Thief |
Човек полн со енергија и живот! Човек кој ја задолжи македонската наука за јазикот и тероијата на литературата...
Прекрасните „Девојчето со две имиња“, „Гледалото зад огледалото“, „Волшебноста на зборот“, епистоларниот роман кој заедно со Небојша Кнежевиќ (чинам оти, се надевам не сум го погрешил името!?) го напишаа се дела на кои треба да се гледа со пиетет.
Почина човек кој ќе го помнам во желбата за работа и енергичноста, но интимно по нејзините прашања на мои блиски пријатели: „Како е малиот Блаже“... и секогаш кога ќе се присетам на таа реченица, нешто ме исполнува заради таа нејзина паралела, но и „грутка в срце ми легнува“ што загубивме таков човек.
Не забележувајте на можните грешки и нејасонисти кои ги има ова мое писание, емоциите се посилни! |
Thief |
Почина професор Јадранка Владова
Завчера во Скопје во 48-та година од животот почина Јадранка Владова, признаен раскажувач, литературен теоретичар, есеист, преведувач и професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во својот плоден опус Владова остави десетина романи за деца, книги со книжевни расправи и критики, како и учебници по македонски јазик и литература за основно и за средно образование. Таа беше составувач на книжевни антологии, а и самата е застапена во повеќе избори на македонскиот расказ. Јадранка Владова членуваше во Друштвото на писателите на Македонија и во македонскиот ПЕН-центар.
Скопје 11/12/2004 12:58:55
Почина доктор Јадранка Владова
Денес во Скопје, во 48 година од животот, почина професор доктор на филолошки науки Јадранка Владова (родена во Скопје во1956 година).
Како познат раскажувач, литературен теоретичар, есеист, преведувач и професор на скопскиот универзитет, Владова е автор на десеттина романи за деца, на книги со есеи, критики, книжевни распари, на учебници по македонски јазик и литература за основно и средно образование, на македонско-чешки речник, толкувач на македонската книжевност
Владова е составувач на литературни антологии, а и самата е застапена во повеќе антологии со македонски раскази. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на македонскиот ПЕН центар.
Погребот на доктор Јадранка Владова е закажан за утре во 12 часот на Градските гробишта Бутел./крај/ р
|