Секоја држава има своја мафија , но во Македонија |
lav |
Професорката Наталија Николовска изјави:
Секоја држава има мафија , но во Македонија мафијата има своја држава.
За подетално погледнете овде:http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=40408.
пс
И нормално се очекуваат издржани коментари околу ова ....дали е тоа само плод на нејзината имагинација ...или пак од некакво лично искуство ??? |
lav |
Со нетрпение го чекам мислењето за новата влада од професорката Наталија која го кажа она што е стварност во државата на Македонците:
Секоја држава има мафија , но во Македонија мафијата има своја држава. |
трендафил |
Дали невладините организации не се дел од мафијата. Ова го пишувам поради нивното невообичаеното однесување. На пример прославата на признавањето од страна на САД во време на предизборен молк. Или подршката на Претседателот што дипломатскиот лов го заменува со садење дрва. Не велам дека идејата не е добра, но вообичаено е невладините организации да ги критикуваат грешките на власта. Затоа што се смета дека сака и дека е нормално да работи добро, па и се укажува на евентуалните грешки, кои можеби самата не ги воочила. Не ми е јасно и зошто на оваа идеја на претседателот и се дава толкава медиумска подршка, а не е почнато со нејзиното отстварување. По мене треба да се спомне повторно кога ќе се насади првото дрво. Сепак Македонија има доволно „дрва“. Во владата или парламентот на пример.
Подршка на власта од наводно невладини организации е карактеристика на тоталитарни режими. Кај нас тоа, во стариот систем, беа Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, младинската и пионерската организација, а преку медиумите подршка даваа и сите што на било кој начин имаат печат во името на сите што се во таа фирма или организација. Но во нормални држави, на нормална власт таква подршка повеќе и пречи отколку што има полза од неа. |
ozonce |
quote: Originally posted by трендафил
Дали невладините организации не се дел од мафијата.
Da se del od mafijata, no ne site, Ve molam vo idnina akcent da stavate na onie NVO koi se vo Skopje, pred se fondaciite i NVO bliski do niv. Kako del od NVO sektorot od Negotino mozam da kazam deka kaj nas se funkcionira kako shto treba. Veke lokalnata vlast ne konsultira za se shto treba da se napravi (konkretno zboruvam za oblasta od kulturata), baraat mislenje od nas, baraat aktivno da se vkluchime vo sekoja nivna aktivnost, pomosh vo realizacija na proekti...
Znam deka ke ima dosta kritiki na ova, no site tie loshi zborovi za NVo vo celina ne se izdrzani vo globala.
Ako barame mafija togash toa e izvrshnata vlast, nikoj drug! |
трендафил |
quote: Originally posted by ozonce
quote: Originally posted by трендафил
Дали невладините организации не се дел од мафијата.
Da se del od mafijata, no ne site, Ve molam vo idnina akcent da stavate na onie NVO koi se vo Skopje, pred se fondaciite i NVO bliski do niv. Kako del od NVO sektorot od Negotino mozam da kazam deka kaj nas se funkcionira kako shto treba. Veke lokalnata vlast ne konsultira za se shto treba da se napravi (konkretno zboruvam za oblasta od kulturata), baraat mislenje od nas, baraat aktivno da se vkluchime vo sekoja nivna aktivnost, pomosh vo realizacija na proekti...
Znam deka ke ima dosta kritiki na ova, no site tie loshi zborovi za NVo vo celina ne se izdrzani vo globala.
Ako barame mafija togash toa e izvrshnata vlast, nikoj drug!
Мислев на оние невладини организации што се мешаат во политичките настани. Кај кои и екологијата е политика на пример, па изјавуваат дека тие неколку дрва што ќе ги насадат амбасадорите (сепак нема толку амбасади за да насадат шума) ќе допринесат за екологијата на главниот град.
За жал тие што се платени од некој и работат во негов интерес имаат повеќе пари и се поприсутни (да не кажам исклучиво тие се присутни) на медиумите. Се извинувам на малиот број на чесни невладини, односно на тие што останаа невладини и со промената на власта. |