„Секси-маскенбал“
„Секси-маскенбал“
ViennaBoy Единствениот вистински македонски порнофилм „Македонски аматери бр. 1: секси-маскенбал“, задутре (17 декември), и официјално ќе се појави во продажба. Филмот е во продукција на секси-шопот „Валијант“ и станува збор за 90-минутна снимка со експлицитни содржини. Од вкупно деветте актери во филмот, 25-годишниот Ерхан е единствениот порноактер што цело време си го покажува лицето во филмот. - Нема од што да се срамам. Одамна имав желба за снимање и за јавно покажување на моите квалитети. Маските кај моите колеги нека послужат само како една отскочна штица за помалку срамежливост во порнофилмовите што ќе се снимаат во Македонија - ни изјави Ерхан, кој ни призна дека Италијанецот Роко Зифреди ќе му биде репер во понатамошната кариера. „Секси-маскенбал“ се снимал во импровизираното студио на секси-шопот „Валијант“ и во приватен стан. - Пред секоја од петте сцени, режисерот Горан Милиќ има интервју со секој од актерите и на снимката јасно се слуша дека сите зборуваат на чист македонски јазик. Сите учесници во филмот се многу нормални и здрави личности. Некои од нив работат, други студираат, а дел од нив се без работа. Значи една реална ситуација во Македонија. Не станува збор за нимфоманки или, пак, за момчиња што досега не стигнале до женско, па ете сега се пријавиле да глумат во порнофилм - објаснува сценаристката Сузана Милиќ. Порнофилмот има и заштитна музичка нумера „Уште еднаш до смртта“, зад која се потпиша неафирмираниот македонски бенд „Темната страна“. - Треба едно да ни биде јасно. Сумата од заработувачката нема да ги покрие трошоците, а во суштина ако ни беа битни парите, филмот и немаше да го работиме. Едноставно, многу ми е драго што зад еден таков револуционерен проект за македонската порнографија се потпиша токму „Валијант продукција“. В петок во продажба ќе бидат пуштени 2.000 примероци дивиди- и ВХС-изданија низ цела Македонија, а ќе чинат 550 денари. Засега е сигурно дека освен во Македонија, „Секси-маскенбал“ ќе се дистрибуира и во соседните Бугарија и Србија и Црна Гора.
The_Crow Fala bogu nesto da izleze i od domasna ko produkcija. Posle vreli kosteni ova e vtoro vakvo ostvaruvanje. Da vidime sto ke ni ponudi valijant za tretiot proekt :))