Поштарите во Кондово |
f9 |
Црвенковски коментираше: "За разлика од претходниот период, кога полицијата бегаше од криминалците, сега криминалците се тие кои бегаат, а полицијата ги гони низ целата територија на државава".
Прашање до господинот Црвенкоски:
"Дали Кондово е во територијата на државата Република Македонија?" |
трендафил |
Сега изгледа дека криминалците ги бркаат полицајците од работа и на нивно место вработуваат криминалци, свои сопартијци или коаљициони сопартијци. |
f9 |
Почитувани,
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска, 10 декември 2004 година, прими писмо од Претседателот на Соединетите Американски Држави Н.Е. г-дин Џорџ Буш.
Во писмото се вели:
“Почитуван господине Претседател,
Ви се заблагодарувам за Вашето писмо.
Високо ги ценам односите меѓу нашите држави и очекувам да работам со Вас во мојот втор мандат за да го направиме светот побезбеден и подобар.
Со признавањето на уставното име на Република Македонија, сакав да ја потенцирам заложбата на Соединетите Американски Држави за постојана мултиетничка, демократска Македонија, во рамките на постоечките граници.
Драго ми е што оваа моја одлука беше срдечно примена во Македонија.
Резултатите од референдумот на 7 ноември, претставуваа потврда на волјата на граѓаните на Република Македонија да продолжат да се движат напред кон Европа, кон полноправно членство во НАТО и Европската Унија.
Ја имате мојата поддршка.”.
|
Divider |
Nasite novi maloumnici:
Ali Ahmeti persistently maintains that these armed persons are insignificant boys, who remain under somebody's influence. If that is so, then he should explain: a) who influences these innocent boys; b) why there's no legal action against the agents of influence; and c) how come they are perceived as less dangerous than Dime Ickovski - Poshtarot (the Postman) who was shot like a dog in the middle of Skopje by the police?
Neka objasnat i George duplove i Branko crvenkapa kade se postoeckite granici na RM! |
f9 |
ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА ЈА КАРА ВЛАДАТА
Ахмети и Тачи не се замена за институциите на државата
ВЕСТ, на 4 ноември, неколку дена пред референдумот, преку кабинетот на претседателот на државата Бранко Црвенковски, во својство на претседател на Советотот за безбедност, му постави неколку прашања за состојбата во Кондово.
ВЕСТ: Дали Претседателот ја гарантира безбедноста во Кондово?
Црвенковски: Да.
ВЕСТ: Дали ќе го посетите Кондово?
Црвенковски: Да.
ВЕСТ : Дали е точно дека државата се пазари со криминални банди?
Црвенковски: Не.
Вчера ВЕСТ повторно побара изјава од кабинетотот на претседателот Бранко Црвенковски дали ќе оди во Кондово.
Поради повеќе субјективни и објективни околности и ненавремено интервенирање, ситуацијата сега и каква што беше пред еден месец е различна, е ставот на претседателот Бранко Црвенковски.
Во Кабинетот велат дека за жал, сега може да се констатира дека во Кондово има вооружени групи. Шефот на државата смета дека политичките активности се неопходни и корисни.
Претседателот ги поздравува тие активности без разлика кој, со какви мотиви и од кои позиции ги презема, меѓутоа безбедноста и сигурноста се, пред се, одговорност на институциите на државата и нив никој не смее да ги супституира. Расчекорот од поднесувањето на оставката на Владата до изборот на нова влада, не може да биде каков било изговор за нефункционирањето на институциите, согласно Уставот и законите, ни беше речено вчера во кабинетот на Црвенковски.
|