Промени во уставот |
f9 |
Дали сметате дека се потребни промени во уставот со кој директно би се разграничиле ингеренциите на владата и министрите во работата на
министерствата и тоа посебно на професионалните сектори и служби.
Промените би биле во смисла на остварување на правниот и економскиот систем по сила на законите и тоа без дискреционо влијание на политичките субјекти и министрите во работата на овие служби.Таа промена би довела до ефикасен државен систем кој не би бил зависен од дневно-политичките потреби на политичарите и би зависел пред се од законите кој би биле донесувани од собранието и владата.Со тоа би се остварила професионалната самостојност на Полицијата,Војската,Судството и Економијата,а владата би се сконцентрирала на усовршување на законите. |
SLaCk |
Huh ne mora zakon za toa da se pravi ili da se menuva ustav.Dovolno e da se dopreciziraat diskrecionite prava na ministrite inaku tie se dolzni da rabotat spored Ustav i zakon.Ako te sfativ dobro za ova bese prasanjeto?:) |
f9 |
Постои хиреархија на важноста на уставот,законите и подзаконските акти и тоа кореспондира со авторитетот на донесувачот на уставот,законите и подзаконските акти.Уставот се носи со 81%,Владата со просто мнозинство итн.Некои делови од системот имаат потреба од заштита од упадите на владата(51%) како што се во судството и економијата па и полицијата(ти бар најмногу пишуваш за таквите упади)Затоа треба да стои во уставот(81%).Јасно е како ден дека владата и министерите ќе ја изгубат важноста во смисла на макроа кој се во позиција на злоупотреба по кејф и моментални политички потреби,и дека нивните единствени полуги ке бидат во донесување на закони.Ако законите треба да важат за сите подеднакво ,зарем треба да имаме отстапувања ? |
SLaCk |
pa nie i spored Ustav i spored zakon sme parlamentarna demokratija.Znaci parlamentot igra mnogu vazna uloga i toj ja kontrolira vladata.megutoa kaj nas(a mozebi i vo drugi parlamentarni demokratii) e obratno.Vladata go kontrolira parlamentot,parlamentot - koj e najdirekten pretstavnik na narodot,e pretvoren vo glasacka mashina i tokmu preku noviot zakon za slobodno preminuvanje na pratenicite do nekade ke moze da se nadomesti toa(iako ovoj zakon ke ima i negativni strani).I na krajot da rezimiram:) treba da se izvrsat zakonski promeni t.e. dopreciziranje na nadleznostite i ovlastuvanjata na ministrite i vladata i da se namali brojot na diskrecionite odluki koi mozat da gi nosat ministrite. |
f9 |
Vladata go kontrolira parlamentot,parlamentot - koj e najdirekten pretstavnik na narodot,e pretvoren vo glasacka mashina.
Не би се сложил баш.
Некој ја поставува владата,а тоа е парламентот.Во секој случај и владата и парламентот и судството се под дирекна контрола на политичките олигархии во партиите.Проблемот е кога влијанието на тие олигархии се наметне врз парламентарните,извршните и судските служби и директно влијаат врз нивната работа а со тоа го закочуваат целиот систем.
На пример= По сила на закон Полицијата веднаш требаше да реагира со ефикасни мерки во Кондово.Доага министерот и спречува извршување на законска обврска на една служба.
Истиот пример во друга светлина=Банда од 200 добровооружени го ограбува трговски центар,полицијата по сила на закон тргнува да реагира.Министерот ја спречува акцијата.
Трет пример=Службите пронаогаат криминална приватизација дека е извршена,треба најмалку 1200 души да се затворат и тоа сите од главните политички партии.Министеот ја спречува акцијата.
Четврт пример=Министерот издава наредба службите да најдат мотиви за притвор и кривично гонење на 30 тина париски противници.
Во сите примери службите се попречуваат во извршување на овластувањата според законите.Всушност тие се како мегу чеканот и наковалната.Мегу законското и министерското.Затоа тука треба уставно разграничување на овластувањата.Противзаконската постапка на министрите може да биде дискутабилна,затоа што повекето закони се донесуваат со просто мнозинство.Но кај уставните разграничувања службите ќе добијат канал за поткрепа во уставниот суд и неговите одлуки
како заштита од самоволието на политичката олигархија и министрите како крајни експоненти на таа олигархија. |
f9 |
Бучковски ќе ги укинува дискреционите права на министрите
Лидија Јанчовска Христова
20.12.2004
Премиерот Владо Бучковски на своите министри ќе им ги укине дискреционите права, кои можат да им послужат на министрите како законско покритие на корупцијата - да земаат мито, а да не одговараат.
Да манифестира решеност да ги ослободи прво владините функционери од имиџот на корумпирани, Бучковски ги задолжи Министерството за правда и генералниот секретаријат, до понеделник да изготват извештај за сите законски акти за дискреционите права на министрите, кои доколку отвораат можност за корупција, ќе бидат укинати.
Тоа значи дека ако досега Министерот за транспорт и врски можел да склучи договор за купопродажба на земјиште во четири очи, без законска обврска, тој договор претходно да го одобри Владата, тоа право повеќе нема да го има.
Или, ако Министерот за здравство го има правото на избор на фирма за интервентен увоз на лекови, кое може да го злоупотреби, а при тоа да не прекрши ниту еден закон, правото ќе му биде одземено.
Бучковски ќе побара мислење од Антикорупциската комисија, кои од дискреционите права на министрите отвораат можност за корупција и треба да бидат укинати.
-И ПОСЛЕ ОооОо !!!
КЕ СЕ ПРАШУВА ДАЛИ НЕКОЈ ГИ ЧИТА МОЈТЕ ПОСТОВИ-) |
dejan |
ova li e dobro?
sega bi glasal da. |
Divider |
I jas bi glasal ZA!! No, koj ke bide rezultatot od toa, povtorno arcenje hartija, deklarativni izmeni koi nema nikogas da bidat implementirani. Barem ne kaj nas i ne so ovie idioti na vlast. No, glasam ZA bidejki e pozitivno!! |
dejan |
ako e nesto dobro, togas da. |
dejan |
ej f9, dali si slusnal nekoj novi vesti za ova? |
f9 |
Па протеkоа некој информации дека се испитува нивото каде што ке се вршат промени.Нормално е дека Министрите нема да имаат интерес да си ги намалат ингеренциите свои или на своите луге,а Бучковски баш од нив побара да ги предложат рестрикциите.За ваква работа се прашува научна институција.Затоа и очекувам нивото на рестрикции да биде на ниво на одлуки на владата,што значи дека прекршувањата на одлуките немаат законско или уставно бранење.Всушност тоа значи дека дискрецијата на Бучковски ќе ги покрива работите и тој ќе одлучува што и кога да излезе во јавноста.Оваа мерка што се предложи не е во ефект на работење на службите според уставот и законите во системска смисла како автоматизиран дел од системот,ниту е во правец на намалување на надлежностите во управната свера а со тоа ни во правец на зголемување на квалитетот и обемот на законските проекти што ќе треба да се донесат а во правец на ускладување со законите на Европската унија. |
dejan |
a ok togas, fala.
dobro e sto buckovski go predlozi ova. |