Grcki Izvori: Pregovori do 17/12 |
vulgaren |
Spored Grckata Press:
According to information, the United States want the issue to be resolved by the EU Summit meeting on December 17.
...za 10 dena imeto dogovoreno? Posle 10 godini!!!!
Vcera imaa pregovori i sega na 12 pak? Vo meguvreme Kondovo se pojavuva...
Nesto se kuva na golemo....sto? |
concrete |
Ovoj Frckovski e luciden , nema sto,uste da go resi privatniot problem na superioren stav kon pomalku umnite , na sto apsolutno ima pravo ,ama e epten neprifatliv vo makedonskava sredina koja istoriski ne priznava avtoriteti, bi bil i dobar materijal. A koga pak bi imal i malku pogolema licna hrabrost....... |
concrete |
Ke se vidi na 13!!!Dobar datum. |
Sotir |
На 12-ти ќе не признаат грците под уставно име.[;)][:D] |
vulgaren |
a na 1 jauari 2005 grcija stnuva gostin clenka vo UN security council - Makedonija javno izrazi deka nema da pregovara dodeka ne prestane sto e edna godina mislam... |
concrete |
Eh sto se ne Makedonija javno izrazila,
pa nikomu nisto !!!! |
intel |
quote: Originally posted by vulgaren
Spored Grckata Press:
According to information, the United States want the issue to be resolved by the EU Summit meeting on December 17.
...za 10 dena imeto dogovoreno? Posle 10 godini!!!!
Vcera imaa pregovori i sega na 12 pak? Vo meguvreme Kondovo se pojavuva...
Nesto se kuva na golemo....sto?
Кој отиде како попче во Кондово да преговара,додека амбасдата на САД е буквално под опсада. |
Misirkov |
Колумна - Љубомир Д. Фрчкоски
Дупка во телевизорот
Полицијата, која по сите рапорти на сите меѓународни институти и мониторинг-групи беше најдобра во регионот, најспособна и најмалку корумпирана, сега не може да се справи со "три битанги" во Кондово
Драги мои сонародници, дали некогаш сте посакале да направите со нога дупка во телевизорот? Сте се прашале дали некогаш не е во ред со вас, по таков нагон? Со Вас е се во ред, драги мои, со Нив не е во ред ништо!
Како и секогаш, успеваат да ја заменат тезата и да ја окупираат јавноста со "ангажиран за составување нова влада"? Исти "шупци" ваму-таму! Во меѓувреме успеаја да ја урнат полицијата на Република Македонија на најниски можни гранки. Без командни способности (според македонските граѓани). Корумпирана и слаба за борба со организираниот криминал (според извештајот на европските институти достапен во јавноста деновиве). И тоа, драги мои, властите го нарекуваат прогрес кон европските вредности. Како е тоа можно? Како е можно, таков регрес по сите основи да се именува како прогрес? Мора да е нешто темелно урнато кај нас во способноста да се анализира реалноста! Тоа е некакво извртено губење на смислата, што во ЗЕН-филозофијата се нарекува САТОРИ.
Полицијата, која по сите рапорти на сите меѓународни институти и мониторинг групи беше најдобра во регионот, најспособна и најмалку корумпирана, сега не може да се справи со "три битанги" во Кондово. Политичари се ангажираат во преговори за "решавање на спорот" и, според медиумите, се очекува "трите битанги" од Кондово да соопштат политички барања?
Оваа атрофија и понижување ниту е ниту некогаш ќе биде толеранција и меѓуетничко разбирање. Ова не може никој сериозен на светов да го рационализира. Ова е таква КАЛ од слабост и очај на кој се обидуваат да не навикнат, што удар во телевизорот е мошне разборит гест, дополнително на своја материјална штета.
Со вакво однесување властите Македонија ја нудат на пазарот на сиви зони за сите видови деспарадоси, а најмногу за оние од Косово. Ние сме со посредство на властите веќе ставени на пазарот за поткусурување.
Ме фасцинира начинот на кој Американците решиле "да не БИДЕ" во контекст на одлукава на нашиве, да не не биде! Тој инстинкт и искуство во социјален конструктивизам кај нив е импресивен, кога ќе донесат одлука и кога ќе "запнат". По долги години и стотици брифирања и дебати со нивните експерти и политичари, тие конечно, како никоја друга земја од ЕУ, а најмалку секако нашиве соседи, разбираат во што е проблемот на стабилизирање на јужниот Балкан. Клучот е Македонија, а не Косово. Тоа е вечното мултикултурно јадро на целиот регион кое мора да се стабилизира, за да се стабилизира се околу него, е не моментно нерешеното Косово. Тоа е првата одредница која ја разбраа, втората е дека стабилизација нема да се случи ако се клати, ниша, етничкиот идентитет на Македонците, преку името на државата. Признавање на уставното име има неколку јасни пораки: една кон Албанците, дека стабилизирањето нема да оди со прекројување на границите во регионот, дека Македонија е таа и таква ќе остане. Друга е кон Грците (ги одвојувам сега нивните посебни процени на односот на Грција кон Американците и најсилниот во регионот антиамериканизам, оној на Атина, позицијата околу блискиот исток и големиот број на терористички акти против Американци, Британци и сл. на грчка почва, како и односот на грчкото лоби кон изборните штабови на Буш и Кери): а тоа е дека државата Македонија не ги загрозува иредентистички е дека нејзиното име е нејзино внатрешно прашање. Трета порака е кон нас: поддршка на сојузниците и помош кон внатрешните наши "какофонични" поделби за стратешките национални интереси. Американците со одлуката за уставното име не спасија од нас самите и ни помогнаа да ја консолидираме нашата историја!?
Дополнителната мапа за потребите на нивната војска, ги објаснува државно-територијалните врски на старомакедонската држава со територијата на денешна Република Македонија (со што се прави точен и "ментален" идентитет на двете држави) и се дополнува дека старо македонската држава се претегнала и на делови на северна Грција и југозападна Бугарија. Тоа дополнето со мапа на етничка Македонија! Ваквото мондијализирање на аналогиите и совпаѓањата е неверојатно важно за нашата културолошка кауза. Како го "удираат шамарот" тоа го прават до крај.
Но што е побитно, Американците го затвораат кругот на стратешките заклучоци за стабилизацијата на Македонија со разбирање на важноста на коридорот исток-запад. Деновиве во таа смисла гледаме дека го активираат повторно (не знам којпат) АМБО-проектот со намера да издржат на него, наспроти Грчкото кукавичјо јајце, нафтоводот Бургас - Александрополис.
Со еден збор, драги мои, нашите сојузници не заборавиле на нас, како што нашиве упорно се самозабораваат.
Најголема опасност за нас е нашата "офанзивна дипломатија" која со познатата тактика да се напредува со га..т напред може во својата инфериорност да се импресионира од грчките понуди на решавање на спорот со разни меки компромисни формули. На инсистирањето од Грција на процедура: продолжување на преговорите, ние мора да спротивставиме повторно и повторно теза за АПСУРДНОСТА И НЕЛЕГИТИМНОСТА (од аспект на меѓународното право) на темата за која се преговара. Само со инсистирање на нелегитимноста на темата за преговори можеме да ги затвориме преговорите.
Дополнителен проблем за нас се "грчките инсталации" во политиката кај нас, кои сметаат дека "ќе победиме со името Горна Македонија"? |
Sotir |
quote: Originally posted by intel
quote: Originally posted by vulgaren
Spored Grckata Press:
According to information, the United States want the issue to be resolved by the EU Summit meeting on December 17.
...za 10 dena imeto dogovoreno? Posle 10 godini!!!!
Vcera imaa pregovori i sega na 12 pak? Vo meguvreme Kondovo se pojavuva...
Nesto se kuva na golemo....sto?
Кој отиде како попче во Кондово да преговара,додека амбасдата на САД е буквално под опсада.
- Koj otide?
- Pojma nemam?
- Poenta? |
Strelec |
quote: Originally posted by concrete
Ovoj Frckovski e luciden, nema sto, uste da go resi privatniot problem na superioren stav kon pomalku umnite...
Se soglasuvam so dvete konstatacii!
|
Sotir |
Преговорите во Њујорк продолжуваат на 12 јануари
Македонско-грчките преговори во ООН ќе продолжат на 12 јануари, откако вчера претставници на двете земји во Њујорк одржа средба на која ги презентираа своите позиции во однос на името на Република Македонија, соопшти вчера МНР.
Грчката новинска агенција МПА од Солун вчера јави дека САД сакаат спорот да се реши до самитот на ЕУ закажан за 17 декември.
На средбата помеѓу македонскиот амбасадор во САД, Никола Димитров, и грчкиот постојан претставник во ОН, Адамантиос Василакис, присуствувал и специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН Кофи Анан на разговорите Метју Нимиц. По средбата Нимиц изјавил дека двете страни покажале добра волја.
Грчката новинска агенција АНА, повикувајќи се на дипломатски извори, пренесе дека средбата минала во „мошне добра атмосфера“ и оти двете страни „изразиле желба да продолжат во истиот дух на добра волја се до конечното решавање на проблемот“. Според изворот, како што пренесува МИА, во оваа фаза од разговорите „не е јасно до кој степен делегацијата од Скопје е подготвена да отстапи од веќе објавените ставови, односно двојна употреба на името, во кое ќе биде вклучено и името Македонија“.
|
The_Crow |
E vaka vo vrska so posledniot post na sotir treba malce da se ukaze na toa koi pozicii nasata drzava gi ima vo ramkite na pregovorite so elinite nejkam ni da im go spomnam imeto nie treba niv elini da gi vikame a ne grci megutoa pregovorite se vodat taka kako sto se vodat i toa moram da kazam deka i do sega i od sega pa navamu e neviden presedan vo istorijata na megunradnoto javno pravo i megunarodnite odnosi. Kako prvo voopsto nema potreba da se vodat pregovori so juznacite bidejki spored povelbata na organizacijata na obedinetite organizacii i spored vienskata konvencija za dogovorno odnosi sekoja drzava ima pravo da se vika onaka kako sto saka i toa za sega ne e sporno i naprotiv dlaboko prifateno od poveketo megunarodni diplomati. E sea ako e toa taka a veruvajte taka e makedonija nema potreba ednostavno stop da pregovara so juznacive. Nie imame jasen stav deka sme Republika Makedonija i deka taka sme primeni vo obedinetite organizacii. Na sobirot sto na Pravniot Fakultet se odrza vo ponedelnikot se povtori stavot na Profesor Ljubomir Danailov Frckovski deka R.Makedonija voopsto ne treba da brza vo sporot so grcite i deka treba tie da go povlecat prviot poteg. Nie vodime eden sprema nula so grcite bidejki nas usa ne prizna pod ustavnoto ime e sea sto makedonija posle ova treba da raboti na diplomatski i megunaroden plan e da se zalozi ili toa diplomatski kazano e da lobira kaj zemjite clenki vo unijata da ne priznaat pod ustavnoto ime i posle grcija sakala nejkela ako toa ne go pocituva ke dobie sankcii a mislam deka toa grcite i nema da go posakuvaat bidejki ke spizdat. Megutoa pak ke povtoram neame nie spremni luge za lobiranje i pak ke go padnime ispitot osven ako ne se sluci cudo pa evropjanite ni se sozalat i ne proglasat pod r.makedonija togas grcive sakale nejkat i ke ne priznaat i tie po sto ke se normaliziraat makedsonsko-grckite odnosi iako pak na site ke im bide jasno deka da si makedonec vo gr ili kako turist ne e basa pozelna rabota. |
concrete |
Ima edno pravilo : ako ne znaes sto treba da pravis , ne pravi nisto.
Stetata e sekogas pomala.
|
vulgaren |
A ja ne ni sfakam sto nasive pregovaraat koga ke im gi pogledas kartite?
Drugi opcii pored Republika Makedonija nema! Gorna, dolna, severna, nova ne e mozno posto Makedoncite veke se opredelile.
Ic ne mi e jasno sto se pregovara? |
concrete |
Ex, da e se taka ednostavno!!!! |