Новата влада |
трендафил |
quote: Бучковски: „Интеграција во ЕУ и НАТО и економски развој приоритет на владата“
МИА
15.12.2004
Владо Бучковски
Клучни приоритети на Владата во наредните две години ќе бидат забрзување на процесот на интегрирање во НАТО и во ЕУ, интензивирање на економскиот развој, реформа на правосудниот систем, борба против организираниот криминал и корупцијата и доследно спроведување на Рамковниот договор, нагласи мандатарот Владо Бучковски во образложението на програмата и составот на идниот владин кабинет.
Владата што ја предлагам, истакна Бучковски, нуди јасен концепт за иднината на земјата и за нејзиниот развој, но е свесна за тешкотиите со кои се соочува Република Македонија и сите наши граѓани.
„Оваа Влада ветува дека во овој мандат, во 2006-тата година, Македонија ќе добие покана за членство во НАТО. Ветува дека до крајот на нејзиниот мандат, нашите граѓани - студенти, туристи, бизнисмени, ќе можат слободно да патуваат во европските земји, без да се судираат со тешкиот шенгенски визен режим. Оваа Влада ветува дека до крајот на нејзиниот мандат, Македонија ќе добие статус на земја кандидат за членство ЕУ и дека ќе ги почне преговорите за полноправно членство во Унијата“, рече Бучковски.
Тој очекува во мандатот на идната Влада, што ќе се формира по следните парламентарни избори Македонија да добие и покана за членство во Унијата.
„Оваа Влада ветува дека ќе ја спроведе долгоочекуваната реформа на правосудниот систем, со која тој ќе стане поефикасен и со што истовремено ќе се овозможи поголема сигурност на компаниите при инвестирањето, што е клучно за развојот на нашата економија“, истакна мандатарот Бучковски.
Тој вети дека Владата што ќе ја води ќе биде отворена за дијалог со стопанствениците и нивните комори, со опозицијата, со експертите и со сите луѓе со добра волја кои сакаат да дадат конструктивен придонес во побрз развој на општеството.
„Денес нашите луѓе мака мачат да обезбедат елементарна егзистенција, да ги платат сметките и да ги школуваат своите деца. Денес решавањето на меѓуетничките прашања и исцрпувачките, но јалови политички борби ни одземаат толку многу време и енергија што не можеме да се посветиме на решавање на реалните проблеми што го притискаат народот. Денес бедата и неслогата ни ја нагризуваат надежта. Тоа мора да престане. Сега е време за нов почеток, за нови идеи и за нова визија за Македонија. Сега е време да поверуваме дека можеме и повеќе и подобро. Сега е време да ги обединиме сопствените сили, енергија, моќ и знаење“, нагласи мандатарот Владо Бучковски во своето експозе пред пратениците во македонското Собрание.
Бучковски вети дека Владата доследно ќе ги брани и почитува принципите врз кои е основана Република Македонија како самостојна и суверена држава, а работата ќе ја темели врз почитувањето на демократијата, владеењето на правото, гаранцијата на човековите права и слободи.
Економскиот развој ќе биде друг од приоритетите во работењето на новата влада и за таа цел како што најави мандатарот Владо Бучковски во експозето пред пратениците, ќе бидат предложени мерки за подобрување на конкурентноста, како и стратегии за развој на извозно ориентираните сектори во индустриските гранки.
Сето тоа, нагласи Бучковски, треба да влијае на подобрување на животниот стандард и на сите сфери на општественото живеење.
Заложба на новата влада ќе биде постигнување на динамичен развој што ќе ја води земјата во фаза кога постојано ќе се отвараат нови работни места и ќе се привлекуваат странски инвестиции. Тоа не е ни малку лесна задача, но Владата е обврзана да ги оствари овие цели. Само така можеме да ја гарантираме стабилноста, безбедноста и успешниот развој на Република Македонија“, истакна Бучковски.
Тој потенцира дека Владата, во наредниот период ќе посвети особено внимание на развојот на земјоделството, за што од буџетот во наредната година се планирани 100 милиони денари повеќе од годинава, ќе иницира услови за започнување нов инвестициски циклус и за рестартирање на расположивите индустриски капцитети. Таа ќе се залага за подобрување на условите за деловно работење, за инвестирање, за зголемување на продуктивноста, конкурентноста и атрактивноста на нашата земја како место за инвестирање, наспроти конкурентите во регионот на Југоисточна Европа.
Бучковски во експозето најави поддршка и на претприемаштвото на малите и средни претпријатија со цел да се обезбедат вработувања и порационално искористување на расположивите ресурси.
Владата ќе ја продолжи успешната соработката со ММФ и Светската банка со кои првиот тест, вели мандатарот, ќе го имаат во февруари. „Ќе се залагаме за нов реформски аранжман и за продолжување на структурните реформи - што се болни, но и неопходни. Тие реформи ќе ги спроведуваме затоа што ни се потребни нам, а не на ММФ и на Светската Банка“, истакна Владо Бучковски во експозето пред пратениците.
Тој најави дека новата Влада сака да гради партнерски односи со сите синдикати и оти тоа ќе го прави заради заштита и доследно остварување на работничките права, како и на одредбите од колективните договори. скс/са/12:27/миа/МТнет/
Влада ќе го доврши имплементирањето на Охридскиот договор, истакна мандатарот за составување нова Влада Владо Бучковски во експозето пред пратениците во Парламентот.
„Оваа Влада ветува дека ќе го доврши имплементирањето на Охридскиот договор, што по уставните и законските промени е составен дел од нашиот правен систем“, рече Бучковски.
Со Охридскиот договор се удрија темелите на новите односи во Македонија за градење на стабилна, единствена држава на рамноправни граѓани, а тоа, како што истакна Бучковски, е единствениот начин да се зацврсти единството на Македонија и да се интегрираме што побргу во НАТО и во Европската Унија.
Мандатарот Бучковски, сепак, предупреди дека предизвиците од создавање етнички тензии не се целосно надминати, посочувајќи на случајот со Кондово.
„Оваа Влада нема намера да дозволи кој било да ја дестабилизира безбедносната состојба во Република Македонија. Со сите законски средства ќе ги решаваме проблемите и тука нема да се прават било какви компромиси“, истакна Бучковски.
Тој вети дека новата влада ќе биде крајно транспарентна во својата работа и отворена за соработка со медиумите. Бучковски воедно ги повика медиумите да бидат вистински коректив на работата на Владата.
„Јас лично ќе се заложам, во најкус временски рок, во секое министерство да биде избран портпарол, со кого медиумите ќе можат редовно да комуницираат и да се информираат за работата на владата“, рече мандатарот Владо Бучковски во експозето пред пратениците во македонскиот Парламент. ва/са/12:26/миа/МТнет/
Новиот владин кабинет треба да го сочинуваат 19 члена. Мандатарот Владо Бучковски за министер за одбрана го предложи Јован Манасиевски, за внатрешни работи Љубомир Михајловски, за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска и за надворешни работи Илинка Митрева.
За министер кој ќе раководи со финансиите предложен е Никола Поповски, за економија Фатмир Бесими, за земјоделство, шумарство и водостопанство Садула Дураку, за здравство Владимир Димов и за образование и наука Азиз Положани.
Како министер за труд и социјална политика предложен е Стевчо Јакимовски, за локална самоуправа Ризван Сулејмани, за култура Благој Стефановски и за животна средина и просторно планирање Зоран Шапуриќ.
Џемали Мехази е предложен за министер за транспорт и врски.
Бучковски за министри без ресор ги предложи Радмила Шеќеринска, Муса Џафери, Минчо Јорданов и Владо Поповски.
Владата ќе се смета за избрана ако за неа гласа мнозинство од вкупниот број пратеници.
Ако го разбрав добро Бучковски, тој вели дека до сега било лошо, а во иднина ќе биде добро. А до пред извесно време зборуваше дека тогаш било добро. Ова изгледа ќе излезе како со 2004 како година на економски бум.
Разбрав и зошто владата не се бори против криминалците во Кондово. Затоа што ги смета за неорганизирани, а владата се бори само против организираниот криминал. |
трендафил |
Избрана новата влада на Република Македонија
МИА
17.12.2004
Македонското Собрание денеска со 71 глас „за“ и 25 „против“, ја избра новата Влада на Република Македонија, што ќе ја предводи Владо Бучковски.
Новиот владин кабинет, покрај премиерот Бучковски, го сочинуваат уште 18 министри.
Радмила Шеќеринска и Муса Џафери, како и во претходниот владин состав, ќе бидат заменици на претседателот на Владата, а таа функција ќе ја извршува и Минчо Јорданов, досегашен претседател на Одборот директори на АД „Макстил“ - Скопје.
Нов министер за одбрана е Јован Манасиевски, кој во претходниот владин состав го водеше ресорот труд и социјална политика. Министер за внатрешни работи е Љубомир Михајловски, досегашен директор на Царинската управа, а Илинка Митрева останува шеф на дипломатијата. Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, досегашен генерален секретар на Владата и поранешен заменик министер за правда ќе го води Министерството за правда, Никола Поповски останува во ресорот финасии, а Министерството за економија ќе го раководи Фатмир Бесими, кој на новата функција доаѓа од местото вицегувернер на Народна банка на Македонија.
Садула Дураку, досегашен втор човек на Царинската управа, е нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владимир Димов ќе го води ресорот здравство, каде доаѓа од местото заменик директор на Клиничкиот центар во Скопје, а министер за образование и наука и во новиот владин кабинет е Азис Положани.
Досегашниот министер за економија Стевчо Јакимовски го презема ресорот труд и социјална политика, а Ризван Сулејмани од местото заменик министер за одбрана го презема Министерството за локална самоуправа. Благој Стефановски и во новата Влада го задржа ресорот култура, а за министер за животна средина и просторно планирање е назначен Зоран Шапуриќ, досегашен пратеник во Парламентот.
Џемали Мехази, досегашен државен секретар во Министерството за финасии е нов министер за транспорт и врски. Владо Поповски и во новата Влада е министер без ресор.
Веднаш по изборот, членовите на новата Влада дадоа свечена заклетва, а за поладнево е најавена и нејзината конститутивна седница.
Премиерот Владо Бучковски во експозето и програмата за работењето на Владата презентирани пред пратениците во Собранието, нагласи дека нејзини клучни приоритети во наредните две години ќе бидат забрзување на процесот на интегрирање во НАТО и во ЕУ, интензивирање на економскиот развој, реформа на правосудниот систем, борба против организираниот криминал и корупцијата и доследно спроведување на Рамковниот договор.
Бучковски вети дека во мандатот на оваа Влада, Македонија ќе добие покана за членство во НАТО и статус на земја кандидат за член на ЕУ, и оти ќе биде укинат шенгенскиот визен режим за македонските граѓани.
Оваа Влада, најави Бучковски, ќе ја спроведе и реформата на правосудниот систем и ќе биде отворена за дијалог со опозицијата и со стопанствениците.
Премиерот Бучковски пред пратениците вети дека Владата доследно ќе ги брани и почитува принципите врз кои е основана Република Македонија како самостојна и суверена држава, а работата ќе ја темели врз почитувањето на демократијата, владеењето на правото, гаранцијата на човековите права и слободи.
Владо Бучковски на премиерската функција го наследува Хари Костов, кој на 15 ноември поднесе оставка. Бучковски е петти македонски премиер по осамостојувањето на Република Македонија. Пред него таа функција ја извршуваа Никола Кљусев, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски и Хари Костов.
_____________________________________________
Господ нека ни е на помош.
_____________________________________________
|
Divider |
Tokmu taka i jas velam:
_____________________________________________
Господ нека ни е на помош.
_____________________________________________
|
zmba |
quote: Originally posted by трендафил

Каква Влада е оваа која е составена од предходно „маркирани„ корумпирани министри ?
Повеќе делува како влада на марионетки (кукли) кои се „движат„ со помош на конците во рацете на кукларот. |
gisot |
Уште еден интересен осврт на досегашните достигнувања на членовите на “новата“ влада објавен во денешеното издание на [url="http://vest.com.mk/default.asp?id=88467&idg=5&idb=1343&rubrika=Revija"]Вест[/url]
|
Bicho |
Vace Buchkata na vremeto pred studentite se faleshe deka nikoj ne uspeal da mu prepishe na ispit. Ebati intelektualnoto dostignuvanje! Ama ednash ne da go sliznaa pustiot, samo ne e za kazhuvanje, malku e morbidno :) Kolku e glup sigurno i sea nekoj go mesti. |
zmba |
quote: Originally posted by Pina
A shto mislish koj e "kuklarot".
Не знам е засега единствениот одговор од мене , иако имам предпоставки дека тие се повеќемина , ама работат по системот тајм-шеринг. |
concrete |
quote: Originally posted by zmba
quote: Originally posted by Pina
A shto mislish koj e "kuklarot".
Не знам е засега единствениот одговор од мене , иако имам предпоставки дека тие се повеќемина , ама работат по системот тајм-шеринг.
Eden e i ne raboti time-share , tuku samo menuva kukli, pa po malku ve zbunuva!!! |
zmba |
Има ли некој овде подобро упатен во проблемите со владата , односно колку е нејзиниот проектиран „рок на употреба„ ?.
Многу ме занимаат и мислењата на другите мои виртуелни собеседници вде на форумов?.
Јас мислам дека нема да го исполни цензусот од 100 дена , колку што е вообичаено во светот !. |
bojan81 |
Ke si vladeat se dodeka ne se doizgradat "obedinetite albanski drzavi"
Posle ke mora da izlezat kako tehnoloski visok.
|
concrete |
E, zmba, tesko prasanjnje.
Za bojanovite81 Obedinetite albanski drzavi i da odi kako vo nivnite najludi fantazii treba edno 2-3 godini, a se nadevam deka po sila na zakon ovaa vlada nema tolku dolgo da trae. |
zmba |
quote: Originally posted by bojan81
Ke si vladeat se dodeka ne se doizgradat "obedinetite albanski drzavi"
Posle ke mora da izlezat kako tehnoloski visok.
Самото сознание дека албанија и после 82 години од нејзиното конституирање покажува тотална анемичност и подгрбавеност , иако е подкрепена матреријално во повеќе наврати од разни држави и иституции во светот , ме наведува на сомнение дека и од т.н. "obedinetite albanski drzavi" на крајот има да испадне едно ама баш големо НИШТО.
Но , за се си има секојпат и исклучок од секое правило ...?
|
bojan81 |
quote: Originally posted by concrete
E, zmba, tesko prasanjnje.
Za bojanovite81 Obedinetite albanski drzavi i da odi kako vo nivnite najludi fantazii treba edno 2-3 godini, a se nadevam deka po sila na zakon ovaa vlada nema tolku dolgo da trae.
Ti bese vo Makedonija za referendumot? Ako si bil togas bi znael za sto ti zboruvam, odnosno kakvi li ne se masinerii za perenje mozok polni so jas bi rekol miljadri evra. Se spremni kulturno da ugnetat sekakov mozen zdrav razum. Citaj go Milcin on e eden od "ugnetuvanite slobodomislivi" igraci. Znaci oni raspolagaat so ogromni sretstva a makedonskata strana uslovno bi ja narekol, so nikakvi. Pa sega vidi kakvi se sansite nesto da se promeni. |
zmba |
quote: Originally posted by bojan81
quote: Originally posted by concrete
E, zmba, tesko prasanjnje.
Za bojanovite81 Obedinetite albanski drzavi i da odi kako vo nivnite najludi fantazii treba edno 2-3 godini, a se nadevam deka po sila na zakon ovaa vlada nema tolku dolgo da trae.
Ti bese vo Makedonija za referendumot? Ako si bil togas bi znael za sto ti zboruvam, odnosno kakvi li ne se masinerii za perenje mozok polni so jas bi rekol miljadri evra. Se spremni kulturno da ugnetat sekakov mozen zdrav razum. Citaj go Milcin on e eden od "ugnetuvanite slobodomislivi" igraci. Znaci oni raspolagaat so ogromni sretstva a makedonskata strana uslovno bi ja narekol, so nikakvi. Pa sega vidi kakvi se sansite nesto da se promeni.
Поред очигледната сиромаштија која насекаде ни пара очи , на тие кои гледаат само со свои очи и немаат „ам„ (се мисли како оној што се става на коњите) имаме и национално неосвестен народ ...подложен на секаков вид на манипулации.
Слично , на ефектот на Павлов правен врз кучиња.
Ќе им се покаже некаква си сдсм „програма„ , и тие (луѓето , а не и кучињата - за да бидам сосема јасен) веднаш со тој т.н. „условен рефлекс„ ВЕДНАШ си помислуваат дека некој одма во фамилијата ќе им биде вработен во доброплатена државна служба , или пак ќе го примат во ЕУ и НАТО - исто толку колку што и оние просјаци кај соборната црква што ќе ги стават во некоја државана служба. |
bojan81 |
a zosto mislis deka vo drugi drzavi narodot taka ne razmisluva? |
zmba |
quote: Originally posted by bojan81
a zosto mislis deka vo drugi drzavi narodot taka ne razmisluva?
Ако јас сум тука прашаниот , одговорот мој е секако апроксимативен (со можна и ненамерна погрешка) за искажаното.
Народот кој сеуште спие како нашиов Македонски во илузии (фигуративно) и дека некој друг ќе му ја одработи неговата „работата„ за стварање на државотворни и многу посветени и одговорни луѓе на уште поодговорни места и секако бнарем иницијално чесни (оти сите се чесни се додека не им потече путерот од подкапата) , а не и повеќекратни лажговци , каков што е кај нас случајот и тоа веќе 14 години тапкање кои тие го прогласија како транзиција. |
dejan |
vlado rece za dve godini saka da postigne clenstvo vo NATO i vo EU mislam, i ekonomski razvoj......
(nesto drugo)
Сите сакаат да влезат во јавната администрација. Пиејќи го последното кафе утрово во Маврово преставниците на владеачката коалиција им ветиле на преставниците на политичките партии на малцинствата, Србите, Турците, Бошњаците и Ромите дека и за нивните етнички грпи ќе има место во државните служби.
Договорено е во владата да се формира посебно тело во кој освен владините вицепремиери ќе седат и претставници на етничките заедници. Ваквиот договор паднал откако партии на малцинствата кои се дел од коалицијата „За Македонија заедно“ денеска се спротиставиле на трендот Албанците да имаат секогаш предност во вработувањето.
Изворите на А1 велат дека најкритична била ситуацијата со ромската заедница. Во владата веќе имаше тим кој беше формиран за оваа цел, но според преставниците на помалите етнички заедници нивната улога била маргинализирана наспроти фаворизирање на албанската заедница.
Во друштво на опозицијата - во изминатите два дена се говореше само за локалните избори напролет. Политичката елита не го отворила прашањето за датата. Иако било договорено лидерите на политичките партии да потпишат кодекс со кој ќе се обврзат дека нема да играат на картата на изборни неправилности, опозицијата денеска изразува сомнеж дека декларацијата ќе го спречи евентуалниот фалсификат.
Во ВМРО-ДПМНЕ очекуваат жешка борба за локалната власт, зашто со децентрализацијата градоначалниците ќе добијат големи ингеренции кои досега ги немаа. Една декларација нема да ги спречи кандидатите за градоначалници на било кој начин да дојдат до фотељата, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
На дводневната седенка во Маврово, владеачката коалиција ги поддржала барањата на опозицијата, странските мисии, во критичните места да набљудуваат цели 12 часа колку што трае гласањето, наместо како досега само по неколку часа. Власта и опозицијата изброиле 500 вакви гласачки места на кои има неправилности речиси на секои избори. Сепак, опозицијата наишла на ѕид кога побарала смена на претседателот на ДИК Пендаровски. Тие не можат да му простат зашто комисијата ги одби сите нивни приговори за претседателските избори.
Во негова одбрана застанала власта. Таа не го дава Пендаровски зашто тој според нив работел професионално. За локалните избори власта и опозицијата повторно ќе дебатираат најверојатно по новогодишните празници.
|
Misirkov |
Kakvo neverojatno rasulo! Drzavata tone, a Buckovski i kompanija EDNA edinstvena rabota ne mozat da napravat. Ovo stvarno nema ni u Beogradu![;)]
Inaku kuklarite se Branko Crvenkovski i Ali Ahmeti. Ama i da ne se, istata klika vladee, time-sharing sto rece nekoj. |
Divider |
U beograd ne umiraat. A nas ne rabotat kako bavcicki i zeleni gradini. |
трендафил |
Ако се анализира експозето на мандаторот Бучковски, очигледно е дека СДСМ конечно ја отфрли предизборната програма со која победи на изборите на 15 септември 2002. Ниту вработување по еден од семејство, ниту намалени даноци, ниту некоалицирање со терористи. Ништо ниту од безкомпромисната борба против тероризмот.
Ако се спореди пак експозето со предлогот на буџет за 2005 година, јасно е дека желбите на Бучковски немаат финансиска поткрепа.
Во колизија е и како ќе се спои реформата во јавната администрација со намалувањето на невработеноста, односно како отпуштањето ќе предизвика зголемена вработеност. Бучко не објасни дали повторно ќе се отпуштаат македонци за да бидат заменети со албанци или ќе се отпушта зголемен број македонци и поради реформите. Дали тоа се прави со цел да се зајакне мирот со албанците или да се предизвика братоубиствена војна помеѓу македонците што отпуштаат и отпуштените?
Во своето експозе мандатарот не ги наведе виновниците за сегашната ситуација, посебно дали вина немаат ни тие министри од старата што останаа во новата влада. Не се спомна ниту големата надеж слободната економска зона Бунарџик на која ништо не се гради, ниту трговскиот центар на Коч кај старата скопска железничка станица, ниту ништо од најавениот економски БУМ. Треба ли да веруваме дека БУМ ќе има во следната година. Што се однесува до Кондово, оваа влада и таму нема да направи БУМ, затоа што девизата им е дека КАПИТУЛАЦИЈАТА Е НАЈДОБРА ОДБРАНА. |
zmba |
quote: Originally posted by Pana
Epa aj neka e so sreka.[:D][:D]
Каде ли гледаш тука среќа , НЕСРЕЌО Македонска |
bojan81 |
Ti z'mba mali si ili z'nba golem. Ili pak nemas vrska so Ancevski[:D] |
zmba |
quote: Originally posted by bojan81
Ti z'mba mali si ili z'nba golem. Ili pak nemas vrska so Ancevski[:D]
Среден |
bojan81 |
go goristis nadimakot na eden moj drugar, zatoa te prasav. |
zmba |
quote: Originally posted by bojan81
go goristis nadimakot na eden moj drugar, zatoa te prasav.
Се свое со себе си носам. |
Pina |
A shto mislish koj e "kuklarot". |
concrete |
Mnogu e daleku, zatoa ovie kukli i ne se na konec,se koristi posofisticirana tehnologija za upravuvanje. |
concrete |
quote: Originally posted by трендафил
Кратка анализа на експозето.
Не е спомнат ниту еден рок, со исклучок на крајот на мандатот на овој парламентарен состав. Дури има и ветувања за после 2006 година. Повеќе би сакал ако во експозето пишуваше дека за три месеца ќе вработиме 1 (еден) невработен. Во следните три уште двојца. Ако не се исполни тоа ќе си дадам оставка.Rokovite se obvrslka, a bucko ic ne saka obvrski,poveke mu lezi lezernostaИли како со 100 милиона денари или 1,6 милиони евра премиерот очекува „нов инвестициски циклус и за рестартирање на расположивите индустриски капцитети“.Od kade zakluci deka ocekuva???Не очекувам од влада да се залага за нешто, туку да направи нешто.Ej dobar vic...He....He!!!Му верувам на премиерот само дека ќе го доврши Рамковниот договор. Не би ме изненадило и ако го прошири, во полза на албанците. На пример со нова амнестија во Кондово.
„Оваа Влада нема намера да дозволи кој било да ја дестабилизира безбедносната состојба во Република Македонија. Со сите законски средства ќе ги решаваме проблемите и тука нема да се прават било какви компромиси“, истакна Бучковски. Тука се поставува прашањето зошто како министер за одбрана дозволи преку границата контролирана од војската со која министеруваше да поминат дел од терористите (Красниќи на пример) што сега се во Кондово.
Како да му верувам дека владата ќе биде отворена за медиумите и ќе ги дава сите информации, кога за Кондово со лаги се бореше против фактите што ги изнесуваа новинарите. Pa i ne mu veruvame , mu veruva li nekoj ????
Заклучок: Експозето беше само список на желби наменето до партијски испраните мозоци кои не гледаат што се прави туку слушаат што некој („нивен“) зборува за направеното. Во случајов до пратениците од власта. Едноставно тоа е список на желби што лебди во воздух без цврст ослонец и многу личи на предизборен маркетинг.
Interesno e sto i ispranite mozoci veke gi nema bas mnogu na niedna strana, ljubopiten sum sto ke izmisli MZ sega??? |
Pana |
Epa aj neka e so sreka.[:D][:D] |
lav |
Машала ишала нека им е мандатот ...а за должината....ќе каже некој пилот , разбира се ако преживее. |
трендафил |
Нека ни е со среќа.
Мој предлог до опозицијата е да не губат непотребно време со долги дискусии што не можат да имаат влијание на крајниот резултат, избор или неизбор на владата, да си гласаат против како што е ред и по изгласувањето да ги упатат министрите, посебно новите за внатрешни и одбрана веднаш да почнат со решавање на случајот Кондово. Од денес. Што би рекол Црвенковски, да има легитимитет Совет за безбедност на РМ. Иако тој имаше легитимитет и до сега, а членовите не размислуваат со своја глава туку го спроведуваат мислењето наметнато од партијските им лидери, па не е важно кој е во моментот таму, туку само од која партија е. |
трендафил |
Кратка анализа на експозето.
Не е спомнат ниту еден рок, со исклучок на крајот на мандатот на овој парламентарен состав. Дури има и ветувања за после 2006 година. Повеќе би сакал ако во експозето пишуваше дека за три месеца ќе вработиме 1 (еден) невработен. Во следните три уште двојца. Ако не се исполни тоа ќе си дадам оставка.
Или како со 100 милиона денари или 1,6 милиони евра премиерот очекува „нов инвестициски циклус и за рестартирање на расположивите индустриски капцитети“.
Не очекувам од влада да се залага за нешто, туку да направи нешто.
Му верувам на премиерот само дека ќе го доврши Рамковниот договор. Не би ме изненадило и ако го прошири, во полза на албанците. На пример со нова амнестија во Кондово.
„Оваа Влада нема намера да дозволи кој било да ја дестабилизира безбедносната состојба во Република Македонија. Со сите законски средства ќе ги решаваме проблемите и тука нема да се прават било какви компромиси“, истакна Бучковски. Тука се поставува прашањето зошто како министер за одбрана дозволи преку границата контролирана од војската со која министеруваше да поминат дел од терористите (Красниќи на пример) што сега се во Кондово.
Како да му верувам дека владата ќе биде отворена за медиумите и ќе ги дава сите информации, кога за Кондово со лаги се бореше против фактите што ги изнесуваа новинарите.
Заклучок: Експозето беше само список на желби наменето до партијски испраните мозоци кои не гледаат што се прави туку слушаат што некој („нивен“) зборува за направеното. Во случајов до пратениците од власта. Едноставно тоа е список на желби што лебди во воздух без цврст ослонец и многу личи на предизборен маркетинг. |
lav |
quote: Originally posted by трендафил
Нека ни е со среќа.
Мој предлог до опозицијата е да не губат непотребно време со долги дискусии што не можат да имаат влијание на крајниот резултат, избор или неизбор на владата, да си гласаат против како што е ред и по изгласувањето да ги упатат министрите, посебно новите за внатрешни и одбрана веднаш да почнат со решавање на случајот Кондово. Од денес. Што би рекол Црвенковски, да има легитимитет Совет за безбедност на РМ. Иако тој имаше легитимитет и до сега, а членовите не размислуваат со своја глава туку го спроведуваат мислењето наметнато од партијските им лидери, па не е важно кој е во моментот таму, туку само од која партија е.
И не само партијата ...важно е и дали таму се собрани се одред дезертери како во 2001 година , мераклии на Македонското егејско море ...секако иземајќи ги од нив чесните исклучоци на кои не им беше до капењето на море или бегањето од воената обврска , или поодобро кажано дезертирањето.
Еден таков дезертер , разбира се и поодцна за тоа дејание поМИЛУВАН од Парламентот , сега е и портпарол на сдсм а тоа е оној што во 3 часот наутро си ЈАДЕЛ БУРЕК во ГАЗИБАБА ...драгиот ни другар Кондарко.
Овој е и познат како и К(л)ондарко , ДРДОРКО и се така низа од епитети , разбира се со бегање од АРМ заслужени. |
јузер |
Вакви такви никакви (СДСМ), ако успеат да добијат покана за НАТО и статус на кандидат за ЕУ до крај на мандатот, тоа ќе биде супер. Не дека они работеле да го заслужат тоа, туку повеќе ќе биде знак на добра воља од НАТО и ЕУ. Објаснувањето од нивна страна ќе биде исто со она во стилот на писмото на Буш дека не признава поради функционирањето на мултиетничката демократија.
Тој им е единствен аргумент и на нашиве кога објаснуваат надвор зошто заслужуваат членство.
Мултиетничко општество, мултиетничка демократија, мултикултура, мулти бла бла..
И уште повеќе, на Европа и САД и одговара членството на Македонија за да можат да го решат Косовското прашање, ќе имаат аргумент повеќе дека сепак е можен соживот и прогрес и на една мултиетничка балканска земја (каква што треба да биде и Косово во иднина). Затоа од пресудно значење во моментов за конечните разврски на Балканот е токму Македонија.
А како живее народот во меѓувреме тоа не е битно, тоа отом потом :) |
intel |
quote: Originally posted by трендафил
Кратка анализа на експозето.
Заклучок: Експозето беше само список на желби наменето до партијски испраните мозоци кои не гледаат што се прави туку слушаат што некој („нивен“) зборува за направеното. Во случајов до пратениците од власта. Едноставно тоа е список на желби што лебди во воздух без цврст ослонец и многу личи на предизборен маркетинг.
Ако не си Ганка лично,тогаш барем напиши дека она така рекла па ЦИТИРАМ:и потоа заклучокот.
Вас најмногу ве боли ова:
„Оваа Влада ветува дека во овој мандат, во 2006-тата година, Македонија ќе добие покана за членство во НАТО. Ветува дека до крајот на нејзиниот мандат, нашите граѓани - студенти, туристи, бизнисмени, ќе можат слободно да патуваат во европските земји, без да се судираат со тешкиот шенгенски визен режим. Оваа Влада ветува дека до крајот на нејзиниот мандат, Македонија ќе добие статус на земја кандидат за членство ЕУ и дека ќе ги почне преговорите за полноправно членство во Унијата“, рече Бучковски.
Тој очекува во мандатот на идната Влада, што ќе се формира по следните парламентарни избори Македонија да добие и покана за членство во Унијата.
„Оваа Влада ветува дека ќе ја спроведе долгоочекуваната реформа на правосудниот систем, со која тој ќе стане поефикасен и со што истовремено ќе се овозможи поголема сигурност на компаниите при инвестирањето, што е клучно за развојот на нашата економија“, истакна мандатарот Бучковски
А мене ми влева надеж,сакам да верувам дека ќе и тргне на мојата Држава |
StormAngel |
Na zdravje bricenje.[:p] |
Pina |
quote: Originally posted by StormAngel
Na zdravje bricenje.[:p]
... i kratko potshishuvanje. |
SLaCk |
intel mene me boli toa kakvi ke vlezeme vo EU i NATO(ako voopsto nekogas vlezeme) verojatno kako federacija,a deka bUCKovski ni e "viza" za vo Evropa toa moze samo vie da veruvate kolku ostanavte ? ne poveke od 1000 luge.Samo na partiski vojnik kako tebe moze da ne mu bide jasno deka vlez vo EU i NATO zavisi isklucivo od nivna volja a ne od "branitelot" buckovski.A nivnata volja ke zavisi od mnogu nasi otstapki i ponizuvanja sto najdobro moze da gi ostvari bUCKovski kako dokazan podlizurko. |
трендафил |
quote: Originally posted by intel
quote: Originally posted by трендафил
Кратка анализа на експозето.
Заклучок: Експозето беше само список на желби наменето до партијски испраните мозоци кои не гледаат што се прави туку слушаат што некој („нивен“) зборува за направеното. Во случајов до пратениците од власта. Едноставно тоа е список на желби што лебди во воздух без цврст ослонец и многу личи на предизборен маркетинг.
Ако не си Ганка лично,тогаш барем напиши дека она така рекла па ЦИТИРАМ:и потоа заклучокот.
Вас најмногу ве боли ова:
„Оваа Влада ветува дека во овој мандат, во 2006-тата година, Македонија ќе добие покана за членство во НАТО. Ветува дека до крајот на нејзиниот мандат, нашите граѓани - студенти, туристи, бизнисмени, ќе можат слободно да патуваат во европските земји, без да се судираат со тешкиот шенгенски визен режим. Оваа Влада ветува дека до крајот на нејзиниот мандат, Македонија ќе добие статус на земја кандидат за членство ЕУ и дека ќе ги почне преговорите за полноправно членство во Унијата“, рече Бучковски.
Тој очекува во мандатот на идната Влада, што ќе се формира по следните парламентарни избори Македонија да добие и покана за членство во Унијата.
„Оваа Влада ветува дека ќе ја спроведе долгоочекуваната реформа на правосудниот систем, со која тој ќе стане поефикасен и со што истовремено ќе се овозможи поголема сигурност на компаниите при инвестирањето, што е клучно за развојот на нашата економија“, истакна мандатарот Бучковски
А мене ми влева надеж,сакам да верувам дека ќе и тргне на мојата Држава
Ме радува што во мојот заклучок не сум осамен, туку дека и други експозето го оцениле исто како мене.
Ако не се лажам, уште откако учествувам по форуми и откако го имам сретнато твојот ник (intel) ти веруваш дека СДСМ е во состојба да го направи тоа што сега го ветува Бучковски. Добро е да имаш надеж. И јас имам надеж, но не како твојата. Се надевам дека народот ќе се разбуди, дека ќе се избори за предвремени избори и дека во иднина ќе ја брка било која лоша власт, без разлика од која партија или партии е составена.
По мое гледање на работите (се согласувам дека сите не мораат да гледаат како мене) сега е полошо отколку во 2002 година кога оваа коалиција дојде на власт. Дека тоа е така на економски план, со мене се согласува и самиот мандатар и тоа го истакна во експозето. Само за разлика од Бучковски, јас тоа го видов многу порано, иако имам помалку извори за информации од него и кога беше министер за одбрана. Но јас се движам меѓу луѓето во Македонија. За него незнам во кој свет живее. Дај Боже да си во право и да се исполни поголемиот дел од тоа што го ветуваше Костов. Но имај на ум дека слични експозеа имаа и Георгиевски (на кого сигурно не си му верувал) и Црвенковски и Костов (на кои им веруваше).
Што да кажам за ветувањата на Бучковски. Каму среќа ова да го кажал искрено. Јас лично не му верувам затоа што мислам дека има проблеми самиот со себе. Вели, на пример, дека не треба да гледаме во минатото туку во иднината, а предава Римско право, односно дел од историјата на правото. И на студентите им говори дека треба да го знаат (односно да ја знаат историјата на правото), како темел на современото право. Е поради такви правници и правната држава ни е таква како што е. Сепак да се надеваме дека и таков правник може да биде добар премиер.
Бучковски нема исти критериуми. Ако го споредиме неговото однесување во врска со случувањата во Ирак и скопската населба Кондово, однесувањето е сосема спротивно.
quote: Потпретседателот на СДСМ (се мисли на Бучковски), одговарајќи на прашање, искажа став дека војната во Македонија била договорена меѓу Љупчо Георгиевски и Арбен Џафери.
http://www.utrinskivesnik.com.mk/default.asp?pBroj=895&stID=13031
Дали сега Бучковски со Џафери има договорено војна (Кондово), па беше да го моли во Тетово да преговара откако работите му избегаа од контрола.
За жал, поради волното или неволно лошо архивирање на WEB страните на нашите информативни гласила, не можам да упатам до изворот на информации, но се надевам дека сите паметат што изјавуваше за неупотребата на војската во судирот во 2001 година како портпарол на СДСМ, а што направи кога стана министер за одбрана. Да не даде Господ и резултатот од овие ветувања да биде ист како на ветувањата тогаш.
|
Justinijan |
Клучни приоритети на Владата во наредните две години ќе бидат ...
Гледано отстрана, од НАТОвско-американско-западноевропски агол: професионалците се мерат не по зборовите што ги кажуваат, туку според досега извршената работа, според минатиот труд, постигањата.
Досегашните дела на новиот премиер зборуваат за јасна, прецизна и недвосмислена политичка определба. Без оглед на тоа што ќе стори отсега па натаму, господин БУЧКовски ќе остане запишан во историјата како еден од основоположниците, градителите и втемелувачите на идејата за Голема Албанија. Од бесмислената капитулација на македонската армија во 2001, па се до Струга, каде на дело покажа дека е подготвени иживотот да го ризикува само и само да ја оствари идејата за која се бори, БУЧКо во ниеден момент не остави ниту милиметар простор за сомнение, на чија страна е и кои му се сојузниците, а кои непријателите.
Денешната премиерска позиција не ја разбирам поинаку освен како награда, компензација за сета досегашна пожртвувана работа на проектот Голема Албанија. Не награда од УЧК (марионетите, кукли на конци), туку од мајсторите кои од позадина ги влечат конците на куклите. Награда од големите играчи кои ја водат партијата според свои цели, на кои ширењето на Албанија и постепеното пресушување на Македонја им е дел од илјадагодишната стратегија.
Би било крајно тапоглаво да се очекува дека БУЧКовски на било кој начин ќе се спротивстави на деструктивната стратегија на љубеното му НАТО. Не од што му е страв од силата на господарите, туку затоа што со сето срце и со сета душа и е посветен на големата идеја за големата земја - SHQIPERIA E MADHI. не е можно да згази врз најсветото во кое верува. Идеја на која и го посветил сиот свој живот, сета енергија и креативен ум, на која ќе и остане верен додека е жив.
Нека ни е наздравје на сите! |
Divider |
Ovie politicarive, barem neka ne grickaat za uvce i lizat za gradi koga ne podebavaat, belkim poarno ke ni bide. Vaka na suvo ne biva??!!! |
jamajka |
Kolku i da se pere mozokot, ne se pere na gladen choek.
Narodot be beshe buden, no e u faza koga poleka lugjeto se svestuvaat. Kako i da e imame pochetok na eden pozitiven proces kaj narodot. Da se nadevame deka ke se rasoni pred da bide kasno za sve. |
f9 |
"повеќекратни лажговци , каков што е кај нас случајот и тоа веќе 14 години тапкање кои тие го прогласија како транзиција."
-PREDLAGAM OVA DA SE PROGLASI ZA IZJAVA NA DECENIJATA.Tolku iskren i koncizen odgovor na ona shto e vistina. |
трендафил |
Од 1 јануари 2005 требаше да биде воведен втор фиксен оператор. Нашата влада има добиено пиосмо од ЕУ во кое се критикува поради тоа. Дури се вели дека тоа може да го одложи нашето станување на земја кандидат за прием. Е сега, поради европјаните набрзина се пушта законот за телекомуникации (поради нас, да имаме поевтини разговори и интернет, владата не стори ништо). Но ЕУ веднаш има контраудар. Забелешката сега е зошто законот не е проверен од нивни и други (независни) експерти. Зошто владата на ДУИ и македонските проалбански врховисти не направи ништо до сега опремата на вториот оператор да биде монтирана и тестирана, и на полноќ, со новата година да стартира. За тоа има повеќе причини. Прво се обвинува власта од времето на продажба на Телекомот. Потоа влегуваат пари од дивидентата во буџетот, а веројатно и во нечии приватни џепови, и домашни и странски. |