Усвоена листата до 2020 година |
OooOo |
Dali e ova nekakov znak za Makedonija?
Усвоена листата на земји претседавачи со ЕУ до 2020-та
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска, на крајот од дводневниот состанок во Брисел, ја усвоија листата на земјите кои до 2020 година ќе претседаваат со Унијата и со сигурност може да се очекува дека нивната одлука ќе ја потврдат и лидерите на земјите-членки на ЕУ на Самитот кој треба да се одржи в четврток и в петок.
Интересно е што на оваа листа се наоѓаат Романија и Бугарија, кои најверојатно ќе влезат во ЕУ на 1 јануари 2007 година, меѓутоа ги нема сегашните кандидати за приклучување кон Унијата, Хрватска и Турција.
Со Унијата, која сега има 25 членки, моментално претседава Холандија, се до 1 јануари следната година, кога палката во следните шест месеци ќе ја преземе Луксембург, а од 1 јули до крајот на 2005 година ќе претседава Велика Британија.
Според усвоената листа, 2006 година е резервирана за Финска и Австрија, во 2007 година ќе претседаваат Германија и Португалија, во 2008 година Словенија и Франција, во 2009 година Чешка и Шведска, а во 2010 година Шпанија и Белгија.
Претседавачи во 2011 година ќе бидат Унгарија и Полска, во 2012 година Данска и Кипар, во 2013 година Ирска и Литванија, во 2014 година Грција и Италија, во 2015 година Летонија и Луксембург, во 2016 година Холандија и Словачка, а во 2017 година Малта и велика Британија.
Во 2018 година со европската унија ќе претседаваат Естонија и Бугарија, а следната година Австрија и Романија, додека Финска повторно ќе претседава во 2020 година. |
Strelec |
Значи Македонија ќе биде претседавач дури во 2021 година!?:)
|
StormAngel |
quote: Originally posted by Strelec
Значи Македонија ќе биде претседавач дури во 2021 година!?:)
Matematicki kazano,
Ama so nadez deka pred toa ke vlezeme u famoznata EU. |
The_Crow |
Moe mislenje e ne mora da go delite deka od pretsedavanjeto na sekoja od zemjite razlicni se sansite da ideme napred vo eu. So onie zemji so koi imame dobri pred se bilateralni a uste poveke multilateralni odnosi ke ne podrzuvaat i duri ke ni pomagaat da vlezime vo unijata. Kako primer bi ja zemal slovenija koga taa ke pretsedava so unijata bi mozele da dobieme pokana za clenstvo vo unijata a posle i francija e isto tolku dobro prijatelski nastroena kon drzavicevo
Moze i nie makedoncite ke nacekame da vidime kako ke se odrzuvaat seminari i sostanoci na najakite sefovi na diplomatii u sk. a zaso ne ei vo ohrid :) |
vmro |
quote: Originally posted by StormAngel
quote: Originally posted by Strelec
Значи Македонија ќе биде претседавач дури во 2021 година!?:)
Matematicki kazano,
Ama so nadez deka pred toa ke vlezeme u famoznata EU.
shto ke ni e evropa !!!! |
Strelec |
quote: Originally posted by vmro
...shto ke ni e evropa !!!!
Да... и Африка ни е блиску!
|
dejan |
kakov znak mora da bide za makedonija ova? jas ne procitav 'makedonija...' bugarija i romanija se staveni deka veke se znae ke bidat clenki na EU. |
трендафил |
quote: Originally posted by Strelec
Значи Македонија ќе биде претседавач дури во 2021 година!?:)
Најрано 2022 ако одат по азбучен ред т.е. Croatia, Macedonia, Turkey. Ова под услов да не го смениме името со А или Б почетно или Ц со понапред од R втора буква.
Имам впечаток дека на нашата власт воопшто не е и важно да влеземе во унијата, туку само да добиеме (добијат) пристап до европските пари, т.е. да станеме кандидат. Ако ги исполниме сите услови и станеме членка, тогаш парите што „чесно“ ги заработија ќе им биде страв и дома да си го пребројуваат, а камо ли да ги појават во јавност. |