Makjedok |
Македонците ќе мора да го научат албанскиот јазик зашто станува втор официјален јазик во Македонија, Струга е албанска, а и во Скопје ќе се зборува албански, вака албанските медиуми го коментираа договорот за новата територијална поделба.
„Албанскиот јазик станува втор официјален јазик во Македонија. Тоа што вчера беше ерес, денес се оствари, а утре треба да се унапреди“, пишува тиранскиот дневен весник „Коха јоне“.
Весникот наведува дека денес во Македонија 90 отсто од Албанците знаат македонски, а само 2 отсто од Македонците знаат албански. Со новата територијална поделба Македонците ќе мора да научат албански, пишува „Коха јоне“.
Дневниот весник на албански јазик „Факти“ договорот за новата територијална карта го квалификува како победа на ДУИ зашто „покрај двојазичноста во Скопје, и Струга станува со албанско доминантно население.“ Весникот им препорачува на македонските академици да го научат албанскиот јазик.
„Македонските академици убаво е да го научат албанскиот јазик за полесно да се афирмираат во поширокото културно поле со античка традиција“, коментира „Факти“. Во врска со останувањето на Кичево во постојните граници весникот пишува дека таа општина „го прекинува албанскиот коридор како што сакаат македонскиот политички блок и МАНУ“.
Лидерот на ДПА, Арбен Џафери, во колумна за „Факти“ забележува дека „Албанците го слават како победа враќањето во претходните општински граници“.
По постигнувањето на договорот „Фљака“ на насловната страница објави: „Скопје двојазично, Струга целосно наша, Кичево условно“.
„Деведесет отсто од барањата на Албанците се остварени, албанските преговарачи се покажаа многу мудри, постигнаа се што е можно. Не е ни малку, ни лесно да се добие двојазичност во метрополата. Еден град да стане со мнозинско албанско население, а друг да стане албански во 2008 година“, се вели во изјавите на професорот по историја Исмет Селими и педагогот Урим Бектеши дадени за „Фљака“. Албанскиот интелектуалец Али Алиу во интервју за истиот весник наведува:
„Во Скопје албанскиот јазик опстојува со векови. Чуди реакцијата на Македонците против употребата на албанскиот јазик во главниот град“. Според „Коха диторе“, „јавувањата од Брисел и Батлер донесоа договор за територијална поделба“.
Математички Осама Бин Ладен од Тетово ќе го освојува светот [:D]
За почеток, за својата теорија со која планира да ја возбуди НАСА, Фетаху добил странски пари од министерот Положани, во проект кој го верификувал претседателот на Собранието, Јордановски
Нуредин Фетаху е името на човекот што ќе ја прослави македонската наука во светот и ќе ги побие не само македонските, туку и математичарите од Европа, Русија, Јапонија и од САД.
Така барем верува министерот за образование Азис Положани, кој потрошил пари од холандска донација за едуцирање ученици во средните училишта преку математичката теорија "Горанеза". Само шест талентирани средношколци ги исполниле условите да влезат во проектот. Автор на теоријата е Нуредин Фетаху.
- "Горанеза" е решение за проблемите во математиката и во информатиката на современото општество - гордо вели тој.
"Горанеза" пред десетина години била одбиена од МАНУ, со образложение дека не е научно издржана. За нејзина проверка од МАНУ бил ангажиран и Смиле Марковски, професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
- Станува збор за алгоритам, но пресметувањето преку него е побавно во споредба со другите алгоритми, кои биле користени многу одамна. Новитет беше само начинот на пресметување, но тоа не е откритие. Тоа што го понуди Фетаху најмалку е изум и не е применливо во практика. Затоа МАНУ се изјасни негативно - вели Марковски.
Но, министерот Положани не мисли така. Тој во јули годинава ја известил холандската амбасада дека дел од добиената парична помош за подобрување на образованието одредил за проектот "Математиката во средното образование на меѓународно ниво". Целта била да се надградат знаењата на надарените ученици преку теоријата "Горанеза", на здружението "Нуредин Фетаху и група професори од Тетово". Во известувањето на Положани се вели дека со теоријата "Горанеза" биле пополнети празнините што постоеле во математичката сфера. Да биде чудото поголемо, верификатор на проектот е претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски.
Нуредин Фетаху вели дека не зел хонорар за едуцирањето на избраните ученици и тврди дека не му требаат пари. Тој само бара Министерството да му овозможи натпревар со експертите од факултетите во Македонија, но и со МАНУ.
- Ќе докажеме дека и учениците што ги обучивме се подобри од експертите со докторски титули - вели Фетаху.
Тетовскиот гениј планира обучените ученици да и ги понуди на НАСА во САД, но само ако му дадат задоволувачки хонорар:
- Јас сум математички Осама бин Ладен. Планирам прво научно да ги побијам експертите во Македонија, потоа во соседството, за да продолжам со побивањето низ Европа, Русија, Јапонија. На крајот ќе им докажам и на научниците од САД дека имам решенија за проблемите во информатиката - вели тој.
Фетаху тврди дека со неговата теорија Македонија ќе заработи милиони долари од информатичките компании во светот.
- Македонија треба да е среќна што ме има, оти гении како мене се раѓаат многу ретко. Според предвидувањата, наредниот гениј ќе се роди за 500 години. Но, јас сум оптимист и мислам дека гениј како мене светот ќе добие за 200 години - скромно пресметал Фетаху.
Албанската федерација ќе се простира од Куманово до Охрид
Националната демократска партија вчера ги повика политичките партии на Албанците да формираат албанска влада во Македонија, која ќе работи на федерализирање на земјава.
Според Басри Алити, претседател на НДП, само со федерализација на државата Албанците ќе обезбедат целосна рамноправност со Македонците.
- Партиите на Албанците мора да се обединат и заеднички да застанат зад проектот за федерализација на Македонија. Лидерите на четирите партии треба да формираат заедничка влада со седиште во Скопје, која ќе работи во таа насока. Охридскиот договор е мртов, а ние имаме уставно право да организираме референдум за федерализација на Македонија, нешто слично како што функционира и Белгија. Границите на албанскиот дел од федерацијата би биле од Куманово до Охрид - изјави Алити на вчерашната прес-конференција.
Тој ги повика Обединетите нации, САД, Европската Унија и НАТО да посредуваат меѓу Албанците и Македонците за новите уставни промени за федерализација на земјата.
- Со новите уставни промени Македонија ќе биде држава на два рамноправни народи - нагласи тој.
Пратеникот на НДП и потпретседател на партијата, Џезаир Шаќири-Хоџа, на средбата со новинарите изјави дека Македонците докажале дека не сакаат да живеат со Албанците.
- Оваа држава опстојува благодарение на два главни столба. Ако едниот од тие столбови покажува дека не сака државата да постои, таа не може да постои - изјави Хоџа.
Тој нагласи дека освен како пратеник, зборува и како поранешен командант на ОНА.
Е. З.
Vestive se sobrani od VREME i Dnevnik od poslednive 7-8 dena. |