Тетовските медицинари не сакаат партиципација |
OooOo |
Ova gi pominuva site granici ...
Тетовските медицинари не сакаат да плаќаат партиципација
Советот на родители на тетовските непризнаени медицинари вечерва одлучува за предлогот на приштинскиот ректор, Арсим Бајрами, со кој 500-тина студенти треба да се префрлат на Приштинскиот Универзитет. Но, условот тие да плаќаат партиципација од 1.500 евра за студиите на Приштинскиот Универзитет, категорично го одбиле.
„Ние тоа не го прифативме. Сакаме и тоа да се плати од Министерството за образование на РМ и меѓународните организации“, изјави Башким Саити, студент по медицина.
Од македонското Министерство за образование пак, неофицијално се дознава дека надлежните се мислеле дали да ги платат потребните пари, со што конечно ќе се реши случајот на нелегалните студенти.
Доколку македонското и косовското Министерство го потпишат договорот за трансфер на студентите, тие за еден месец ќе се префрлат во Приштина.
Пропадна обидот пак, за трансфер на студентите во Тирана, кој го преговараше македонското Министерство за образование. Таму, но на своја рака, кариери ќе градат 60 тетовски медицинари.
За студии пак, на скопскиот Медицински Факултет, тетовските медицинари не се заинтересирани. |
Sotir |
Studentite Albanci, na "medicinskiot fakultet" od Mala Recica (ne priznaen), 2/3 se od Kosovo i Albanija. Tie ne se drzavjani na Republika Makedonija, tuku na drugi drzavi koi nemaat nikakva vrska so Republika Makedonija (osven sto sme sosedi). Ova se informaciite koi se kruzat veke dve-tri nedeli.
Kako e mozno nekoj da protestira i da strajkuva vo Republika Makedonija, da bara taa drzava da mu ovozmozi besplatno skoluvanje, a toj da ne e drzavjanin na taa drzava?
Ova e cirkuz koj ne moze da se vidi na drugo mesto.
I uste nesto vo vrska so visokoto obrazovanie na Albancite:
Imam informacija, koja vo momentov nemozam da ja potkrepam so fakti, deka na novopriznaeniot "Malorecanski univerzitet" (Tetovski) poradi nedostatok na kadri, 30% od profesorite se Makedonci, koi im predavaat na studentite na Makedonski jazik i im davaat literatura na Makedonski jazik.
Ako e ova vistina, a vistina e, kade e tuka poentata? Ne mozea li istiote tie studenti da se zapisat na postojnite univerziteti (postoea kvoti koi nikogas ne se ispolnuvaa) bez da se pravat drami, tenzii, demek "covekovi prava" i drn-drn? Go dobija istoto koe sto go imaa.
Koj e spored ova inicijatorot na celovo "sranje"? "Ugnetuvacite" ili "ugnetuvanite"? |
Sotir |
И родителите ќе штрајкуваат
Стотина студенти од незаконскиот медицински факултет вчера протестираа на градскиот плоштад во Тетово под мотото „Денес е време, утре ќе биде доцна“.
- Мора да се задоволи желбата на овие студенти да учат медицина. Во светот постојат многу случаи кога факултетите не биле озаконети, но оттаму излегувале научници и нобеловци - рече Сефедин Харуни, претседател на одборот на родители на студентите.
„Медицинскиот факултет е срцето на тетовскиот универзитет“, „Без лекари нема здравје“, „Не играјте си со судбината на нашите деца“, гласеа паролите на студентите-медицинари, кои бараат озаконување на факултетот или трансфер на Приштинскиот универзитет.
Поддршка на барањата на студентите искажа и Здружението на лекари-Албанци, според кое медицинскиот факултет е потреба што мора да се реализира. Протестот го организира одборот на родителите на студентите по медицина. Тие најавија дека доколку не им се исполнат барањата на нивните деца, тие ќе штрајкуваат заедно со нив во зградата на ректоратот.
Од Министерството за образование дознаваме дека следната недела во Приштина ќе се состанат работните групи од земјава и од Косово за да се пазарат за цената за трансфер на студентите. Медицинарите треба да платат 3.000 евра за да се префрлат на Приштинскиот универзитет. Околу 1.500 евра за студент ќе бидат обезбедени од странски донации, но тие бараат државата да им ги даде другите 1.500 евра. Тоа значи дека државата треба да обезбеди околу 750.000 евра за нивниот трансфер.
- За да им се дадат пари на студентите за трансфер во Приштина, треба да има посебна ставка од буџетот. Дури и да сакаат да пренаменат пари од буџетот за тетовскиот универзитет за да се оствари трансферот, повторно треба да се изјасни Министерството за финансии. Затоа, решението за проблемот со студентите се крие во политички договор меѓу Македонија и Косово - велат извори од Министерството за образование. А. С. - М. Ј.
http://www.vreme.com.mk/novost.action?id=17153&broj=268
Znaci 750.000 evra od Makedonskiot budjet za obrazovanie na drzavjani na druga drzava. Odlicno. Se za sozivotot!
Abe, "Zivotot go davame, sozivotot ne go davame"!
|
dejan |
znaci vikat 750 000 evra za da se priznae toj iskriven fakultet?
ajde nisto, makedonija na site im dava pari, polni sme! samo koj saka neka kaze.
mislam naj dobro drzhvata da ne im platat (ama toa ke napravat), po dobro vo skopje neka si otidat da ucat, ako sakat da ucat na makedonski jazik...
sigurno kosova gi ceka. |
Sotir |
quote: Originally posted by dejan
znaci vikat 750 000 evra za da se priznae toj iskriven fakultet?
ajde nisto, makedonija na site im dava pari, polni sme! samo koj saka neka kaze.
mislam naj dobro drzhvata da ne im platat (ama toa ke napravat), po dobro vo skopje neka si otidat da ucat, ako sakat da ucat na makedonski jazik...
sigurno kosova gi ceka.
Ne 750.000 evra za da se priznae fakultetot, tuku 750.000 evra Makedonija da vlozi vo univerzitetot vo Pristina, za da mnozat ovie da studiraat tamu. |
zmba |
Македонија нема пари за своите Универзитети да ги алиментира а не пак да дава на приштинскиот , одкаде ни доаѓаа доктори кои докторираа со тезата МУВ ЉЕТИ , МУВ НЕ ЉЕТИ. |
StormAngel |
Ko nejke,ne mora.
Studiite na Medicinski se isti nasekade.
E sea,so nad leb pogaca sakaat,glupost e.[;)]
Imeno cestitki do mojot profesor za izbiranje na rektor na PU.[;)] |
SLaCk |
Pominati bea site granici so priznavanje na toj Tetovski "univerzitet".Da ne spomnuvam lagata so toa deka nema da se dvojat pari od budzetot za nego.A veke za slednata godina se predvideni 1 milion evra za toj "univerzitet". |
wolf_pack |
Mene ovaj JIU-Evropa mi se dopaga, dvo-jazichen so shansa da se uchi angliski. Shto ne se proshiri ovaa institucija, i neka se dodade dvo-jazichen medicinksi fakultet. Bar e univerzitetot moderen, so evropski standardi a ne onaj tetovskiot, paralelniot.
Sho ovie plachkovci samo komplejnat? Ajde sikter tamo... |
StormAngel |
SEEU nema ni namera da otvori katedra za Medicina.
Cista glupost e toa.[;)] |
wolf_pack |
Zashto glupost bre drugar??
Toa bi bilo odlichen nachin za reshavanje ovaj glup problem. |
StormAngel |
wolf_pack,
Glupost e koga nemas moznosti da napravis nesto (vo slucajot fakultet za medicina) da probas da go napravis.
Doktori koi sto ke spasuvaat zivoti ke treba da vadime,a ne koi sto ke odzemaat zivoti.
Zatoa e glupost.Amerikancite go znaat toa.I toa e.[;)] |
Pana |
Kakvo plakanje be.Koj gi ebava. |
трендафил |
Со оглед на тоа кој е во власта, нормално е да се очекува дека македонската држава ќе плати на странците кои од Косово дошле да го подржат диво отворениот универзитет во Мала Речица. Ако веќе ги легализира другите факултети од дивоградбата што требаше да се сруши, а ако ДУИ и нивните потчинети на чело со СДСМ мислеа дека треба да се отвори државен универзитет во Тетово, требаше да отвори нов кој во оваа година ќе имаше само бруцоши, а не и апсолвенти и дипломирани пред отварањето на универзитетот. ДУИ многу добро покажа што се прави со дивоградби врз македонските окулу Охридското Езеро, но веќе во Калишта не ги рушеше дивоградбите на своите етнички созаедничари. Ако државата легализира универзитет дивоградба на сопствена сметка, требаше и на сопствениците на дивоградби во охридско да им ги плати сите трошоци за легализација (проект, комуналии и друго), а не да им ги руши објектите, многу од нив постари од универзитетот во Мала Речица.
|
OooOo |
I taka del od ilegalnite studenti kje dobijat legalen status vo Prishtina, na smetka na site gragjani na RM
Медицинарите од Тетово ќе се префрлат на приштинскиот универзитет
Дел од 500-тината студенти од нелегалниот медицински факултет во Тетово до крајов на годината ќе се префрлат на приштинскиот универзитет е ставот на министерот Азис Положани.
3.000 евра е превисока цена за префрлање, велат студентите, затоа министерот Положани ќе им помогне со парите на граѓаните, од буџетот.
„Ако имаат потреба од дополнителни средства се надевам ќе имаме разбирање и од некои меѓународни асоцијации да помогнат во таа насока“, вели зис Положани.
Министерот Положани вели дека постигнат е политички договор со косовското министерство за образование околу префрлањето на тетовските медицинари, но несака да открие што конкретно е договорено.
„Има и некои конкретни работи, но не е целосно затворен процесот“, рече Положани.
Трансферот пак на 20-тината студенти кои од вчера се предомислија за приштинскиот и сакаат да студираат на медицинскиот факултет во Скопје ќе го договараат ректорот на тетовскиот универзитет Неџбедин Беадини и неговиот скопски колега Ѓорѓи Мартиновски. |
Sotir |
quote: Originally posted by OooOo
Трансферот пак на 20-тината студенти кои од вчера се предомислија за приштинскиот и сакаат да студираат на медицинскиот факултет во Скопје...
Ke si se predomisluvaat oni, kako mali deca, sakam ova, nekam ona, sakam ona, nekam ova, a nie na kraj ke si platime od nas djep, za tie fino da si studiraat medicina.
Tesko na pacientite koi za 5-6 godini ke im padnat vo race (sekoj od nas vo Republika Makedonija e kandidat za ova).
Gospod neka ni e na pomos. |
dejan |
vo pravo si sotir, ama zasto vikas taka deka tesko na 'nas' (sto se vo makedonija) za 5-6 godini?
|
OooOo |
ТЕТОВСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
Студентите незадоволни од понудените решенија
Студентите на непризнаениот медицински факултет во Тетово ги одбиле понудите на универзитетите од Скопје, Тирана и од Приштина со кои би се решил статусот на 229 студенти, од вкупно 500.
Скопскиот универзитет понудил да прими 34 студенти, тиранскиот - 15, а приштинскиот се изјаснил дека има место за 180 медицинари.
Тие што ќе одат на скопскиот Медицински факултет прво ќе мора да полагаат тест и да поминат практична настава во Државната болница. Примените ќе плаќаат партиципација како и другите студенти. Медицинските факултети во Тирана и во Приштина не прецизирале колку пари ќе плаќаат тетовските медицинари, ниту дали ќе полагаат тест.
- Не ги прифаќаме предлозите. Или да не префрлат сите или да го легализираат факултетот. На Медицинскиот факултет во Скопје по своја волја ќе одат триесетина, во Приштина заминаа 40, но за околу 300 студенти нема решение - велат студентите.
Студентите најверојатно денеска ќе се сретнат со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да разговараат за понудените предлози, зашто наводно тој ја терал целата работа за групното префрлување на медицинарите. |
Sotir |
quote: Originally posted by dejan
vo pravo si sotir, ama zasto vikas taka deka tesko na 'nas' (sto se vo makedonija) za 5-6 godini?
Pa tie denesni "studenti", za 5-6 godini ke stanat (nedaj boze) hirurzi, pa moeto dete ako go fati slepo crevo, moze da mu izvadat bubreg. |