ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК и неговата транспарентност | |
lav | Во Македонија одамна си „постои„ избирачки список на кој можеш поред избирачи да „најдеш„ (понекојпат) и МРТВИ ДУШИ , покојници кои го тераат вториот „мандат„ во Бутел и насекаде каде има иста дејност. Треба ли да се напарави НОВ и пречистен каде сите овие ќе ги нема...за да нема и лажирање. За ова подетално читајте тука. пс И оние КАЧАЦИТЕ-де конечно да ги „избришат„ ...само за да нема сомнежи. |
Divider | Vo Makedonija ima samo edna partija i nejzini sateliti: SDSM i satelitite LP, LDP, VMRO and Co!! Taka sto se sobrale vo Mavrovo pozicijata i nejzinite aparatchici i poslushinici za da se dogovorat koj kade i kolku ke dobie i koj za kogo ke glasa. Verojatno i dedo mi pocinatiot glasal pojkepati od mene. |
concrete | Ima mnogu gluposti vo ovaa nasa mala zemja, ama mislam deka izbirackiot spisok e edna od najmalite gluposti. Me potseka so problemot na patnite ispravi. Demek ne ni se so evropski terk,lesno se falsifikuvale ,itn.itn. Mislam deka i so najsofisticirani da gi zamenime( samo ne znam koj ima takvi), da si napravi Makedonija najazuren sistem za granicna kontrola, pak ke bide ist tretmanot.Samo togas ke mora da se kazat pravite pricini , koi nasata vlast nikako ne ke moze da im gi objasni na gragjanite. Vaka necinat patnite ispravi pa i volkot sit i ovcite na broj. Ne e problemot vo izbirackiot spisok , tuku vo igrankite nareceni izbori. A po toj povod site involvirani strani se isti volci vo ovcja koza, samo narodot ovca postojano vo svojata. |
трендафил | Доколку се сакаат навистина фер и демократски избори прво Државната изборна комисија треба да биде составена од чесни луѓе, а не од партијски војници. И да биде трајна, а не со менување на власта да се менува нејзиниот состав. После тоа се` окулу изборите треба да и се препушти нејзе. Наместо набљудување на критичните изборни места со луѓе, подобро е тие да се снимаат континуирано. Затоа што камерите не попуштаат пред сила, за разлика од луѓето набљудувачи. Кој би ги набљудувал изборите во Кондово, на пример? Не ми се јасни средбите во Маврово. Ако се повикани само претставниците на владеечките партии тогаш средбата треба да се одржи во владата, ако се повикани само парламентарните, за тоа е парламентот. На страна може да се одржи само поширока средба на која би биле повикани и помалите партии. Во Маврово, на пример, беше застапена ВМРО-ДПМНЕ од чија парламентарна група како фракција делуваат мнозинството пратеници. И покрај се` сите собрани во Маврово заедно имаат рејтинг под 50%, односно повеќе гласачи не им веруваат, отколку што им веруваат. |
concrete | I kamerite se krsat, ama ideata e dobra. Vednas moze da se integrira izbiracka (black-box)so digitalen video zapis za prostorijata (bez glasackite boxovi)pomala od kutija cigari,integrirana vo izbirackata kutija,bidejki ima poveke kutii moze da se pokriva celata prostorija. Dobra idea, recorderot moze da e i odvoen taka da vandalite ne ke mozat da unistat se. Trendafile, patentiraj toa, a ako si zainteresiran ke ti gi proizvedam kolku sakas. uste da gi ubedis vlastodrzcite i onie koi sakaat da stanat kalif namesto kalifot. |
трендафил | quote:На место кај што ќе се искрши камерата може да се поништи гласањето, со зголемено присуство на полицијата кога ќе се прегласува. Друга работа е колку политичарите сакаат чесни избори. Дали трпат кога се во опозиција за да вратат со камата кога ќе дојдат на власт. Под услов да не се замерат со меѓународната заедница како што Георгиевски направи пред последните парламентарни избори, на 15 септември 2002 за кои мислам дека се најчесни во поглед на резултатите од гласањето, но најнечесни во поглед на измамата по нив, односно во разликата помеѓу ветеното и тоа што се исполнува. |
concrete | Se vrakame na pra pocetokot: dali onie koi se bavat so politika imat cesni nameri???? Toa definira se. Se sekavam na Sekerinska na nekoe blic interjvju pred samite izbori koga onaka slatkasto rece deka tie ne se borat da dojdat na vlast za da go delat "plenot" tuku da ja napravat zemjata podobra od sto bila, a na osnova na nivnoto prethodno neprijatno iskustvo. Bi sakal sega "la demoazele"(Mitreva moze da me popravi vo speluvanjeto) da go povtori toa pak, no sega nad rascereceniot , ne "podeleniot" plen. |
n/a | quote:Ме изненадуваш со твоето се надевам сериозно тврдење!. И самиот знаеш дека тоа е основата за било кои „чесни„ избори , иако ујдурмите ги има насекаде и во сите фази. Но , да одобруваш употреба избирачки список во кој фигурираат непознат број на покојници каков што е нашиов , е секако за умерена односно цивилизирана критика доколку не е во прашање некоја несериозност од твоја страна односно шега би рекол. |
concrete | Ne be zmba, ama dzabe ti e i perfekten spisok , ako pred toa nesto drugo ne se sredi.I na amerikancive toa nekako ne im uspeva ( a demek demokratija so pedigre!!) PS zmba doaga od alatkata zmba ili e nesto drugo????? |
n/a | quote:Алатот го користеле (но и денес е во поширока употреба) за правење дупки и клавање нитни и други материјали во напаравениот отвор. Служи и за дупчење на секаков вид материјали дури и во медецината кога се прави лоботомија односно дупчење на главата при одредени неопходни оперативни зафати. |
lav | Некојпат пред време напишав: Јас повторно ги повикувам членовите на форумов кои се евентуално во власта или пак администрацијата македонска , ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ да се сменат навиките во Македонија ....се да се „прави„ во мал и тесен круг на луѓе ...вообичаено со заостанати во времето и просторот „идеи„. ДА СЕ НАПРАВИ WEB за Избирачки Список на граѓани на Македонија и тоа да биде ЈАВНО и СЕКОМУ секојпат ДОСАТАПНО. Тоа е основната премиса од која појдов ...отварајќи ја оваа тема. Благодарам Сега гледам дека сите (се мисли на партиите) се узбуркале во републикава на Македонците па го тражат она што требаше одамна и во мир да го расчистат ...мислам на „виртуелните„ сдсм гласачи за кои некои споменаа дека биле одамна упокоени НО кои интезивно и со нескриен жар се даваат од „себе„ нивнатат партија вечно да (о)стане владеачка и тоа на демоНкратски пат , рабира се. |
Divider | Лав, за кого ќе гласаш? Сега на локалниве? |
lav | Ако е прашањето за кој кандидат за градоначелник , најверојатно за г.Трифун Костовски. Напишав најверојатно а не и сигурно односно 100% , само затоа што деновиве видов поред или блиску до него пред ТВ камерите во (најверојатен) статус на порпарол или нешто слично еден поранешен кандидат за градоначелник и творец на Пецко , цртаниот и популарен јунак. Мислам на индивидуата Дарко Марковиќ , за која одредени мои пријатели (Јас лично не го познавам) кои со него директно работеле во Вардар-Филм велат дека е НАЈЛОШОТО од сите лоши работи што можел г.Костовски да ги земе поред себе во овој миг на прибирање на подписи за кандидирање на следните избори. А ако мислиш за која Партија ќе гласам....до последен миг ќе ги следам сите анкети на сите медиуми за нивниот рејтинг (кои кољегата Интел ги искритикува во еден свој пост до мене) и најверојатно во последен миг и ќе одлучам. Единствено и јасно е дека , Јас нема НИКОЈПАТ да гласам за сдсм и(ли) некој негов трабант - партија. |
Divider | Благодарам. јас сеуште не знам за кого ќе гласам, но знам против кого и против која партија: против Ристо Паверов упс Пенов и СеДеСеМуууууу! |
трендафил | Со изборните списоци не треба да работи некое министерство и за секои избори да бидат под контрола на власта, туку чиновници, на подолг период. И да се зголемат казните за фалсификување на истите. Нормално дека во почеток кај нас казните би следувале откако една политичка гарнитура (што ја подржувал прекршителот) ќе си замине, но со тек на време спицоти ќе бидат скоро идеални. Но не е проблем само во изборните списоци. Постојат и други начини на манипулација. Основниот проблем е што бираме лажговци во власта (а кој лаже тој и краде) и не превземаме ништо да ги натераме да лажат и не крадат. Со нечесни политичари, никогаш нема да има чесни избори. Според мене најчесни беа изборите на 15 септември 2002, но за жал на нив победија најнечесни политичари. Дури до степен да посака човек да имаше лажирање. |
lav | quote:Само затоа што демоНкратијата е една од цивилизациските придобивки на човештвото затоа и сите ние си патиме од неа , оти тоа е „играчка„ која во раце на недоквакани лица е сепак опасна. Како во песната од една српска пеачка :срце је моја виолина , што је дираш кад не знаш да свирашНо грешките кои ете ги прават наивните гласачи во Македонија во подолг период , се одраз на времето во кое живееме. Неразбирливо сеуште ми е кога гласаат за веќе докажан(и) лажго(вци) , мислат ли дека со тоа дека ги загрозуваат и останатитите свои сограѓани , кои и накрај ги плаќаат сметките од нивниот глупав „избор„. пс Стандардот на Македонците опаѓа обратно пропорционално со употребата на демоНкратијата во државата на Македонците. Тоа е сериозен показ дека ИМА НЕШТО ТРУЛО ТУКА , разбира се мислам на Водно и неговите дивонаселени жители. „Питомите„ жители на Водно се обидуваат да си ги повратат украдените имоти од комунистичките УЗУРПАТОРИ чии КЛОНОВИ владеат со државата и тоа епен лошо и аматерски какви беа и нивните родители , мислам идеолошки. А бе дали некој знае дали е конечно „наштиман„ списоков и колку покојници се очекува (со право) повторно да гласаат. ппс Посебно ме интересира дали е „планирано„ да гласа и покојниот Никола Солдатов , некогашна радио легенда??? |
lav | quote:Дека подцртаното е можно и остварливо дури и по „грешка„ како што е подоле искажано , a e дури и „предвидена„ во топикот од мене отворен дури многу порано. Сето ова е детално опишано во денешниот весник во [url="http://www.dnevnik.com.mk/"]оваа [/url]статија од Дневник. пс Значи тие (Власта) вели дека ќе организира ЧЕСНИ И ФЕР ИЗБОРИ. А првиот демант еве стаса ...односно поБЕДАТА ќе биде ставена под лупа на јавноста. ппс Ова е само мал дел од статијата: НАДЛЕЖНИТЕ во демир капиЈа СЕ ПРАВДААТ Штитениците по грешка на избирачки список?! Уфрлувањето штитеници од Специјалниот завод во Демир Капија во изборните списоци, надлежните институции вчера го објаснија како "случајна грешка". Министерството за правда го правело списокот според податоците од личните документи, а МВР објаснува дека грешните информации им ги дал "некој од вработените во Заводот". Случајот со четворицата штитеници, кои се најдоа на избирачкиот список на фиктивни адреси, беше случајно откриен од локалниот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ. Тие, проверувајќи ги избирачките списоци, забележале дека на иста адреса, покрај семејството што живее таму, се запишани и други лица. |
трендафил | Многу случајности. Тотално хендикепирани луѓе, од кои и нивните семејства се откажале поради тоа, „случајно“ се оставени на бирачкиот список на „случајна“ адреса. Јас, пак, мислам дека власта најповеќе очекува од оваа категорија на гласачи. Кој друг би верувал дека од секое семејство ќе се вработи по еден или дека Али Ахмети не бил терорист? |
intel | quote:Да е само тоа Змба арно ама го читаш ли лав и трендафил погоре.Има дури пациенти од Демир Хисар со двојни идентитети според нив што кај нас и не е ништо ново. |
трендафил | Точно е тоа. Има разни случаи помеѓу штитениците во Демир Капија. Со двоен или дури погрешен (туѓ) идентитет. Некој сам сабе се прогласува за Наполеон, некој за Александар Македонски, некој дури и за ДРЖАВНИК ... Некој пак за други двојца мисли дека се еден човек. Поголем дел од таквите дури и не се во специјализираните заводи, туку во други установи. |
Strelec | quote:Не си ти за president... Дефинитивно! |
lav | quote:Целта на отворенава тема беше само да се потикне барањето за да се одтргне од рацете на власта (билокоја и да е) списокот на избирачи , со кој се вршеле и вршат МНОГУ досега видени и откриени манипулации ...а тек за откривање колку ли има ??? Затоа предлагам да се стави јавен увид на пример на на некој WEB на билокоја институција списокот на избирачи ...за да може секој да го одпечати и да си го провери ....секој во своето маало. Е , тогаш нема да го има она што денес (стално) им обезбедува поБЕДА на властодршците. Благодарам за подршката |
трендафил | Мојот покоен зет (од 1987 година) уште е на бирачкиот список. Не сум проверувал дали гласал за Црвенковски или порано Трајковски, но сигурен сум дека го бојкотирал референдумот. Сестра ми два пати го има одјавувано, но по потреба воскрснува на списокот. Власта по потреба ги користи овие „гласачи“. Но има проблем и со тие што се на списокот, а не гласаат туку друг го прави тоа за нив. Вооружените групи во Кондово, Радуша, Порој, Ваксинце и други места на пример ја обезбедија победата и на Трајковски во 1999 и на Црвенковски во оваа година. И на Глигоров во првиот круг во 1994. (Реално ќе добиеше, но во втор круг). На ист начин се злоупотребуваат и гласовите на ромите. Ако се спореди извештајот на ОБСЕ за Украина, со тој за нашиот референдум, бројките кај нас се многу полоши. За таму, како крунски доказ за лажирање им е тоа што во источниот дел имало одзив од 90%. Кај нас бојкот од 100% беше нормален. Но и непристрасните меѓународни се пристрасни. |
lav | Јас повторно ги повикувам членовите на форумов кои се евентуално во власта или пак администрацијата македонска , ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ да се сменат навиките во Македонија ....се да се „прави„ во мал и тесен круг на луѓе ...вообичаено со заостанати во времето и просторот „идеи„. ДА СЕ НАПРАВИ WEB за Избирачки Список на граѓани на Македонија и тоа да биде ЈАВНО и СЕКОМУ секојпат ДОСАТАПНО. Тоа е основната премиса од која појдов ...отварајќи ја оваа тема. Благодарам |
Divider | Isprati poruka do [email protected] i kazi im. Kojznae, moze ke poslusa Ilinkana. |
n/a | quote:Синоќа гледам на некои ТВ станици дека кажаа оти и опозицијата во Македонскиот Парламент е повикана на „договори„ во Маврово , истово што е погоре напишано е и побарано да се реши , секако за да биде јавно достапен списокот и за да мкже да се провери неговата веродостојност од секого и секојпат. За да нема ....понатаму никакви сомнежи дека „гласаат„ одамна упокоени наши сограѓани , како што е и погоре кажано. |
Divider | Treba, definitivno. No, isto taka treba i da se zabrani vlasta da manipulira so izbornite spisoci koi gi koristi za uceni na vrabotenite vo drzavnata administracija, ucenuvajki gi da ne glasaat, da ne izleguvaat na glasanje ili da glasaat kako sto im odgovara. |
concrete | Me potseti na ona antologisko : "tzi dupka ne e dupka" , najdobro balkansko tumacenje na toa deka site sme ednakvi, so nekoi sepak poednakvi megu nas!!! Nekogas imav mnogu kozarski zmbi okolu mene, zatoa prasav. Pozdrav!! PS Za lobotomija mislam imase nekoj drug alat,ama po svetov gi ima mnogu veke tretirani, pa ke se rasprasam. |
intel | quote:[img]http://www.geocities.com/micubusi02/funnypost.jpg[/img] |
lav | Вчера во емисијата VOX POPULI на Атв , од еден од гостите во емисијта беше искажано дека (се)уште некои си мртви души се јавувиле како „гласачи„ на минатонеделните избори. А Списокот на Избирачи бил заклучен ..спред Законот нели? Тој јавно праша (не открив кому се обрнува): КОЈ и КОГА ќе го „исчисти„ Списокот со полнолетни граѓани од веќе упокоените (но и ептен верни) нечии гласачи. Списокот треба да се стави на ЈАВЕН УВИД и тоа според бирачките места , за да секој може да го провери и евентуално го корегира. Та нели тоа веќе е Европска пракса ?. |
Divider | Ние смем географски дел од Европа, ама со овие на власт сме како какао Бурунди (инаку за Бурунди не ни треба виза)! |
lav | quote:Сигурно не треба виза оти еве ги нивните карактеристики: http://www.cia.gov/cia/publications/factbook/geos/by.html |
lav | Дали некој досега (освен мене) предложил да се повторно ПРОЧИСТИ Избирачкиот Список од мртвите души и од сите оние чие стално место на престој е вон Македонија - повеќе од 1 година? пс Кога ќе се направи ЈАВЕН WEB SITE на сите моментално активни и со закон дадено право на Избирачи во Македонија? Секако според изборните места...само за да нема она што денес државата ни ја преставува како место на (можни) фалсификатори од секаков маштаб. |
Strelec | quote:Не се сеќавам дека некој друг предложил такво нешто, но секој добронамерник би требало да ја подржи таа идеја! |
lav | Во контекст на темава во синошната емисија на АТВ (Амазон) во емисијата VOX POPULI (Гласот на Народот) каде што имаат слободен пристап и настапи билокој кој е во можност но и со желба да даде свој придонес кон градење на демократијата во Македонија (разноразни професори политичари и аналитичари) во живо се јави еден гледач од Охрид и за актуелниот т.н. ИЗБОРЕН ФАЛСИФИКАТ во вториот круг за градоначелник , тој изјави: Во Изборната Единица во Велгошти (населба во Охрид) со број 1305 во Списокот за Избирачи го видов со свои очи заокружено и името на мојот познаник Ацо Симоноски кој е НЕПРЕКИНАТО и тоа 35 години е во Америка. Од ова , видов дека ете и тој „гласал„ , иако воопшто не бил дојден во родната земја цели 35 години. Имаше и друго јавување за Изборната Единица 1282 каде некој видел заокружени имиња на „гласачи„ , кои според јавувачот кој лично ги познавал , тие непрекинато живеаеле , едниот во Австралија а другиот во Германија. За да повеќе нема (освен ако тоа не е некоја грешка) вакви „гласачи„ потребен е ЈАВЕН ИСТАКНАТ СПИСОК на граѓани со право на глас , кој ќе се ажурира секидневно и е податлив во места каде луѓето лично меѓусебе се познаваат и е неможно некој одсатен или пак некој си покојник да ни „излезе„ на гласање. Инаку тешко дека ќе припариме до Европа , односно (наскоро) ќе ни кажат ADIO MACEDONIA , AUGURI , GRAZZIE TANTE , La ringrazio sentitamente. (Довидување Македонијо , Среќно , Благодариме Многу , Срдечно Ви Благодариме за се) |
lav | Вчера го закопаа ... еден мој покоен и релативно млад сосед. пс Па нешто си мислам ....дали и тој (се мисли на покојникот) повторно ќе „гласа„ на Избориве за Градоначелник на Скопје во Недела ???? ппс Знам дека нема да го избришат (веднаш) од Избирачкиот Список ..но како што Кочанчани велат : зрно по зрно и ете ти цела вреќа од ориз’те.Па после немало да извојуваат поБЕДА секаде каде што ќе си ја организираат. |
трендафил | quote:Мислиш некој од луѓето што се например [url="http://217.16.70.245/?pbroj=1718&pr=16"]ТУКА[/url] ќе гласаат во недела за Пенов. Ако е така, да не го побараат гласачите директно да им се обрати. |
intel | ЦЦЦ,,господ нека ви прости,незнаете што правите. |
Strelec | Не знам intel... Мене веќе не ме изненадува ништо од нив! |
lav | quote:A дали овој кој го напишал [url="http://www.forum.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=16&tabid=132&MenuID=687&EditionID=44&CategID=332&ArticleID=859&Page=1"]ова[/url] барем нешто ќе те изненади ? |
lav | Mногу интересно писание на оваа одамна отворена но секојпат актуелана тема...за сите од 7 до 77 години. Читај овде: Избирачките списоци “се кројат“ по мерка на власта Мими ШУШЛЕСКА При регистрирањето на гласачите во Единствениот избирачки список, континуирано речиси 15 години, ни се појавува некоја темна бројка на 120 до 150 илјади гласачи кои во зависност од потребите на организаторите, посебно на власта, валкано се “активираат”. До ваков заклучокот дошол политичкиот аналитичар Благоја Ниневски споредувајќи ги статистичките податоци за вкупниот број гласачи утврден со ЕИС во изборните кругови од 1990 година заклучно со последните локални избори. “Ако Статистичкиот преглед од октомври 2004 година, врз научни подлоги, проценил дека на 30 јуни 2003 во земјава живеат 2.026.773 и дека на возраст до 18 години се 552.331 лице, како е можно гласачкото тело за една и пол година да достигне 1.711.283 лица или да натфрли над 200.000 гласачи? Истовремено имајќи предвид и тоа дека: таа година 17-годишници имаше 32.952 лица, бројот на вкупното население се намали за 4.226 лица, само во 2004 година, и дека тој тренд продолжи и во првите три месеци од оваа година?”, вели Ниневски. Електоратот во Македонија изразен во Општиот избирачки список во 1990 година изнесуваше 1.339.011 лица. По првиот изборен круг списокот беше дополнет со нови 113.051 лице и се утврди на 1.452.071. За референдумот во 1991 година во ОИС беа запишани 1.495.807 лица.Тогаш во избирачките списоци се најдоа и Македонците кои живеат во странство. Наредното изјаснување во 1994 година според ОИС имаше електорат од 1.360.729, на кои им се придодадоа уште 126.638 лица. Бројот на утврдените гласачи се покачи на 1.487.367 лица. Во 1996 година ОИС изнесуваше 1.422.020. Пак имаше придодавање на 75.636 лица. Ова се очигледен пропусти на власта, фалинка со која исклучокот се наметна како правило”, вели Ниневски. Законот за избирачки список и избирачка легитимација во февруари 1998 година беше изменет и дополнет, а ЕИС требаше да го утврди конечниот услов за исполнување на избирачкото право на секој граѓанин. Така, ЕИС беше усогласен на 1.572.976 лица, и во однос на претходните избори (1996), порасна за уште 74.323 лица. Во 1999 беше утврден на 1.610.338. Значи, пораст од 37.362. Во 2000 тој изнесуваше 1.643.859, со пораст од 32.958 лица. Во 2002 се покачи за 20.437 и изнесуваше 1.664.296. Во мај 2004 беше зголемен за 30.807 и достигна ниво од 1.695.103 лица. Во ноември 2004 се зголеми за 14.433 лица достигајќи бројка од 1.709.536 и конечно во март 2005 година се утврди на 1.711.283 лица, односно се покачи за 1.747 лица” . “Со самиот факт што ЕИС се утврдува од надлежните државни структури и единствено тој е условот за избирачкото право, се доставува до предлагачите во изборниот процес и се става на јавен увид пред избирачите на определен начин и само навидум се смирија “таламбасањата” околу гласачкото тело. Сепак, и во овој осумгодишен интервал, во кои се случија седум изјаснувања, има редица нелогичности, што се случуваат зад завесата на јавноста во период пред обелоденувањето на ЕИС. На пример: Електоратот во 1999 година за 12 месеци се зголеми за 37.362 гласачи. Меѓу септември 2002 и мај 2004 (20 месеци) се зголеми за 30.807лица. Во наредните пет месеци за 14.433 лица, а следните пет месеци, за само 1.747 гласачи?, вели Ниневски. “Проблемите со кои се судруваме петнаесетина години, според мене, лежат во тоа што се се понагласени, подоминантни и крајно загрижувачки состојбите што ни се случуваат пред изборната кампања, во нејзиниот ек, посебно изразени на изборниот ден или денови во првиот, вториот и т.н. до осмиот круг. Деветтиот, нели и според Данте, е ПЕКОЛОТ кому често се доближуваме. Таа состојба има продолжение, исто така, болно за севкупниот развој на нашата земја, со делбите на функциите од т.н. прв, втор, трет шалон. Следат внатрешни поместувања, болни партизирања на институциите на земјата и тоа, трае, трае ние назадуваме, чмаеме, пропаѓаме”, заклучува Ниневски. М. ШУШЛЕСКА |
concrete | Eh Lav...velis na Trinidad i Tobago.....banani i kokosi sami pagaat vo skut????? |
lav | quote:Паѓаат ...амам „вакви„ опишани во подолниов текст СИГУРНО нема да паднат. Читај: колумна Ковачи на лажни пари Ако на лицето Б.Ц. и на неговата тајфа им успева феноменално да фалсификуваат избори, па цел еден попис и (веројатно не последно) избор на шеф на државата, секому му е јасно дека си имаме работа со "ковачи на лажни пари" од најитар тип: ним око нема да им трепне да ни го фалсификуваат и референдумот. За да останат власт заедно со кутрите мали учки Е Дар-Мар минатата недела го претера со своето стрипче: Пецко оди да се потпише за референдумот, а зад секој уличен агол го чека по еден амнестиран УЧКА-командант со дебела ластегарка в рака. Моја претпоставка е, инаку, дека се тоа УЧКИ, зашто и Министерството за правда ни е учкешко - тој што му е на чело мора да бил некој од поважните команданти за да го направат министер. Патем речено, таа пуста УЧКА (некогашна и идна паравојска, ако Македонецот не игра како што му свират нејзините главешини) по многу нешта е еднократна појава: во неа, да речеме, имаше повеќе команданти одошто борци; единствено таа доби војна (!?) без да загуби ниту еден единствен борец (се сеќава ли некој дека УЧКИТЕ 2001 година признаа макар и само еден единствен загинат?), што, патем речено, е доказ дека ние таа "војна" не ја загубивме од кутрите мали учки, туку од некој друг; единствено таа зеде оружје в рака за да се интегрира во Македонија (зашто клетите Славомакедонци не го сакаа нејзиното племе, нели, па ова реши да прави "со сила убавина" и, за чудо, ја направи: ги засака дури и лицето Б. Црвенковски, кој пред тоа се колнеше дека ни мртов нема да ги дружи; мртов можеби тоа нема да го прави, сега, меѓутоа, додека се уште мрда, дружбата мошне убаво им оди); конечно, тоа е единствената паравојска чиишто "команданти" од велепредавници, со волшебното стапче на "заедницата" и на САД (да не беа нешто тие победниците од 2001?) се претворија во министри. За да си ја претставите сета перверзија на ова чудо-невидено, замислете си ги Џорџ дабл ју Буш, познат како "Mass destructio", и Осама Бин Ладен, наречен "убиец и разбојник", како во Охрид, со лицето Б.Ц., како олеснувач, го потпишуваат Вториот историски РАМКОВЕН ДОГОВОР, со кој "убиецот и разбојник" Осама конечно has bee brought to justice и во неа станува шеф на Департментот, а, за возврат, сите правоверни муслимани од Америка гласаат за дабл ју Буш овозможувајќи му втор мандат (секоја сличност со македонцките работи е - намерна!). Туку, јас малу "забегав"! А сакав само да посведочам дека Дар-Мар не беше во право. Во тоа се уверив лично: минатата среда (некаде околу 19,00 часот, зашто јас, од здравствени причини, не смеам да си играм играчки со скопската микроклима: "изгор-лето, кочан-зима") појдов со целото семејство да се запишам во црниот список, а после да му ја мислам од министерот за правда (нека ми прости што не му го знам името; впрочем, ни тој мене: да знаеше кој сум и со што се занимавам секако немаше да ме скокне во комисијата за реформа на казненото законодавство, во која, инаку, бев член се додека УЧКИТЕ не дојдоа да им делат правда на омразените славомакедонски поробувачи). И? Ништо од ластегарките на Дар-Мар! Ходниците на барака 5 од општината Гази Баба преполни со луѓе, небаре чуле дека тука се дели К-15 во износ од 3.000 евра по човек. За некој што пред малу повеќе од еден месец преживеал "масивен инфаркт" горештината (и влажноста) во ходникот не беше особено препорачлива атмосфера. Една моја читателка (убава, елегантна, русокоса дама), која трпеливо чекаше, веднаш се обиде да ги убеди другите да ме пуштат преку ред: "Луѓе, професорот е рековалесцент!" Рече така некако и луѓето ме пуштија да ги внесам личните карти, за сетне да ме прозват и да се потпишам. И влегов! Внатре сите службеници, љубезни та прељубезни, ококорија очи: ваква славна личност да им дојде на нога! Еден од нив ми ги прегледа документите и уште пољубезно ми ги врати назад: "Вие, професоре, не сте за тука; вие сте за другата канцеларија" (пред која К-15 чекаа едно три пати повеќе луѓе). Се побунив (јас не сум жив ако не се бунам, таков ми е табиетот): "Како не сум за тука? На вратата пишува: овдека се потпишуваат граѓаните со презимиња од А до Н. А моето е пред Н". Залудно ми беше познавањето на азбуката. Мојот третороден син Андреј тивко ме прекори дека не сфаќам: ова било "бушава азбука". Некој рече дека вака правеле за да не изнервираат и да не се потпишеме. Од она што следи ќе се види дека ова не беше точно: луѓето професионално си ја вршеа работата, уверувајќи не дека ќе работат и до полноќ за да се потпишат сите што во бараката влегле до 20,00 часот. Нејсе! Отидовме пред другата канцеларија. Само, таму немаше фини русокоси дами: инфаркт-неинфаркт мора да си чекаш! И си чекав, чекав, арно ама едно време почувствував дека не ќе можам да издржам долго. Меѓу двете "потписнички" канцеларии имаше една малечка, а празна, само еден компјутер и една полуфотелја. Некоја сожалива рака ме поттурна во неа и ме седна до отворениот прозорец. Се почувствував бедно, небаре закрепнувам од некоја тешка болест, но, за чудо, ми беше попријатно одошто во ходникот полн со испотени, изнервирани Славомакедонци. Од "браќата" немаше жива душа; тие си прават башка референдуми (за Илириди и сл.). Поседев така едно време, се додека во сопчето не ѕирна една дама што очигледно беше од пописниот тим на општината. Ѕирна што ѕирна и туку фати вџашено да ме гледа "у в'р очи", а потоа избезумено писна: "Господи Боже, кај го седнале мојот професор!" Потем, кога дозна во што било работата, се растрча, појде во "мојата" канцеларија, го донесе избирачкиот список со буквата "М", така што за една минутка успеав (сосе семејството!) да ја искажам својата љубов спрема татковината (зашто некој рече: "Тој што нема да се потпише, тој е против Македонија"). Марјановиќи, значи, сите по ред се за Македонија. За жал, барем во кругот во кој јас се движам, никој жив не верува дека со нашиот потпис нешто ќе постигнеме. Вечерта по потпишувањето јавија дека цензусот од 150.000 потписи е исполнет: демек, 150.000 души сепак се за Македонија. Само што фајда? Ако на лицето Б.Ц. и на неговата тајфа им успева феноменално да фалсификуваат избори, па цел еден попис и (веројатно не последно) избор на шеф на државата, секому му е јасно дека си имаме работа со "ковачи на лажни пари" од најитар тип: ним око нема да им трепне да ни го фалсификуваат и референдумот. За да останат власт заедно со кутрите мали учки. Инаку, се знае, за толку многу и за толку тешки фалсификати, единствено што ги чека е ИДРИЗОВО (или БАРДОВЦИ, ако им постават дијагноза како на швајцарскиот трудов пензионер)! Особено ако на власт дојде правдољубивата Лига за демократија. Без тоа нема ништо, зашто Македонија е тешко болна земја. ДОКАЗ: "Батлер даде крв за Македонија!" Внимавајте: не ја даде за болен човек, туку за Македонија (!?). Болниот е, значи, земјата! Не сум многу сигурен дека ова ќе помогне, зашто Македонија е личност расцепена помеѓу ВМРО и СДСМ! Трето нема! (Кутрите мали учки не ги сметаме: тие се за сеалбанско "духовно" обединување и со нас немаат ништо заедничко: ниту фермаат знаме, ниту химна, ниту грб, ниту закони, ниту плаќаат даноци, ниту...) А расцеп на личноста се вика шизофренија и кај неа, колку што знам, не помага никаква трансфузија. Ѓорѓе Марјановиќ пс Поздравот следи ...нели на крајот? А дали е ова и овде тој таканаречен ....КРАЈ , а ???? |