Македонски криминалец ја промени историјата
Македонски криминалец ја промени историјата
OooOo ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ ТУЊИЦЕ ТВРДИ Македонски криминалец ја промени историјата на БиХ На затворениците Кристијан Каревски (25) од Скопје и Дејан Каралиќ (37) од Белград, кои во четвртокот успеале да избегаат од затворот "Туњице" на спектакуларен начин преку затворскиот ѕид висок повеќе од пет метри, им помогнале вооружени лица од надвор. - Ова е прв пат во историјата на БиХ вооружени лица да нападнат затвор и да ослободат затвореници - изјави Стојан Давидовиќ, директор на затворот "Туњице" во Бања Лука. Одлично организираната акција почнала точно во 18.30 часот, додека другите затвореници и чуварите биле на редовното постројување. Според Давидовиќ, бегството се одвивало со "филмска брзина", што покажува дека се работи за добро организирана акција, која е планирана подолго време. Полицијата покренала истрага за да се утврди дали некој од затворот им помогнал на затворениците да избегаат, а била најавена дисциплинска постапка против чуварот. Непознатите вооружени лица што им помогнале на двајцата затвореници да избегаат се прекачиле преку затворскиот ѕид со помош на алуминиумски скали, кои ги потпреле на надворешниот ѕид на затворот, оддалечен неколку метри од собата во која биле Каралиќ и Каревски. Потоа, тие ја исекле бодливата жица и се префрлиле со скалата од внатрешната страна. Во меѓувреме, Каралиќ и Каревски, кои биле сместени во иста соба, почнале да тропаат на вратата и да го повикуваат стражарот. Затворениците побарале од него да им дозволи да сварат кафе, што вообичаено го правеле во тоа време од денот. Кога стражарот отворил, затворениците го треснале со вратата по главата. Тој паднал на подот, а затворениците побегнале. Според добро испланираната акција затворениците истрчале надвор, на договореното место, а по нив трчал стражарот. Кога излегол во кругот на затворот, стражарот ги видел затворениците како со скалата се прекачуваат преку затворскиот ѕид, а на ѕидот стоеле вооружени лица со пиштоли, кои го предупредиле да се повлече. Затворениците прескокнале преку ѕидот и исчезнале во мракот. Чуварите биле веднаш известен и почнале да ги бараат бегалците, но не можеле да ги пронајдат бидејќи во близина на затворот имало густа шума. Ниту полицијата, која организирала потера за само 20 минути од бегството, не успеала да им ја открие трагата. Каралиќ и Каревски биле сместени во Ц-одделението, наменето за тешките престапници. Тие биле изолирани и не можеле да контактираат со други затвореници ниту во кругот на затворот, па затоа се решиле да избегаат во текот на редовното постројување. Полицијата утврдува како е можно надворешни лица да дојдат до секторот "Ц", каде што се сместени затвореници со посебен третман и кој е под постојан видеонадзор и стражари. За Каралиќ и Каревски била распишана потерница, а за нивното бегство е известена и Државната гранична служба на БиХ.Кристијан Каревски бил осуден на 14 години затвор поради тешки разбојништва и кражби на подрачјето на Модрич. Во притвор бил од 29 февруари 2000 година, а на 21 јуни бил осуден и почнал да ја издржува казната во затворот Фоџа, од каде што два пати побегнал. Во Бања Лука е префрлен на 10 август годинава, а требало да излезе на 11 октомври 2015 година. Каревски бил и претходно осудуван.
AlF0t Bravo :)
cile svaka cast momci ..!!
Divider Mnogu gledale filmovi!
dbk
quote:
Originally posted by Divider
Mnogu gledale filmovi!
Па и филмовите се снимани според вистински случки [:)]