Иден министер - воен злосторник | |
трендафил | quote:Машинскиот инженер што ќе стане министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е еден од луѓето што во 2001 година го направи военото злосторство запирање на водоснабдувањето на цивилното население на Куманово. Веројатно поради тоа и ќе биде министер за водостопанство. Да ја пресуши Македонија. |
zmba | quote:Секако дека си во право. Еве што пишува за министерот во весникот Вест. Ене го Садула Дураку, човекот што ја сопре водата во Липково во 2001 и Куманово го држеше без вода цело лето, сега ќе има дипломатски пасош. Него вчера го избраа за министер за земјоделство, водостопанство и шумарство. Дојде од шума, ја исуши водата, сега ќе ја дели земјата. Агим Красниќи има големи шанси да го надмине Дураку во политичката кариера. Тој преку Кондово го контролира изворот Рашче. Ако Дураку што ја сопре водата за Куманово заслужи да биде министер, Красниќи, кога би го оставил Скопје без вода, ќе заслужи да биде премиер. Подетално на http://www.vest.com.mk/default.asp?id=88479&idg=5&idb=1343&rubrika=Prilog |
jamajka | quote:2. Alternativi ima eden kup, no se ukutkani, ne se dava mesta za zdrava ideja vo drzavava. Pred se toa e problem na bipolarnosta i ona "Ako ne si so nas, togash si so drugite". Jas ova zlo vo poslednite 14 godini go narekuvam, ednopartiso vladeenje na partijata SDSM-DPMNE. 3. Dokolku dojde (a doagja), narodot da presuduva, togash besilkite se najnormalna pojava. A pokraj suvoto ide i surovoto. Zamisli situacija vo Makedonija posle 20-30 godini, vleguvash vo kabinet na minister nekoj, toj sedi u fotelja, a pozadi nego slika od obeseni ministri od toa ministerstvo, a na chelo sliki od obeseni premieri. Avtomatski znaesh deka tipot ke bide OK, i ke raboti za dobroto na narodot [;)] Shala na strana, edno e da zasluzish, drugo e da dobiesh...no sepak smetam deka ja imaat dobieno zaslugata. |
Strelec | Кога реков ’тогаш СДСМ’, не мислев дека така се викала партијата, туку потенцирав во која партија бил тогаш Петар Гошев. Името на партијата е тотално ирелевантно за темата за која разговараме. А во врска со Киро Глигоров, убеден сум дека си во заблуда. Имињата на министрите од СДСМ (или ако ти звучи поубаво - СКМ ПДП) се обиде да му ги наметне Црвенковски. Со нагласка дека и тоа е беззначајно за темата за која говориме. Целта ми беше да го потенцирам тоа што го ставив во првата реченица од мојот пост, а тоа беше дека: “Петар Гошев своевремено го одби мандатот за премиер со образложение дека не бил во можност да формира ’свој’ тим...“, алудирајќи на тоа да се направи сопредба со актуелниов момент. |
lav | quote:За Црвенковски никој (во тоа време ) не знаеше во форма и облик на денешниве сознанија за него ...оти си беше само пулен на Гошев. А за Киро-та е 102,3% точно како Јас напишав. Тој кажа дека НЕ Е КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР ЗА ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА , а Бранко си стана таков ...за повеќекратна употреба и сите видовме до каде не доведе сите нас. пс Како повеќепати користена тоалетна хартија |
Strelec | Не ти ја знам возраста... Претседател на партијата тогаш беше Бранко Црвенковски и како претседател на партија дефинитивно дека не бил само пулен на Гошев. И токму тоа недоразбирање помеѓу Црвенковски и Гошев го мотивираше овој вториов да формира нова партија (Демократска партија). А Киро Глигоров имаше директно влијание во изборот на премиер единствено во случајот со Александар Лепавцов (кога го одби предлогот на ДПМНЕ да му го додели нему мандатот). Зборувам за првиот сотав на парламентот и за распределбата на најзначајните функции во државата. |
dejan | kade e sega nekoj da go ubi ovoi vo avion? i koi dozvolil ova?! nekoi sto pret 3 godini, sve najloso posakuvase za edna zemja (kako deneska) a sega minister ke bide?! zhalno!!! neznam, koi moze da dozvoli ova?! |
SLaCk | Moze da go dozvoli noviot mandator kaj narodot popoznat kako bUCKo.I ne samo sto ke imame komandant tuku i Budzaku ke si ostane vo vladata iako pred nedela dena "principielniot" Bucko ne uveruvase deka vladata ke nemala moralen kredibilitet so Budzaku vo vladata.No jas se soglasuvam so Budzaku pa od nego ima daleku pokorumpirani ministri Makedonci zasto i toj da ne si zima od medot?Kradete duri mozete - duri ne ve smenat toa im e moto na kvazikomunjarite + UCKite.Spas?Izbori. |
Strelec | quote:Slack, по којзнае кој пат се издаваш момче...!?:) И 100 Буџаковци да има во владата нема да ти пречат, доколку покрај нив има и неколку ДПМНЕ-вчиња!:) |
f9 | AAAAAAAAAA izvinete !,ajde stopirajte se dvajcata ovde.Ne ni trebaat argumenti od vakov tip. Fakt e deka SDSM gi pribra vo vladata predstavnicite na DUI.Ne se zamaram so diskusija da zboruvam za VMRO, koga edna potencijalno kriminalna lichnost ke e minister druga izvrshitel na zlostorstvo protiv graganite na Kumanovo.Kolku i da nishaat so glavata Premierite na Makedonija ne se kukli,tie imaat direktna odgovornost i ne bi prifatil deka za izborot na ministrite treba da postoi nekakov vish avtoritet.Kako shto se formira ovaa vlada se smeta deka e so slabi mozhnosti i ingerencii. Vistinskoto prashanje e ne vo tie nekakvi si problemi koj se javija so ostavkata na Kostov,i povtorniot izbor na Budzaku.Toa seto mozhe lesno da e organizirano za da se odolgovlechuvaat nekoj procesi kaj nas. Vistinskoto prashanje e :DALI SDSM I RAKOVODSTVOTO NA DUI JA ORGANIZIRAA VOJNATA VO 2001! Kako shto proizleguva od nastanite posle vojnata ,na vlasta im fali samo ushte Leka. |
Strelec | Петар Гошев своевремено го одби мандатот за премиер со образложение дека не бил во можност да формира ’свој’ тим, туку министрите требало да му бидат наметнати од страна на самите партии. Дури и за белјата да биде поголема, најголемиот проблем го имаше со својата партија (тогаш СДСМ)!? Оттогаш наваму тоа веќе стана вообичаена практика при формирање на секоја влада, што значи дека партиите што партиципираат во владата, самите ги одредуваат своите министри. Значи ова со новиот министер за земјоделство му доаѓа нешто како континуитет на таквиот принцип, но дефинитивно е дека ова е најненормалното нешто што можеше да го дозволи новиот мандатор!? Пардон... постои и нешто што би било уште поглупо, а тоа е водачот на криминалната банда од Кондово, Агим Красниќи да го стават министер за внатрешни работи. Но кога е Бучковски во прашање, кој смее да ја отфрли и таа можност!? |
jamajka | quote:Prashanjeto e na mesto i chesto i segashnata opozicija go postavuva, so cel da se ispere od grevovite. No dokolku pochneme da prashuvame pri odgovor na sekoe prashanje, mora da odgovorime na ushte drugi novi vistinski postaveni prashanja. Eve drugo prashanje koe proizleguva od tvoeto. Dali togashnata opozicija beshe vistinski opozicija i dali togashnata vlast beshe navistina vlast ? Ima i drugi. Dali planot za podelba na Makedonija (shto beshe predstaven pred 3-4 godini) ne e zaednichki na site shto dosega zemale uchestvo vo vlasta vo poslednite 14 godini (jas ne gledam deka kon neshto drugo se dvizi Makedonija vo poslednive 14 godini)? Delbata shto ja pravat partiite vrz narodot, se poveke i poveke e poizrazena, vnatreshni delbi vo sdsm, vnatreshni delbi vo dpmne i taka nataka. Jas vikam i ne e vazno koj shto napravil, odgovornosta ja snosat site shto bile ovie 14 godini na vlast. Poveketo od niv se za besilka. |
Strelec | quote:Три мисли во глава ми се наметнуваат од ова: 1. Точно е дека одговорноста лежи кај сите што претходниве 14 години беа на власт во Македонија. 2. Многу жално е што не се појавуваат добри алтернативи на политичката сцена во Македонија. 3. Бесилките сепак мислам дека се престрога казна!:) |
sapeski | quote:Уште важат и се спроведуваат во Тексас! [:)] |
lav | quote:Исправки кои се неопходни , за да се биде исправно и како што си било во тоа време (почетокот на плурализмот во Македонија) , а е напишано во твојот текст: 1.Партијата беше СКМ-ПДП а не како си напишал (тогаш СДСМ) 2.Министрите на Гошев му ги НАМЕТНА Ќиро Глигоров а не некои партии ...како дел од неговата „мудра„ политика чии резултати или подобро речено „плпдови„ денес ги береме ...насекаде низ државата Македонија. 3. И самиот не си свесен колку си блиску до вистината пишувајќи дека кога е Бучковски во прашање, кој смее да ја отфрли и таа можност!? |
Thief | Во Кировите мемоари, јасно е пишано дека тој го убедувал Црвенковски дека не треба да ја прифати премиерската номинација од страна на партијата и дека „зе него има време“, но откако Партијата така одлучила - двајцата се согласиле на тоа. Накратко само, во однос на „влијанието“, подоцна (ако инсистрирате) ќе ви го напишам извадокот од „Македонија е се` што имаме“, кадешто Глигоров го тврди тоа. |
jamajka | Insistirame, mada hartijata sve trpi :) |
lav | quote:Читај внимателно: Гошев во 1990 година беше председател на „префарбаните„ комунисти тогаш самонаречени СКМ-ПДП во чиј ЦК беше и Бранко ..како негов газолижач и пулен без фунција. На првите плурални избори во 1990 година ПОБЕДИ партијата ВМРО-ДПМНЕ ама немаше квалификувано мнозинство САМА да формира ВЛАДА. Не сакаше да коалицира со ПДП (првата шќиптарска еднонационална партија во која само поради регистрација во судот „пристапил„ и некој си Македонец ..адвокат од Тетово и тоа за ПАРИ ...и одкога видел што сторил се повлекол од фунцијата која му била „доделена„ ...само за да се исполни законската норма). Поради тоа Ќиро како самонаречен „предедател„ на „сите„ Македонци мандатот не можеше да му го довери на неговата второпласираната СКМ-ПДП , и за да избегне можност ВМРО-ДПМНЕ да си формира ЛЕГАЛНА ВЛАДА тој Ќиро ...„премудриот„ како милуваше да го нарекуваат напарави МЕК ДРЖАВЕН УДАР ...формирајќи т.н. ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА составена од „експерти„ СИТЕ ПРЕФАРБАНИ комунисти и какко тогаш ги викаа „националисти„. Тоа е воведот во ова денешна како старите ја викаат КАРМАКАША ...каде не се знае КОЈ ПИЕ (јас мислам дека се знае кој е пијаницата) И КОЈ ПЛАЌА , разбира се. Ова е само ВОВЕД а ако те интресираат детали ЧИТАЈ ги книгите кои г.Кљусев ги има напишано за тој не така далечен историски миг во Македонија. |
трендафил | Нешто не ми е јасно. Дали Киро Глигоров, Петар Гошев, Бранко Црвенковски, Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски или Никола Груевски се виновни затоа што воен злосторник ќе стане министер. Само Владо Бучковски не е. Да не беше законот за амнестија и симпатијата на Хашкиот трибунал кон терористите од УЧК, веројатно новиот министер сега требаше да биде во затвор. Во Идризово или Шевенинген. Доколку се донесе закон за амнестија и на сегашните терористи од Кондово, тие ќе бидат во иста позиција како Садула Дураку сега. Дураку беше во притвор, но македонското независно судство го ослободи на 7 октомври 2002, по ГОЛЕМАТА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА на 15 септември истата година. Една од причините за незаконска, предвремена смена на тогашниот обвинител Ставре Џиков е токму обвинението против идниот министер. Не ми е познато во ЕУ или НАТО да влегла некоја земја со министер воен злосторник. Очигледно е дека нашата власт мисли дека за Македонија тоа е предност. Веројатно затоа што воениот злосторник е албанец. Дали за ова е виновна власта или народот што ја трпи? Мислам дека е виновен народот, затоа што и власта е дел од народот. Или треба да биде. П.С.: Не сум видовит, но мислам дека на ниту еден пратеник од позицијата при гласањето нема да му пречи тоа што воен злосторник ќе биде министер. Па не е тој македонец од спротивниот македонски политички табор. |
lav | quote:Затоа ...ако утревечер даваат директно пренос на ТВ за избор на „новата„ влада наречена од мене како ИСТА МЕТА ИСТО РАСТОЈАНИЕ тогаш ДОБРО ЗАГЛЕДАЈТЕ ИМ ГИ СУРАТИТЕ НА ТИЕ ПРАТЕНИЦИ КОИ ЈА ИЗГЛАСУВААТ новата качачко балистичка влада , за да подоцна „презаситени„ од „убавињето„ кои еве 2 и повеќе години ни/ви ги приредуваат , да знаете каде да П(Л)УКНЕТЕ , разбира се в’лице на неранимајковците. |
Strelec | quote:Воглавно ти се точни информациите, иако има и малку ’скршнување’ од вистината... Но, тоа и не е важно... Муабетот ми е дека пишуваш некои работи кои што воопшто не се поврзани со дилемата која што ја расчистувавме. Дилемата се однесуваше на тоа КОЈ бил на чело на СДСМ (или СКМ ПДП, сеедно) во времето кога партијата требаше да ја формира првата ’СДСМ-овска’ влада. Туку ајде прво да се вратам малку назад за да ги дообјасниме работите. Значи, бидејќи ниту една партија немаше мнозинство во првиот состав од парламентот, со договор меѓу партиите беше одлучено СДСМ да предложи претседател на државата, Либералната партија да предложи претседател на собранието, а ВМРО ДПМНЕ (со најголем број на пратеници) да предложи премиер на владата на РМ. Согласно тој договор, Киро Глигоров беше од парламентот изгласан за претседател на државата, а Стојан Андов за претседател на собранието. Кога дојде на ред да се реализира и последната договорена работа, ВМРО ДПМНЕ го предложи Александар Лепавцов за премиер на владата. Киро Глигоров, водејќи се од приказните што се ширеа дека Лепавцов е прилично пробугарски ориентиран (што подоцна и се докажа), одби да му го додели мандатот. Настана еден временски вакуум-простор и за да се избегне непријатната ситуација ’новата’ држава Македонија сеуште да нема влада, беше договорено да се формира експертска влада на чие чело застана г-динот Никола Кљусев. Една и пол година подоцна се случи тоа што се случи. СДСМ, НА ЧЕЛО СО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ, се договори со Либералната партија и со ПДП да ја сруши владата на Кљусев и да формира своја влада, а мандатот за премиер го доби Петар Гошев. Меѓутоа, при формирање на владиниот состав, на Гошев не му беше дадена можноста да се раководи по сопствени критериуми, па Црвенковски и Андов го информираа дека министрите од составот на СДСМ и ЛДП нема да може тој самиот да ги одреди. Од тие причини Гошев го одби мандатот, а веќе два дена подоцна (по договор меѓу Црвенковски и Глигоров) мандат за формирање на влада доби претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. |
StormAngel | Dole Vlada! |
lav | [quote]Originally posted by Strelec
[quote]Originally posted by lav Читај внимателно: Гошев во 1990 година беше председател на „префарбаните„ комунисти тогаш самонаречени СКМ-ПДП во чиј ЦК беше и Бранко ..како негов газолижач и пулен без фунција. На првите плурални избори во 1990 година ПОБЕДИ партијата ВМРО-ДПМНЕ ама немаше квалификувано мнозинство САМА да формира ВЛАДА. Не сакаше да коалицира со ПДП (првата шќиптарска еднонационална партија во која само поради регистрација во судот „пристапил„ и некој си Македонец ..адвокат од Тетово и тоа за ПАРИ ...и одкога видел што сторил се повлекол од фунцијата која му била „доделена„ ...само за да се исполни законската норма). Поради тоа Ќиро како самонаречен „предедател„ на „сите„ Македонци мандатот не можеше да му го довери на неговата второпласираната СКМ-ПДП , и за да избегне можност ВМРО-ДПМНЕ да си формира ЛЕГАЛНА ВЛАДА тој Ќиро ...„премудриот„ како милуваше да го нарекуваат напарави МЕК ДРЖАВЕН УДАР ...формирајќи т.н. ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА составена од „експерти„ СИТЕ ПРЕФАРБАНИ комунисти и какко тогаш ги викаа „националисти„. Тоа е воведот во ова денешна како старите ја викаат КАРМАКАША ...каде не се знае КОЈ ПИЕ (јас мислам дека се знае кој е пијаницата) И КОЈ ПЛАЌА , разбира се. Ова е само ВОВЕД а ако те интресираат детали ЧИТАЈ ги книгите кои г.Кљусев ги има напишано за тој не така далечен историски миг во Македонија. Воглавно ти се точни информациите, иако има и малку ’скршнување’ од вистината... Но, тоа и не е важно... Муабетот ми е дека пишуваш некои работи кои што воопшто не се поврзани со дилемата која што ја расчистувавме. Дилемата се однесуваше на тоа КОЈ бил на чело на СДСМ (или СКМ ПДП, сеедно) во времето кога партијата требаше да ја формира првата ’СДСМ-овска’ влада. Туку ајде прво да се вратам малку назад за да ги дообјасниме работите. Значи, бидејќи ниту една партија немаше мнозинство Мнозинство имаше ВМРО-ДПМНЕ но недоволлно сами да состават Владаво првиот состав од парламентот, со договор Не постоеше „договор„ ами СКМ-ПДП се однесување како поБЕДНИК иако тоа не бешемеѓу партиите беше одлучено СДСМ да предложи претседател на државата, Либералната партија да предложи претседател на собранието, а ВМРО ДПМНЕ (со најголем број на пратеници) да предложи премиер на владата на РМ. Согласно тој договор, Киро Глигоров беше Ќиро не беше изгласан ами беше одбиен и тоа се гледаше на сите ТВ ..имаат снимки побарај ги да ги видиш ...каде Ќиро беше како посрано дете во гаќиод парламентот изгласан за претседател на државата Тоа се стори откога не поминаа неговите „марифетлуци„, а Стојан Андов за претседател на собранието. Кога дојде на ред да се реализира и последната договорена работа, ВМРО ДПМНЕ го предложи Александар Лепавцов за премиер на владата. Киро Глигоров, водејќи се од приказните што се ширеа дека Лепавцов е прилично пробугарски ориентиран (што подоцна и се докажа)Тој беше Македонец и промакедонски ориентиран ...колку за твоја информација беше докторирал градешништво во Љубљана а Магистер по економски науки во Србија, одби да му го додели мандатот. Настана еден временски вакуум-простор и за да се избегне непријатната ситуација ’новата’ држава Македонија сеуште да нема влада, беше договорено Тоа им го НАМЕТНА Ќиро и за подетални информации читај ја книгата на г.Кљусев каде се е опишано детално и не така нашминкано како кај „премудриот„ Ќиро - УНИШТУВАЧ на се што беше и е Македонско ...оти беше ШПИОН на Слобо во МК и се правеше да ја растури Македонската Држава во повојда се формира експертска влада на чие чело застана г-динот Никола Кљусев. Една и пол година подоцна се случи тоа што се случи.И тоа е Ќирово „масло„ за кое има детален опис во мемоарите на г.Кљусев СДСМ, НА ЧЕЛО СО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ, се договори со Либералната партија и со ПДП заборави да напоменеш оти сегашните „либерали„ тогаш беа „реформски„ сили ...вариација на префарбани комунисти кои немаа можност тоа да го сторат без ВМРО-ДПМНЕда ја сруши владата на Кљусев и да формира своја влада, а мандатот за премиер го доби Петар Гошев.Си ги помешал настаните ??? Меѓутоа, при формирање на владиниот состав, на Гошев не му беше дадена можностаОд Ќирота оти важеше како РЕЗУС ФАКТОР во тогашниот политички миг да се раководи по сопствени критериуми, па Црвенковски и Андов го информираа дека министрите од составот на СДСМ и ЛДП нема да може тој самиот да ги одреди. Од тие причини Гошев го одби мандатот, а веќе два дена подоцна (по договор меѓу Црвенковски и Глигоров) мандат за формирање на влада доби претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Откога Гошев го одби мандатот под изговор дека не сака да биде Премиер за ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА (мислеејќи на Глигоровите мешања во политиката) после тоа Бранко и тоа на 27 години стана мандатар а Гошев се „одвои„ некое време и потоа обзнани дека ќе формира партија ...која се викаше Демократска Партија. |
Strelec | Немаш врска што зборуваш!? Вистинска турлитава направи од нешто што е јасно како бел ден! Наместо да се раководиш од неспорни факти, ти ни ги пренесуваш на форумот сите емоции, субјективни гледишта и неостварени амбиции на г-динот Кљусев! И доста се повикуваш на таа книга на Кљусев... Демек ако е напишано во книга и ако е од Кљусев, тоа треба значи дека друго не може да биде вистина!? |
SLaCk | Jas kolku sto znam Kljusev bese premier i veruvam podobro gi znae rabotite od eden Strelec.Ili i ti da ne bese nesto u vlada togas? |
Strelec | А Киро Глигоров претпоставувам дека повеќе ги знае работите од Slack & lav... Или и вие да не бевте претседатели на Република Македонија тогаш? А истите тие информации ги јавуваа и сите медиуми во тоа време... Да не бевте и ТВ апарати вие двајца тогаш? |
jamajka | Za koj voen zlostornik stana zbor ? |
f9 | Shto sega menuvate istorija.VMRO nemashe dovolno za da formira vlada i SDSM so site kalkulacii nemashe 80% za da go izbere precedatelot na drzhavata.I kako se trgna,kako i sekogash so trgovija lazhna.A trgovijata se sostoeshe vo toa da koga se stava Kiro,da se zauzda Ljupcho vo potprecedatelsko mesto(koe mesto go ukinaa i go ostavija za prv pat na ljupcho so prstot vusta,zashto koga go stavashe Kira mu obezbedi kvota od 80%,no za da go smeni bash Kira mu trebashe kvota pak 80%)i so megupartiski dogovor da se obezbedi parlamentarno mnozinstvo.E togash prv pat ,za partiski interesi i koj da bide na vlast SDSM pochna so rasprodazhba na pravnata i socijalnata drzhava.So prodavanjeto na toj kapital ja odrzhuvashe sekoja koalicija so Albanskite partii do den deneshen.Inaku za raspad na ekspertskata vlada SDSM se odluchi vo onoj moment koga Kljusev javno gi povika direktorite na najgolemite firmi da gi prefrlat parite vo Makedonija od stranskite konta.Republika Makedonija im dozvoli na tie direktori da gi prenesat site devizi na stranski konta i da ne vrshat uplata kaj narodnata banka na Jugoslavija.Odnosno site naplati od stranstvo da ne se povlekuvaat vo drzhavata.Zatoa Kljusev padna.Ako ima stenogrami ,dajte kazhete kade se ,ke vi gi pronajdam i ke videte sami. |
SLaCk | Strelec imajki ja predvid tezinata na zborovite na Kiro FYROM i Nikola Kljusev poveke mu veruvam na vtoriov.jamajka:Se raboti za noviot minister za zemjodelstvo Duraku koj ja blokirase branata vo Lipkovo i Kumanovo bese bez voda vo 2001 godina.Vo 2002 e priveden vo Skopje za teski formi na velepredavstvo i zlostorstvo vrz civilite.Nwgovoto apsenje predizvikuva voznemirenost kaj rakovodstvoto na DUI pa teuta Arifi vo toa vreme go molese Boris Trajkovski da go pustat nasite sudii bidejki toj slucaj e za vo Hag,a Agron Budzaku predupredi deka naselenieto vo kumanovsko-lipkovsko mozelo da reagira(a se znae kako oni reagiraat sigurno ne so protesti tuku so puski) posle ova e pusten.Znaci moralnosta na ovoj minister e pod sekoe covecko nivo sto e sramota za edna vlada. |
jamajka | Dobro e shto se vrativme na temata :) |