Прашањето за знамето се актуелизира |
OooOo |
Правна рамка за употребата на националните симболи по локалните избори
Знамињата на националностите заедно со државното знаме
Чувствителната тема со знамињата на националностите деновиве повторно се актуализира и доколку не се има малку внимателен пристап, со студени глави, ова прашање повторно може да ги разбранува страстите, да предизвика нови фрустрации и да испровоцира тензични ситуации во државата. Употребата на симболите на заедниците е обврска од Рамковниот договор, а тоа е наведено во делот што се однесува на изразувањето на идентитетот. Во Охрид беше прецизирано дека локалните власти имаат право на предната страна на локалните објекти непосредно до симболот на Република Македонија да поставуваат симболи со кои се обележува идентитетот на заедницата којашто е мнозинство во општината, во согласност со меѓународните стандарди. Операционализацијата на охридскиот политички договор треба да биде направена токму со законот за употреба на симболите, но во целата оваа проиказна државното знаме не се проблематизира.
Сепак, со новиот закон останува да се допрецизира прашањето какво ќе биде знамето на заедниците, бидејќи според законот за локална самоуправа тоа не смее да биде знаме на друга држава.
Дали покрај државното знаме пред Собранието и Владата ќе се и вее албанското национално знаме? Како Албанците во Македонија ќе може да го користат знамето на нивната етничка заедница и дали тоа може да биде идентично со симболот на која било странска држава? И конечно дали ставањето во законска рамка на оваа чувствителна материја ќе го донесе и државното знаме на јарболите пред локалните институциите во општините со мнозинско албанско население во западниот дел на Македонија- Тетово, Гостивар, Дебар?
Токму овие дилеми се очекува да бидат разрешени со двата закона - за уптреба на симболите и на јазиците, чиешто донесување повторно е одложено, овој пат по локалните избори. Законот за употреба на националните симболи се најавуваше дека ќе биде готов уште во текот на летото, но неговото донесување се пролонгира поради територијалната поделба и референдумот.
Министерот за правда, Иџет Мемети, потврди дека во неговиот ресор се работи на изготвување на двата закона од кои оној за употребата на симболите е во понапредната фаза. "Со новиот законски текст ќе се реши примената и начинот на употреба на знамињата во јавниот и во приватниот живот. Се работи за квалитетни решенија кои овозможуваат знамињата на припадниците на етничките заедници кои се над 20 отсто постојано да бидат истакнати пред седиштето на општината. Ваквата можност ќе им биде дадена и за време на државни и други празници, како и во деновите на општинските празнувања кога нивните знамиња ќе бидат истакнати на плоштадите и јавните објекти. Исто така, со законот се регулира начинот на употреба на знамињата при протоколарни средби, на јавни собири и манифестации. Во сите случаи националните симболи на етничките заедници кои се застапени со над 20 отсто од населението ќе се употребуваат паралелно со државното знаме. Во делот на приватноста тоа е неограничено", вели тој
Во една од финалните верзии на законот за употреба на знамињата е прецизирано дека знамето на националностите во општината ќе биде поставено покрај знамето на Република Македонија, пред и во локалните јавни објекти. И тоа за време на национални и други празници, на празници одредени со одлука донесена од Советот на општината, на приеми и испраќања на претседателот на државата и на премиерот , за време на официјална посета на овие места на премиери и претседатели на странски држави, како и на овластени претставници на меѓународната заедница. Во оваа верзија стои дека знамето на Република Македонија и на заедницата можат да бидат поставени и на меѓународни средби, натпревари и на други настани, политички, културни, спортски, на кои општината е организатор, учесник или претставник. Знамињата ќе бидат поставени пред и во објектите каде што се организирани овие манифестации и на улиците, плоштадите и други инфраструктурни објекти. Знамето на Република Македонија ќе биде поставено на предниот дел од објектите на левата страна две метра оддалечено од знамето на заедницата. |
StormAngel |
Ne daj boze pak nesto da se zaebe,:(((
Neka pominat uste ovie dve tocki,pa posle ke vidime kaj sme.
Fakticki ni albanskite partii nema sto poveke da baraat,a i makedonskite opozicioni partii nema za sto da debatiraat.
Daj boze togas da pocneme NAVISTINA da mislime za idninata! |
bojan81 |
Sto se sekiras, jas odam vednas i kupuvam eden orel za doma. Sakaj ja drzavata i napravi go i ti istoto, jas sum resen mesto drzavata mene da me d.upi, jas ke pravam se sto znam deka ke saka da napravi za da me provocira i nervira.
Znaes StormAngel, jas im vikam na moive poznanici da dadat otkaza zosto ke im dade drzavata za vozviseni ideali za pravicna zastapenost na abanciete. A oni ne sakat, djubrinja animakedonski sakat da i nastetat na makedonija. Kazi sto da se pravi. Oni se mnogu ograniceni bes nikakva vizija, daj kazi nie vaka po pametnive kako da im objasneme, deka toa e za nivno dobro.
|
трендафил |
quote: Originally posted by StormAngel
Ne daj boze pak nesto da se zaebe,:(((
Neka pominat uste ovie dve tocki,pa posle ke vidime kaj sme.
Fakticki ni albanskite partii nema sto poveke da baraat,a i makedonskite opozicioni partii nema za sto da debatiraat.
Daj boze togas da pocneme NAVISTINA da mislime za idninata!
Албанците во Македонија се однесуваат како мали разгалени деца. Стално нешто бараат, а ние ги имаме научено да им удоволиме. Дали во таков случај се виновни децата или родителите?
И кога ќе се реши „проблемот“ со употребата на етничките знамиња, кои наводно не смеат да бидат исти со тие на Албанија (зошто употребуваме општ збор странска држава кога само една етничка заедница боледува од комплексот етничко знаме кога се знае дека знамето е државен симбол на начинот на кој се употребува во Македонија) господата ќе пронајдат друг проблем. Зошто, на пример, државата не превземе мерки во Шипковица да растат калинки и слично. Не е проблемот во решавањето на проблемите, туку во тоа што некој сака да прави проблеми. А со такви не се бара решение во задоволување, туку со одлучно спротивставување на барањата.
Би поставил и друго прашање. Ако во моментов не е дозволена употреба на било кое знаме сем државното, а не се санкционира редовната употреба на странски знамиња (дури и владеечката ДУИ користи само странско знаме, сем ако не се обраќа до будалестиот дел на македонци пред референдум или пак државата финансираше прослава на денот на албанското знаме), кој ќе го направи тоа после донесувањето на законот. Дали и новиот закон ќе биде донесен само за да има закон во согласност со Рамковната спогодба и наводно да се затвори еднаш за секогаш истата? Ќе побара ли некој вистинско разоружување (актуелен пример Кондово) и враќање на бегалците (Матејче, Арачиново...) или и без нивно исполнување Рамковната ќе се смета за исполнета? |
vulgaren |
Edini krivec na ova e vladat na koja i zema dolgo vreme ova da go regulira. Toa se pravi preku nok.
Sepak - I jas mislam deka so ova ke se sredi ova prasanje. |