Бившите удбаши се здружуваат против власта |
Divider |
Осум поранешни разузнавачи на Управата за државна безбедност и контраразузнавање (УДБК) што биле прогласени за технолошки вишок формирале здружение што ќе се бори за нивните права.
Основачкото собрание на здружението „Достоинство“ се одржало минатиот понеделник, а во тек е негова регистрација во битолскиот суд.
Димитар Трпковски, претседател на Здружението, вели дека тие како патриоти ќе се борат за своите права преку институциите на системот.
- Сакаме да ја запознаеме македонската јавност дека во 2002 година беше спроведена незаконска реваншистичка чистка во УДБК под раководство на Хари Костов и Зоран Верушевски. Повеќе од 60 луѓе од Управата беа избркани од работа, под изговор дека се врши рационализација по барање на Меѓународниот монетарен фонд. Истата година на наше место беа вработени 60 лица во Управата, претежно од албанска националност - вели Трпковски.
Верушевски подоцна, поради фамилијарни проблеми, поднесе оставка на директорското место во УДБК, но годинава повторно е ангажиран, овојпат во Агенцијата за разузнавање.
Поранешните разузнавачи ја тужат државата и бараат околу 1,5 милион денари обесштетување поради незаконско отпуштање од работа. Тие тврдат дека судовите намерно ги развлекуваат нивните спорови.
- Судиите на битолскиот, прилепскиот и на скопскиот суд се под силен притисок да ги развлекуваат нашите судски процеси, а некои пак, добиваат разни бенефиции. На пример, во УДБК беше вработен син на еден од претседателите на овие три суда - вели Трпковски.
Сепак, Атанас Козарев, поранешен шеф на секторот за аналитика на УБК во Скопје, кој бил прераспореден во Кичево, веќе го добил судскиот спор со МВР, според кој државата треба да му исплати околу 200.000 денари обесштетување. Упатени правници велат дека оваа пресуда лесно може да предизвика лавина слични судски исходи.
Од Здружението го истакнуваат и примерот со еден бивш висок полициски функционер што бил обвинет за продажба на дрога, а потоа ослободен од обвинението. Сега тој барал еден милион евра обесштетување од МВР.
- Разбираме дека треба да се спроведе рамковниот договор во сите институции на државата, но тоа не смее да биде на наша штета. Ние многу сме дале за безбедноста на оваа држава и сме соодветно образовани за работата што ја вршевме - велат отпуштените разузнавачи.
Откако тие биле прогласени за технолошки вишок, во ноември лани, во УБК - Кичево биле вработени седум Албанци како приправници во службата. Државниот инспекторат за труд утврдил дека правникот Авзи Иљази, педагогот Емрије Садиковска и Бедри Јахоја, со завршен Природно-математички факултет, биле вработени во УБК-Кичево на 3 ноември 2003 година. Инспекторатот дејствувал по барање на отпуштените разузнавачи. Иљази, Јахоја и Садиковска во кичевскиот оддел на УБК биле вработени без конкурс, утврдил Државниот инспекторат за труд
Aj, sega nekoj neka ne kaze deka sme se raskilavile do maksimimum i deka ne e tocna onaa starata prikazna, deka samite sebe sme si najgolemi neprijateli i dushmani:
Setale dvajce i se sretnale, edniov go prasauva drugiov:
- prijatele, koj ti go dupna okoto?
-Brat mi - odgovoril
-Zatoa e tolku dlaboka dupkata - mu odvratil.
Taka i nie.
http://www.vreme.com.mk/novost.action?id=17280&broj=270
|
concrete |
Abe napravil li nekoj specifikacija, neli 25% za se, od cistac do minister vo budzetski finansirani sluzbi. Imam vpecatok deka tie 25% se nekako nepravilno grupirani.
Ja brojam samo vladata i ona okolu nea , poveke se od 25% ili taka mi se cini????
Vtoro , koj pocna da mafta so 25% , na popisot ne li bese namestena nekoja druga, nesto pomala brojka?????
Kolku znam bas vo EU za sekoj cent se raspravaat, odi na benziska pumpa plati 2-3 centa pomalku!!!! |
трендафил |
Во нормалните земји разузнувачите не добиваат оставка. „Хонорарно“ се ангажирани до крајот на животот. Зачудува и објавувањето на имињата на поранешните и сегашни „шпиони“.
А што се однесува до Рамковните отпуштања, тоа е спротивно на македонското (и европското) законодавство. Не може да биде некој прогласен за технолошки вишок, а потоа на негово место да биде вработен друг. Па и ако е од повластено малцинство. |
zmba |
quote: Originally posted by трендафил
Во нормалните земји разузнувачите не добиваат оставка. „Хонорарно“ се ангажирани до крајот на животот. Зачудува и објавувањето на имињата на поранешните и сегашни „шпиони“.
А што се однесува до Рамковните отпуштања, тоа е спротивно на македонското (и европското) законодавство. Не може да биде некој прогласен за технолошки вишок, а потоа на негово место да биде вработен друг. Па и ако е од повластено малцинство.
Само поради тоа и не верувам дека на долг период (децении) нема да се укинат шенген-визите за мак-државјаните , но и нема да бидеме „поканети„ за членство во ЕУ во 2006 и ниту во 2026 ...како што ВЕТИ ЈАВНО МАНДАТАРОТ на новата влада.
|
dejan |
jas sum cital deka holandija sakat da gi ukinat visite, ili neznam sto, za makedoncite sto sakat da patuvat vo evropa, taka nesto. |
zmba |
quote: Originally posted by dejan
jas sum cital deka holandija sakat da gi ukinat visite, ili neznam sto, za makedoncite sto sakat da patuvat vo evropa, taka nesto.
Шенгенскиот режим на визи е сепак мултилатерален договор на државите од ЕУ , и е задолжителен во неговата рестриктивност.
А и секоја земја може , само билатерално да ги ублажи условите со некоја друга , само ако посетителот од вон-шенгенски круг на држави престојува во таа земја и не посака да ја напушти идеејќи во друга земја членка на ЕУ.
И Холандија може така да стори и тоа само за Македонци кои ќе идат со авион ако директно таму се иде , оти Македонија не е нејзин непосреден сосед како што ќе биде со Бугарија во блиска иднина.
|