивна разрешница. Според најавите од Грција, новиот предлог-закон против дискриминацијата ќе се најде на расправа веќе деновиве во грчкиот парламент, но дали тој ќе одговори на стандардите на ЕУ и на Стразбур засега нема информации.
lav
quote:
Originally posted by OooOo
Брисел и се закани на Грција со постапка пред Европскиот суд на правдата поради лошото третирање на малцинските групи ЕУ ќе ја тужи Грција за малцинствата Атина доби неочекувана шлаканица место поддршка од Брисел Среде кампањата да го спречи прифаќањето на уставното име на Македонија, Грција, место поддршка, доби голема шлаканица од Европската унија, која деновиве и се закани со постапка пред Европскиот суд за правдата ако продолжи да ги игнорира барањата да се справи со дискриминацијата на малцинствата. Иако законот што го бара ЕУ се однесува на разни малцински групи во земјата (верски, расни, сексуални, имигрантски...), грчките медиуми го протолкуваа како притисок на Брисел да се легализираат правата на етничките малцинства, пред сў, на турското и на македонското кои Атина со децении не ги признава. Заканата на ЕУ до Атина дојде само пет дена откако во Атина се одржа тркалезна маса на Европската комисија за расизам и нетолеранција на Советот на Европа (ЕКРИ), на која беше побарано, исто така, да се донесе закон против дискриминацијата и да им се помогне на етничките и другите групи да добијат подобар третман во земјата. За да ја амортизира штетата од ваквиот потег на ЕУ, Атина уште завчера го пуштила во процедура нацрт-законот што се однесува на таа материја, иако според ветувањата дадени на Брисел тој требало да биде усвоен до јули минатата година. Заканата за поведување на постапката пред Европскиот суд за правдата е уште еден голем срам за Грција, која само што успеа да ја амортизира политичката штета од откритието дека ги фалсификувала економските параметри во земјата за да добие дозвола да се приклучи на еврото. Бидејќи е тешко да се поверува дека акцијата на ЕУ и на Советот на Европа е коинциденција, произлегува дека европските земји ја губат трпеливоста со нетолеранцијата што ја манифестира Грција, која како земја-членка упорно не сака да ги прифати стандардите на ЕУ за малцинства и имиграција. Според забелешките изнесени од ЕКРИ среде Атина, во оваа земја сў уште постојат отпори и предрасуди спрема малцинските групи, па од клучно значење за земјата е да се создаде независно национално тело кое ќе ја набљудува и спречува дискриминацијата. Претставниците на ЕКРИ ја укорија Атина дека четири години по дадените препораки околу малцинствата, тие и натаму не се имплементираат, и дека веќе со години го развлекува ратификувањето на Рамковната конвенцијата за заштита на правата на националните малцинства, што е библија за Советот на Европа и Европската повелба за употреба на малцинските јазици. Грција е една од неколкуте земји кои бараат од новите членки да ја применуваат Конвенцијата, а самите не ја прифаќаат, а на Македонија и кумуваше околу Рамковниот договор, паралелно со одбивањето воопшто да признае македонско малцинство во земјата. Во својот втор извештај за Грција, објавен во април годинава, ЕКРИ посвети цела глава на непризнавањето на Македонците, заклучувајќи дека врз нив се вршат разни притисоци и се цел на големи предрасуди. Притоа, беше споменато дека и покрај одлуката на Судот за човекови права да им се дозволи право на изразување и на организирање на Македонците, по повод "случајот Сидиропулос", нивното барање за регистрација на здружението нема сў уште позитивна разрешница. Според најавите од Грција, новиот предлог-закон против дискриминацијата ќе се најде на расправа веќе деновиве во грчкиот парламент, но дали тој ќе одговори на стандардите на ЕУ и на Стразбур засега нема информации.
И да видам нема да (им) верувам за тоа.
Strelec Аман бе lav... не мораше цел пост од ОооОо да го ставиш како quote!?
dejan Grcite ke izlizat nekoi vo EU tamu, i oni ke im recat 'ajde, nisto ne e'
Whitebaby Aj i ova da go vidime.
slasa daj boze MR OooooO
ozonce Jas ke pijam pivo vo chest na ova!
StormAngel Kako samo nestata pocnuvaat da se smenat,neli?[;)]
ozonce dejan ne e bash taka... ke lizat, ke lizat na krajot ke dojdat do stapcheto :)