За македонскиот Александар III | |
Gjoko | Vo deneshniot broj na Vreme: За македонскиот Александар III Митко Б. Панов „Мислам дека во тоа време не постоеле народ ниту град што не дознале за името на Александар. И јас сметам дека не без божествена волја се родил тој човек, кому му немало сличен. Се зборува дека на тоа укажувале и претскажувањата при смртта на Александар и различните виденија и различните сништа на луѓето; почестите, давани нему од луѓето до сегашни времиња; споменот што тој го оставил за себе како вишо суштество; претскажувањата, кои и сега, толку време подоцна, му се даваат, од почит кон него, на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД". Овие завршни зборови на грчкиот автор Аријан, еден од најважните извори за животот и делото на Александар, составени 500 години по смртта на македонскиот цар, најилустративно сведочат дека историската традиција за Александар, која била одржувана низ вековите, директно била поврзувана со древните Македонци - факт што го признавале и самите тогашни Грци. Дали денешните Грци мислат на истиот Александар III Македонски, чија смрт, според Диодор Сицилиски, била искористена од грчките градови-држави предводени од Атина за нивно обединување против Македонија за „да ја одбранат својата слобода и да се ослободат од деспотизмот на Македонците"?! Дали како на „свои" гледаат и на наследниците на Александар, како на пример, на македонскиот цар Касандар, кого грчкиот автор Павзаниј го нарекува „големиот мрзител на Хелените" или на царот Антигон I, кој поставил „најмногу тирани на Хелените"?! Или на надменото однесување на македонскиот цар Ангитон II при неговиот избор за командант на сојузот со Ахајската лига во 224 г. пр.н.е. - чин што грчкиот автор Плутарх го осудил како „недоличен за Хелените" бидејќи бил избран за командант од „оние што воопшто не водат сметка за благородниот хеленски род". Дали истоветно денешните Грци гледаат на македонскиот цар Филип V и на штетите што „царската куќа им ги причинила на Хелените", поради што биле упатувани апели до Филип V „да престане да ги уништува Хелените"?! Или на ставот на Римјаните, пренесен од Плутарх, кои сметале дека „Хелените не можат ниту да помислуваат на слобода" се додека Филип V и Македонците ги владеат Халкида, Коринт и Деметријада, кои важеле за „окови на Хелада". Или на религиската одмазда што Македонците честопати ја извршувале преку разурнување на хеленските храмови, кога им било сквернавено религиското светилиште Дион. Или на римскиот император Каракала, кој се идентификувал со Александар Македонски и поради тоа до таа мера ги „сакал Македонците", што одделни Македонци поставувал на високи функции само поради нивното етничко потекло. Или на римскиот император Александар Север, кој одел дотаму што личностите што ги носеле имињата Александар и Филип автоматски ги поврзувал со нивното македонско потекло. Или на императорот Максимијан Галериј, кој кон крајот на III век почнал да се идентификува со Александар Македонски, поради што за свое седиште го одбрал градот Солун, каде што во тоа време биле силно почитувани традициите на древните Македонци. Или на... Ако се погледнат мноштвото историски извори, повеќето напишани и од грчки автори, стануваат јасни очајничките обиди на денешните Грци да ги сочуваат Александар и античка Македонија како „свои" и да ги претстават како дел од „својата" историја. Доволно е само да се погледне неоспорниот факт дека самиот Александар во изворите е идентификуван како Македонски, Македонец и како цар на Македонците, а во ниту еден извор како Хеленски или Хелен или цар на Хелените, за да се увиди апсурдноста на грчката теза. Грците, всушност, се повикуваат на вештачки конструираната историска теза создадена во 19 век во времето на формирањето на грчката современа држава. Тогаш тие, со поддршка на западната историографија, ја присвоија античката историја на Македонија, со едноставно прилепување на термините „хеленистички" и „хеленизам". Оваа вештачка и неаргументирана историска етикета доби посебно значење за Грција по припојувањето на делот од Македонија за време на балканските војни. Таа од политички причини се етаблира и во поранешна Југославија, преку тенденциозното занемарување на проучувањето на историјата на античка Македонија. Таа премногу долго опстојува и дури и денес одредени македонски автори по автоматизам го користат терминот „хеленизам", што не значи ништо друго освен апсурдно упатување на „грчкиот" карактер на историјата на Македонија за периодот од Александар до 31 г. п.н.е. Од тие причини, долго време беше занемарен и римскиот период од историјата на Македонија, а особено периодот на IV и V век, што имаше цел да не се открие континуитетот на егзистирањето на древните Македонци на територијата на Македонија и поврзаноста на нивните традиции со Александар. Публикувањето на Историјата на македонскиот народ во 2000 година, каде што многу од овие прашања првпат беа засегнати и расветлени, за жал, остана незабележано во македонската јавност. Затоа, пак, во Македонија огромен публицитет доби филмуваната сторија за Александар или сместувањето на кратката историја на Македонија на сајтот на Стејт департментот. Тоа само ја потврдува длабоката апатија присутна кај Македонците и инфериорноста, рефлектирана преку чувството за надворешна потврда за сопствената историја и идентитет. Популаризацијата на Александар преку најновиот филм, комбинирана со признавањето на уставното име од САД, предизвика панична реакција кај Грците, кои изрекоа остри критики во однос на претставувањето на сексуалната ориентација на Александар во филмот на Оливер Стоун. Ваквите реакции не беа ништо друго освен обид на сосема неприроден начин да се прикажат како заштитници на личноста на „својот" Александар. Колку и да се обидуваат денешните Грци на секој начин да го оневозможат разобличувањето на „нивната" историска вистина за Александар МАКЕДОНСКИ, самите изворни податоци и археолошки откритија неминовно го прават тоа, и ќе го прават во иднина. Секој народ има потреба за почитување и негување на своите историски херои. Меѓутоа, тешко може да се разбере тенденцијата на денешните Грци по секоја цена да ја одржат сликата за „нивниот" херој Александар и да се повикуваат на историскиот ексклузивитет и неотуѓиво право на Александар - истиот оној што Хелените ги држел во покорност и ги користел за своите експанзионистички планови, и истиот оној кого самите тогашни Хелени го гледале со презир, омраза и страв како Македонец! Ваквата тенденција може да се разбере само преку креирањето историја за Александар, но познат единствено на денешните Грци. Авторот е доктор по историски науки Pozdrav vo 7 i 15 sabajle po nashe |
n/a | Doktore - Grculjadav najcesto se faka za grckiot jazik - imas li nekoj link ili da pises za jazikot na Makedoncite? |
Gjoko | quote:Zdravo, Zal mi e shto ke te razocaram bidejki po moja greshka krajot na tekstot shto go citirav od vesnikot zavrshuva bez navodnici inaku g-dinot Mitko B. Panov e doktor po istorijski nauki jas ne sum nikakov Dr., mozam samo da kazam ljubitel na istorijata. Ushte ednash izvini za greshkata a i na drugite citateli od forumot dokolku sum gi dovel vo zabluda. Pozdrav |
n/a | Публикувањето на Историјата на македонскиот народ во 2000 година, каде што многу од овие прашања првпат беа засегнати и расветлени, за жал, остана незабележано во македонската јавност. Dali nekoj znae shto toa razjasnale shto do sega ne go znaeme? |
Christian | quote:jas go znam i imam dokazi.odi dzitni se vo crno more sea. |
Christian | [:D][:D][:D] |
n/a | Аве аз кат гледах Ал. Блгарски там го изкараха ПИДИРАСТ! Верно ли ве? Иииибахти, целата ви нация блгарска ли и пидирастка ве? Да иба блгарите! Муаахахаха [:o)] [:D][8D][:D] [8)] |