Божикен пост |
трендафил |
Бидејќи нашите средства за информирање редовно не информираат за почетокот на Рамазанскиот пост, а забораваат да ги обележат христијанските постови (католиците и тие што го имаат изедначено верскиот и актуелниот календар веќе го имаат почнато на 15 и тоа не беше одбележано), бидејќи на форумов се јавувам само во работни денови, сакам да ве потсетам дека во недела, 28 ноември, почнува Божикниот пост.
Како се пости можете да видите на
http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=7610 |
SLaCk |
Bozemnite prodolzuvaci na ideologijata na komunistite ostanuvaat dosledni samo vo negativnostite na komunizmot.Sigurno se raduvaat sto propaga krstot na Vodno.Gospod gleda. |
OooOo |
Prvo mislam deka na temava ne i e mesto pod "Political Talks", no kako i da e ...
quote: Originally posted by трендафил
Како што претпоставував, вчерашниот почеток на Божикниот пост, не беше одбележан од македонските медиуми.
Kolku shto treba da se krivat mediumite (koi se zaslepeni samo so politka), tolku treba da se krivi i MPC shto ne naogja nachin da gi informira gragjanite.
quote: Originally posted by SLaCk
Bozemnite prodolzuvaci na ideologijata na komunistite ostanuvaat dosledni samo vo negativnostite na komunizmot.Sigurno se raduvaat sto propaga krstot na Vodno.Gospod gleda.
Shto ima vrska ova so temata? |
StormAngel |
Srekni Bozikni postovi!
Gospod neka ve blagoslovi |
SLaCk |
Neiskreni cestitki ne primame.OooOo jasno e zosto ne se odbelezuvaat ovie nastani.Vlasta e strogo protiv toa.No se rabzira ti pak ne sfakas.Zalam. |
OooOo |
SLaCk: Nemorash sekoja tema da ja ispolitizirash. Bidi toleranten nekogash.
StormAngel: fala ti na chestitikite :) |
ViennaBoy |
Chestitki i od mene.
|
lav |
quote: Originally posted by трендафил
Бидејќи нашите средства за информирање редовно не информираат за почетокот на Рамазанскиот пост, а забораваат да ги обележат христијанските постови (католиците и тие што го имаат изедначено верскиот и актуелниот календар веќе го имаат почнато на 15 и тоа не беше одбележано), бидејќи на форумов се јавувам само во работни денови, сакам да ве потсетам дека во недела, 28 ноември, почнува Божикниот пост.
Како се пости можете да видите на
http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=7610
Како што оваа , но и сите предходните влади на Македонија (освен делумно експертската) „работеа„ за добробит-та на граѓаните на државата , по се изгледа дека и ќе нема да има ПОТРЕБА од никакви постови , оти таков ќе биде животот нивни ...претворен во НЕПРЕКИНАТ ПОСТ. |
трендафил |
Како што претпоставував, вчерашниот почеток на Божикниот пост, не беше одбележан од македонските медиуми. |
Misirkov |
Trendafil: ti blagodaram sto postavi navistina ubav topik!
Postenjeto e mn. bitna rabota (pred se za fizickoto i mentalno zdravje). Bi sakal da prasam dali nekoj znae kade moze da se dojde do detalni upatstva konkretno sto da se jade (i koga) za vreme na postenje???
Odnapred blagodaram za (provereni) informacii! |
SLaCk |
Vo pravoslavnoto kalendarce ima. |
Strelec |
Kako jas gledam na ovaa rabota.
Zabeleskata na trendafil e sosema na mesto. Ne e vo red site mediumi da go objavuvaat pocetokot na Ramazanskite posti, a da ne go storat istoto i za Bozikjnite posti.
Se soglasuvam i so OooOo deka vina snosat i vo MPC sto ne ispratile soopstenie do javnosta i preku mediumite da gi informiraat lugjeto za toa. A ne se soglasuvam so Slack (i site ostanati sto isto mislat) deka vina snosi vladata. Nasata vlada pravi bezbroj greski, no nema nikakva logika da bide obvineta zosto PRIVATNITE mediumi ne objavuvaat takva vest!? Ne e voopsto vkusno da se baraat nacini (i kaj sto treba i kaj sto ne treba) da se kaze nesto protiv aktuelnata vlada.
|
Strelec |
Misirkov, [url="http://forums2.vmacedonia.com/4930.html"]ОВДЕ[/url] имаш еден архивиран топик за постење. Се однесува на предвелигденски пости, но постењето е исто и за Божиќните пости.
|
Sotir |
Se pridruzuvam na cestitkata.
Neka ni se cestiti Boziknite posti.
Gospod neka ja blagoslovi Makedonija. |
SLaCk |
Strelec mozebi ne direktno no indirektno da.Ako vlasta nesto ne poddrzuva bidi uveren deka i t.n. NEZAVISNI mediumi ke si premolcat.Inaku zosto tolku retko spomenuvaat propaganjeto na KRSTOT na Vodno na primer?Zatoa sto za dzabe ke zborat koga znaeme sto ovaa vlast misli za toj krst. |
трендафил |
quote: Originally posted by Misirkov
Trendafil: ti blagodaram sto postavi navistina ubav topik!
Postenjeto e mn. bitna rabota (pred se za fizickoto i mentalno zdravje). Bi sakal da prasam dali nekoj znae kade moze da se dojde do detalni upatstva konkretno sto da se jade (i koga) za vreme na postenje???
Odnapred blagodaram za (provereni) informacii!
Како се пости Божикниот пост можеш да видиш на http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=7610
(односно на форумот за религија на Virtual Macedonia). Истата тема ја отворив и како политички и како религиозен настан поради разликата во религиозниот и политичкиот пристап кон постот.
За жал ние живееме во земја во која изгледа дека ако си македонец си човек од втор ред. Ако си и православен можеби си од трет ред. На пример, до сега не сме имале вистински православен христијанин за претседател на државата. Таков веројатно не би им бил погоден и на странците. А претседател муслиман, вербално, би бил пофален од протекторите. Практично не би добиле ништо од нив.
Претпоставувам дека изборот на атеисти, кои сега се квази верници има голем допринос за ситуацијата во државата. Вистински верник не би можел да го прави тоа што ни се случува. А кај нас на власт се поранешните комунисти чиј патрон до 1990 беше Јосип Броз-Тито (СДСМ, ЛДП) и поранешните марксисти-ленинисти (чиј патрон беше Енвер Хоџа) од ДУИ. И Арбен Џафери бил марксист-ленинист, а добар дел од десното крило на македонските партии биле комунисти. Тоа изгледа е нормално. Во тоа време секој што сакал да се бави со политика можел или да биде член на КПМ (СКМ) или да биде во илегала (што не беше лесно), а албанците секогаш и секаде се надвор од системот.
Иначе, ваков однос кон религијата во Европа има само во Македонија и Албанија. Колку што ми е познато, само кај нас и нашиот западен сосед не се изучува веронаука, ниту факултативно. А во Европската Унија, кон која наводно се движиме, во сите земји има веронаука. А во тие земји повеќе одколку кај нас имаат направено самите, па Господ треба помалку да им помогне. Во Македонија, напротив, во моментов само Бог може да ни помогне. Самите не правиме ништо. |
трендафил |
[img]http://www.kanal5.com.mk/imgVesti/vino-3c.jpg[/img]quote: На коктеклот кој следеше по излагањата на преставниците на регистрираните верски заедници во Македонија, Јован Вранишковски се засладуваше со вино иако денеска според црковните канони е строг пост. Во изјавата за Канал 5 тој не дементираше дека го прекршил постот.
http://www.kanal5.com.mk/rubrika.asp?id=4183&rubrika=Македонија&idR=1
Вино, посебно не црвено, какво што пиеше Јован, канонски, православните христијани не пијат во ниту една среда или петок (со исклучок ако не е во тој ден празник). А владика да се напие во среда во време на пост до степен да се зарумени во образите е голем црковен прекршок. Тоа само зборува колку му е важна на предавникот верата. |
Misirkov |
Postiram tuka za da ne se duplirame so postot na trendafil na tema religija (iako prasanjava povekje pripagjaat na taa tema).
Ne mi e jasno konkretno STO jadete za vreme na postot vo ponedelnik, sreda i petok. Dali moze nekoj da opise/nabroi kako izlgleda denot vo pogled na sekoj obrok (na primer za dorucek caj od koprivi i dvopek, ili rucek: celer, domat i morkov, itn.??? Ili ako e polesno vo vtornik i cetvrtok? Ili site zaedno? More da ne posti nekoj od vas kako Isus, samo na voda (ili na limonada)?[;)]
Isto taka, kade moze da se najde AVTENTICEN kalendar (spremen sum da platam)???
Kje me izvinite sto volku prasuvam, no mnogu bitno mi e da gi doznaam ovie detali. Dokolu ne znaete sega, no moe da se informirate, bi ve zamolil da postirate podocna. |
Strelec |
Topikov kje go zaklucam, a diskusijata moze da ja prodolzime na "Црква и Религија - Church and Religion", na topikot "Божикен пост"...
Misirkov, tamu imas odgovor na prasanjeto!
|