SLaCk |
Znaci otkako doznavme koj e noviot minister za zemjodelstvo(Sadula Duraku glaven osomnicen za zatvoranje na branata vo Kumanovo vo 2001 godina koga go ostavi Kumanovo tri meseci bez voda i ja minirase branata) eve sto otkrivme za eden staro-nov zamenik minister za vnatresni raboti Hazbi Lika:
Хазби Лика бил еден од убијците кај Вејце
Заменик-министерот за внатрешни работи во оставка, Хазби Лика, познат како командант Чела, е еден од дваесетината учесници во терористичката акција во која на 28 април 2001 година во Вејце беа убиени и масакрирани осум и беа ранети шест македонски бранители, се вели во службената информација од Министерството за внатрешни работи до која дојде „Време“.
Информацијата, насловена „Сознанија за грозоморното убиство во с. Вејце - Тетовско“, е заведена под број 470/13.11.2001 година. Таа, од Управата за безбедност и контраразузнавање на истата дата била испратена до тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, до директорот на Бирото за јавна безбедност Горан Митевски и до началникот на вториот секторот, Зоран Дрндаревски. Овие сознанија, заедно со другите случаи за кои се претпоставуваше дека се злосторства против човештвото, направени во 2001 година, беа испратени во Хаг, непосредно пред изборите во 2002 година. Тоа што во јавноста досега се молчеше за инволвираноста на Лика во случајот нашите извори го објаснуваат со притисоците што ги правеле претставниците на меѓународната заедница.
- Кога дојдовме до овие сознанија, тогашниот амбасадор на ОБСЕ во земјава Крег Џенес ни се закани дека ако преземеме што било против Лика и другите од терористичката група, ќе бидеме обвинети за провоцирање нова криза во земјава. Џенес вети дека веднаш по парламентарните избори тој лично ќе иницира да се расчисти случајот и да се казнат одговорните за ова злосторство. Истите сознанија беа дел од материјалот што тогашниот јавен обвинител Ставре Џиков ги однесе во Хаг, непосредно пред изборите во 2002 година. Но, сето тоа не беше пречка злосторниците да останат на слобода, а Лика да биде поставен за заменик-министер за внатрешни работи - изјави за „Време“ поранешен висок функционер во Владата.
Џиков вчера потврди дека информацијата е проследена до Хашкиот трибунал и дека истите податоци би требало да ги има и во Обвинителството.
Според тие сознанија, масакрот го раководеле Исмаили Шинаси, алијас командант Хоџа, Цека Илјаз - Ќори и Цека Билал - Брада, тројцата од Косово. Цека Илјаз бил задолжен со два милиони германски марки да ги исплати странските војници-платеници од западните земји, муџахедини и доброволци од земјава. Цека Билал, пак, бил припадник на Косовската разузнавачка и контраразузнавачка служба и еден од главните организатори на снабдување на ОВК со оружје.
Од „домашните“ учесници во акцијата, покрај доскорашниот заменик-министер за внатрешни работи Лика, се наведени и Лика Иса - Илир, Самии Раим - Зогу, Самии Изаир - Шурли, Бајрами Асим - Пуча, Рифати Енвер -Џаџи, Абдурамани Исак, Велиу Муарем, Вејсели Екрем, Османи Фадил, Љуљзим Исљами, Емини Ибрахим, Џемаили Џават, Башким Рустеми - Кими, Османи Хајри, Хисен Џемаили, Емини Абаз и Емини Рамадан. За сите нив во информацијата се наведени датите на раѓање и адресите. Повеќето од нив се од Тетовско, а неколкумина се од селото Вејце.
Tolku li odamna bese onaa izjava na "poctiuvaniot" B.C. - So teroristi nema koalicija a uste pomalku drzavni funkcii...
|
dejan |
sto e ova? albanska vlada?
ne razbiram, zasto teroristi, sto pret 3 godini sakale sve naj loso za makedonija, imat drzhavni funkciji?!
jas mislam ovie novi ministeri sto se albanci i sto bile protiv makedonija vo 2001, da se zasramat, i da se izvinat na narodot sto im napravile tie, i da se zablagodarat deka imat ovakvi funkciji! |
concrete |
quote: Originally posted by dejan
sto e ova? albanska vlada?
ne razbiram, zasto teroristi, sto pret 3 godini sakale sve naj loso za makedonija, imat drzhavni funkciji?!
jas mislam ovie novi ministeri sto se albanci i sto bile protiv makedonija vo 2001, da se zasramat, i da se izvinat na narodot sto im napravile tie, i da se zablagodarat deka imat ovakvi funkciji!
DOBROUTRO , mislam deka taka se kazuvase na sabajle koga ke se razbudis??? |