Ramkoven dogovor 1904...
Ramkoven dogovor 1904...
vulgaren МАКЕДОНСКИТЕ И АЛБАНСКИТЕ КОМИТИ СЕ ДОГОВОРИЛЕ Пишува: Сефер Муслиу Во приватниот архив на проф. д-р Тома Кацори во Софија е откриен македонско-албански договор од 1907 година. Документот во селото Косенец, што се наоѓа во околината на Лерин, го потпишале македонскиот капидан Андон Поп Стерјов и албанскиот капидан Черчиз Топули. Суштината на овој договор бил нивните чети да се помагаат и заедно да се борат против заедничкиот непријател... Македонците и Албанците, како први соседи, во историјата имале речиси исти, а може да се рече и сосема исти проблеми, па затоа тогаш кога им било најтешко се потпитрале едни на други. Во историјата има безброј докази за ваквите тврдења, а историчарите се тие кои треба да ги проучат и да ги обелоденат во јавноста. Еден таков документ е пронајден деновиве во Софија, во приватниот архив на проф д-р Тома Кацори, познат албански интелектуалец, кој повеќе од педесет години живее и работи во Софија. Документот се состои од неколку слики и четири страници пишувани на машина коишто опишуваат една случка од далечната 1907 година. Според кажувањето на Христо Руков, кој во 1962 година имал 74 години, настанот се случил на 20 септември 1907 година во селото Костенец, во околината на Лерин, Грција. Што навистина се случило? Во почетокот на минатиот век Македонија и Албанија биле под турско ропство. Но, тоа било почеток на интензивирањето на активностите за национално ослободување. На ова работеле многу патриоти од двата народа. Албанците формирале свои клубови во неколку балкански и европски градови. Нивната активност била насочена кон борбата за национално ослободување. Впрочем, такви друштва формирале и македонските преродбеници, кои соработувале со своите албански колеги. По двегодишното бегство во Букурешт и во Софија, албанскиот преродбеник и комита Черчиз Топули, заедно со писателот Михаил Грамено, се враќа во родниот крај во Албанија и почнува практично да дејствува против окупаторот. Гласот за неговите активности се проширил надалеку и тоа го поттикнало капиданот Андон Поп Стерјов да го покани во својот крај, во Егејска Македонија, за да се договорат како заеднички да дејствуваат против заедничките непријатели. Албанските комити со задоволство ја прифаќаат понудата и се договара средба во македонското село Костенец. Македонските комити од Костенец и од околните села се подготвувале за пречек на албанските колеги предводени од нивниот капидан Черчиз Топули, кого Македонците го нарекувале "албански Гоце Делчев". Тие го преминале Врник, Лабаница, Д’мбени и стигнале во Костенец. Албанската комитска чета накратко се задржала во селото, а потоа се засолнила во шумата, за да не бидат пресретнати од турскиот аскер. Потоа капиданите на двете комитски чети - македонската предводена од Андон Поп Стерјов, придружуван од Пандо Сидов, Христо Цетков и од еден друг капидан, и албанската предводена од капидан Черчиз Топули, придружуван од албанскиот писател Михаил Грамено и од двајца други албански капидани - се повлекле во една пештера и потпишале договор за заедничка борба против заедничките непријатели. Меѓу другото, тие се договариле како да настапат по прогласувањето на Уриетот, бидејќи во Турската империја во Цариград веќе се ширеле гласини за избувнување на Младотурската револуција. Тоа се случило осум месеци по склучувањето на овој македонско-албански договор . Според кажувањето на Христо Руков, македонските и албанските комити го прославиле потпишувањето на договорот во селото Костенец прво во македонското село, а потоа го продолжиле славењето во селото Билишта, во околината на Корча. По тој повод селаните подготвиле богата трпеза. Прославата кулминирала со тоа што капиданите биле кренати на раце од страна на другите и се пееле песни и се играле ора. Чинот на потпишувањето на овој договор со својот фотоапарат го овековечил комитата Христо Руков. Во знак на почит, Черчиз Топули му подарил пушка на Христо Руков. Во книгата "Историја на албанскиот народ" пишува дека "Черчиз Топули и неговата чета преку Лерин тргнале да им помогнат на илинденските востаници во Крушево во 1903 година, но биле спречени од турскиот аскер во близината на Битола". Исто така, во гореспоменатата книга на страница 276, пишува: "Во 1907 година албанските комитски чети стапија во контакт со македонските чети што се бореа против турските и против грчките претензии во Македонија. Борбата против заедничките непријатели ги збратими борците Албанци и Македонци од ова подрачје. Во средбите тие разменуваа искуства и се договараа како да дејствуваат и да се борат против заедничките непријатели..." Македонците и Албанците, како вековни соседи, во минатото никогаш не војувале меѓу себе. Напротив, нивните челници често се обидувале да склучат сојузи. Но, за жал, заради интересите на дневната политика историчарите ги премолчувале овие факти, прикривајќи ја вистината за македонско-албанската соработка во текот на историјата, а избегнувајќи ги овие факти тие ја избегнуваа и вистината за вековната соработка на двата народа во борбата за слобода и самобитност. На повикот на Крушевскиот манифест се јавија и многу Албанци кои застанаа на страната на востаниците против турскиот аскер. На овој повик се јавиле и Албанците од околината на Крушево, како и Албанците од другите краеви - од Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар, Пешкопеја, Поградец... Преку овие градови востаниците добивале и оружје и друга помош . Зборувајќи за придонесот на Албанците во Крушевското востание војводата Насе Капиданче рекол: "Аферим, Албанците се наши браќа, луѓе од збор и јунаци со крила..." Како резултат на таа заедничка борба во крушевската Влада имало и двајца министри Албанци. Ѓерѓ Гаче бил секретар на Владата и задолжен за "рекуизиција", додека д-р Никола Борјари бил министер за здравство. Потоа, Белул Наџаку од струшкото село Поум и Хусеин Керај од село Житоше, Прилепско, биле корисници на "илинденска пензија". Шефкет Аголи и Туши Паско, ветерани од Албанија од 1878-1912 г., кои се бореле во македонските чети на Петре Чаулев, Коста Лештар, Чулев и други, во своите кажувања наведуваат кој с#233; се борел во македонските чети: "Живеевме како браќа, а Македонците многу го ценеа јунаштвото на Албанците..." Во времето што следувало и во новите услови Македонците и Албанците склучиле и други договори. Така било и во Втората светска војна, кога, како резултат на заедничката борба е формирана Македонско-албанската бригада во НОБ. Договорите и заедничката борба на Македонците и на Албанците се актуелни и денес. Охридскиот рамковен договор беше и е резултат на историските договори меѓу двата народа.
jamajka
quote:
Originally posted by vulgaren
Македонците и Албанците, како први соседи, во историјата имале речиси исти, а може да се рече и сосема исти проблеми, па затоа тогаш кога им било најтешко се потпитрале едни на други. Во историјата има безброј докази за ваквите тврдења, а историчарите се тие кои треба да ги проучат и да ги обелоденат во јавноста.
hmmmmm... za vreme na tursko se izbrkani etnichkite Makedonci za da bidat naseleni od etnichki Albanci od ovie sela shto mene mi se poznati: Zajas, Kolari, Arangel, Oslomej, Vejce, Selce, Shipkojca, Sheshevo, Slatina, Radusha, Novo selo. Ova se samo mal del. Eve kako ja gledale evropjanite etnichkata karta na Makedonija za vreme na Tursko(kartata poteknuva od pochetokot na 18 vek). I vidi shto na ovaa karta e Albanija. (planina) [img]http://www.nepokor.org/sliki/49.jpg[/img]
vulgaren abe mapava na grcite prati im ja - ja ne ti dokazuvam nisto. Samo go prepisav tekstot od nekade.
Makjedok Siptar, znaes li koja vera ja imaat Albancite vo Egejska makedonija ili vo Korca? Prvo toa procitaj. Znaes li kolku bugarsko-makedonski i srpsko-makedonski sorabotki imalo? Prikaskava ne ti e dovolnada go lazes narodot. sapun more, sapun.
vulgaren
quote:
Originally posted by Makjedok
Siptar, znaes li koja vera ja imaat Albancite vo Egejska makedonija ili vo Korca? Prvo toa procitaj. Znaes li kolku bugarsko-makedonski i srpsko-makedonski sorabotki imalo? Prikaskava ne ti e dovolnada go lazes narodot. sapun more, sapun.
a ti sto si - bugarsko pederce ili srpski gzloziac? Ja Makedonec sum.
Makjedok Ti ne si Makedonec tuku si siptar. Site to go gledat. Bugarite i Srbite ni se pojke braka od siptarite. Siptarite nikogas ne ni bile.
vulgaren
quote:
Originally posted by Makjedok
Ti ne si Makedonec tuku si siptar. Site to go gledat. Bugarite i Srbite ni se pojke braka od siptarite. Siptarite nikogas ne ni bile.
Tipecen bugaraski kodos - 'braka' - idi goni se ti i tvoite braka...majmun bugarski.
Strelec vulgaren i Makjedok na nekolkudnevna pauza!