WhyAsker |
Vaka mislat A1 "forumdzhiite"[;)]
quote: Министерката за надворешни работи Илинка Митрева заради Американското признавање на уставното име.
Васил, Торонто, Канада
Тодор Петров како претседател на Светскиот Македонски Конгрес е лице на годината, предлагач на иницијативата за референдум и спас на државата од федерализација.
Неуспехот на референдумот се должи на притисоците од власта, но и маленкоста на опозицијата кои се согласија да го „дадат“ референдумот за новиот закон за пратеници (преминување од една во друга партија).
Мартин Белчески, Берн, Швајцарија
Личност број еден без двоумење е почитуваниот г. Али Ахмети. Тој докажа дека е вистински и принципиелен лидер, засега на ДУИ, и ве повикувам сите граѓани на Македониа на наредните избори да гласаме за г. Ахмети да биде премиер, бидејќи очигледно сега тоа и треба на државата, вистински лидер.
Валдет Таири, Турција
Лицност на годината: Борис Трајковски! Никогаш не смееме да го заборавиме него!
Ило Савески, Ајндховен, Холандија
Личност на годината? Па се знае-она најзаслужното!
Македончето!
Треба ли да појаснам зошто? И да сакам тоа не можам. Не може да се опише грандиозната големина на такво мало и кревко суштество. Единствено може само да му се оддаде признание и ништо друго.
Бодан, Охрид, Македонија
Јас мисла 2004 година најдобро е одбележа Владо Бучкоски во Струга кога после седум саати опсада успеа да побегне со хелихоптер.
Со помош на специјалци кои не го жалеа народот и го тепаа со шок бомби, со електрични пендреци, солзавци, тепање на сопствениот народ со сите расположливи средства.
Е кога барем пола од овие специјалци ќе учествуваат во Кондово како што беше во Струга Македонија би била мед и млеко.
Ама изгледа таму не живеат Македонци туку Албанци и Бучковски пред да кажи нешто треба да добија виза од Ахмети. Лесно е да го тепаш сопствениот народ затоа што многу е прост.
Богоја Ристовски, Њуџерси, САД
Личност на годинава е Тодор Петров со Светскиот Македонски Конгрес, кој што се обиде да е спаси Македонија од процес на федерализација или како што официјално се нарекува „територијална организација“.
Но за жал референдумот не беше успешен поради притисокот што го вршеше власта на Македонскиот народ.
Михајло Стевоски, Франкфурт, Германија
Се знае кој ја одбележа 2004 година, тоа е третиот пат со чело на македонскиот конгрес и водачот Тодор Петров.
2004 година не само што се одбележа туку и го раѕбрани скоро целиот свет со признавањето на Македонија со нејзиното вистинско име од страна на САД.
Ордески, Германија
Кој би можел да биде човекот личност кој најмногу придонесе за Македонија во 2004-та година, ако не нашиот почитуван претседател Бранко Црвенкоски.
Во сите овие години не успеа толку да придонесе за Македонија колку во ова 2004, економски ја зајакна, ја претвори во големо градилиште, (за корупцијата и мафијата) „не“вработени и скоро нема, успеа да завладее правото, да биде безбедна и сигурна (да ти е страв да одиш од Скопје-Тетово-Охрид), и на крај територијално ја подели(за подобра иднина на Струга, Кичево и Скопје).
Сепак да бидам искрен личност на годината иако не е меѓу нас ќе остане покојниот претседател Борис Трајковски.
Перо Бижимоски, Тревисо , Италија
Светскиот македонски конгрес и иницијативата за вториот референдум ја означија 2004 година.
Иако неуспешен референдумот донесе голем пресврт на политичката сцена во полза на Македонија и македонскиот народ.
Филип Здравески, Малме, Шведска
По мое мислење човекот што најмногу работел за опстанок на Македонија е господинот Али Ахмети.
Сега доаѓа времето на економската-контра криза, па се ќе биде во ред. А кој ја пикнал Македонија во некакви кризи, тоа се знае тоа е лошата опозиција што гледа само каде да пикне некоја гужва па да седне на власт.
Па нека знае ВМРО опозиција ако успее на следниот референдум ќе бара да коалицира со Ахмети ама тој нема да сака затоа што тој сака само коалициони партнери За Македонија, а не за некои други гужви и држави.
Народе работи повеќе и нема да оглладнеш, народе немој никогаш да мислиш дека ќе јадеш муфте, помина времето на комунизмот, сега е времето на човечка независност.
Суат, Белгија
За жал ги има многу малку односно поедини личности! Од личностите кои се занимаваат со политика, по мене се уште Киро Глигоров заслужува признание.
И покрај долго време што не е активен политичар. Спрема условите, рејтингот на земјата, а особено амбивалентниот однос на самиот македонски народ кон својата татковина, тој сепак направи се што е можно од негова страна. Сепак треба да му бидеме благодарни на тоа малку што се постигнало.
Од уметниците секако спаѓа Милчо Манчевски. Неговите филмови успешно ги афирмираше во светската јавност, а со тоа се слушна македонското име.
Ја предупредуваше светската јавност и даде една глобална слика за нашите не/прилики. Нас најсликовито ни ја прикажа нашата колективна апатија, пасивност и безнадежност.
Од странците секако г-динот Џејсон Мико заслужува да се спомне. На него и некои наши „патриоти“ би му завиделе. Од музичарите Влатко и Тоше не ги исполнија очекувањата. По мое, не ги искористија шансите успешно да го префилираат македонскиот мелос на запад.
И овој пат дијаспората во глобала непросперитетна многу како своите браќа и сестри од Македонија.
Пеце, Прилеп, Македонија
Личност број еден е Борис Трајковски.
Петар Васков
Македонец на годинава е почитуваниот премиер Владо Бучковски.
Петре, Струга, Македонија
Тодор Петров и референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа.
Петар, Скопје, Македонија
Според мое мислење бившиот министер, сегашен премиер Владо Бучковски е човекот број еден во Македонија за 2004-та.
Исуф Малику, Мајнц, Германија
Напатен народ сме и верувам еден ден ќе даде Господ човек каков што го барате сега. Без разочарување ама досега никоја влада или личност нема потфрлено во позитивна смисла.
Се се ветувања за да се дојде на власт и да се грабне колку што може. И не дека не сакале тие да направат нешто за Македонија туку не се можело, кој било да дојде на власт сега за сега не може да ја промени сликата се додека не реши поинаку Европа (ние прво да си ги суредиме проблемите со браќава во Македоија).
И не им се лутам толку на политичариве што ја тераат работава, туку на самиот себеси. Како не бев едно 10 години постар па со диплома од Приштина на времето да се зачленев во политичка партија и со малку повеќе пропагирање можеби ќе бев и министер до денес. Штета.
А за тоа дека некој има придонес за афирмација на Македонија ве молам не се залажувајте, секаде си има музичари, спортисти, писатели така да кој и да беше ситуацијата помалку или повеќе ќе беше иста. Ако некој сака може да пишува басни за Македонија како еве баш сега сме на правиот пат и сега му е мајката, ама незнам уште колку луѓе ќе паднат на оваа финта. Запамтете дека ние не сме кредибилитетот што одлучува и покрај тоа што се работи за нас.
Болело или не тоа е вистината само малку да се подобри иднината па макар и под јуриздикција на ЕУ.
Емил Нешовски, Тајван
[url]http://a1.com.mk/vesti/listaj.asp?ID=97[/url]
A koe e vasheto mislenje dragi moi forumdzii ke doznaeme vednash po reklamite.( ili vo slednata epizoda )[:)][:D][:)] |