Posle Kondovo, Poroj i Dzeptiste |
Makjedok |
Во некои тетовски села се уште шетаат вооружени лица
Порој станува второ Кондово?
ТЕТОВО - Се случува ли во тетовски Порој нешто слично како во Кондово? Ова прашање му го поставивме на висок функционер во СВР Тетово, а неговиот одговор беше: ?Може да се рече дека во тоа има извесна вистина. Таму и во соседното Џепчиште има повремени групирања, па и инциденти кои се предизвикани од вооружени групи и поединци. Опасностите од нив се очигледни. Полициски екипи, сепак, патролираат и во двете села". Нашите извори велат дека Порој и Џепчиште претставуваат потенцијална опасност. Најнапред и во двете села очигледно е дека има големо количество илегално оружје . Во двете акции за собирање на оружјето овде резултатите беа симболични. Се дознава, исто така, дека ?одделни акции и активности во овие две села се одвиваат во координација со Агим Красниќи од Кондово", чие влијание било очигледно.
Фактите зборуваат дека контролата врз безбедносната состојба во Порој не е целосна. На 7 октомври годинава во непосредна близина на селските гробишта од автомобил е пукано од автоматско оружје во правец на двајца вработени во Секторот за внатрешни работи. Среќна околност е што Сашо Аризанковски, полициски инспектор, кој бил уште со едно лице и двајцата во цивилни облеки, поминал само со ранување во ногата. Полицијата има сознанија дека Бурхамедин Нухиу е човекот што пукал и дека не бил сам во возилото. Пред пет дена имаше повторен инцидент на Нухиу со припадниците на полицијата, кој им се заканил дека не смеат да ги бркаат илегалците од Албанија, а ако тоа се случело, во неговото село и во соседното Џепчиште ќе решавал на негов начин.
Во полицијата наведуваат дека во двете села има и други криминалци. Се споменува и присуството на Даут Реџепи-Лека, чие семејство живее во Порој, а тој е осомничен за исчезнувањето на дел од 12-темина киднапирани Македонци во времето на воениот конфликт, чија судбина до денес не е позната. Извори на ?Утрински" наведуваат дека има и поединечни случаи на контрола на сообраќајницата Тетово - Јажинце, која минува низ Порој и Џепчиште, особено во ноќните часови. Се посочува дека се појавиле луѓе облечени во униформи на безбедносните сили на Македонија, кои на надворешната стрдана од еполетата имале ознаки на официјални чинови, а од внатрешната двоглав црн орел, симболот од знамето на Албанија. Тоа се сознанијата на органите за внатрешни работи, кои велат дека нивните полициски екипи патролираат низ двете села, но дека опасности и натаму постојат.
http://utrinskivesnik.com.mk/default.asp?pBroj=1643&stID=26515&pR=2
Alo Afrika, whatґs up?
|
bojan81 |
Obicna,propaganda ete toa e toa. Albancite se miroljubiv narod koj se borat za svojte prava. A tie vooruzeni licia daj boze da gi ima sto poveke se albanski patrioti koj si ja sakaat drzavata i znaat kako se doadja do pravata na albanskiot narod. Zosto nikoj nisto ne napise za onie gadovi antimakedonski koj sakaat makedonija da e na makedoncite, pa sto se albancite, ne li se ludje ne li treba da ziveat i oni. |
concrete |
Da be ima ovoj Bojan81 pravo, treba be da se smackaat onie gadovi antimakedonski, kakva be Makedonija na makedoncite,sto sakaat tie, maltretiraat eden miroljubiv narod koj se bori za svoite prava, koj e be toj sto go sprecuva da se mnozi,daj boze da gi ima sto poveke tie vooruzeni licia koi se albanski patrioti koj si ja sakaat drzavata, ne li se ludje ne li treba da ziveat i oni!!!!! BANZAIIIIIII , !!!!!! |
concrete |
Ne znae covek sto da pravi , da place ili da se smee !!!!
|
Misirkov |
Borcite za prava vekje imaat svoja avio kompanija:
http://ww2.flugzeugbilder.de/27/23/1098741368.jpg
Ne kje valjda da go prosvercuvale u delovi...
|
concrete |
Prema okolinata i markerite, snimeno e na Ciriskiot Kloten , avionot e nekoj model na Airbus A320 so Svajcarska registracija, verojatno na kompanija od koja se unajmuvaat so ispisana"firma" za slikanje i calam na nekoja turisticka kompanija. Interesen e taka nareceniot tail-art nekoja kombinacija na albanskiot orel so saudiski detalji. Verojatno od nekoj takov izvor se i parite za naemot.
Napreduvaat, napreduvaat......
|
Misirkov |
Napreduvaat ama pak se razdvoeni: parite za vtorava idat preku Rugova: [;)]
http://www.helvetic.com/en/Default.aspx?PageID=Odette
|
concrete |
Kaj samo gi naogas linkovite. MD83, he,he!!! |
Misirkov |
Air Prishtina (ama pazi vistinskoto ime mu e "Jet Club")[:D] e bankrot samo po eden mesec rabota.[8D]
Proektot Odette Airways e zavrsen i sega se vodi pod Helvetic.com. MD83 vekje ne leta,[:D] sega imaat eden Foker 100.
A be ovie ne mozat mesna zaednica da organiziraat; jas stvarno ne znam kako sakaat Kosovo da bide nezavisna drzava[?]
|