n/a |
Дали ги знаете сите команди на X? [;)]
*-------------------------------------------------------------------------*
Undernet сервис за поддршка на канали
CMaster листа на команди
Последна измена: 21.12.2004
*-------------------------------------------------------------------------*
Забелешки околу СИНТАКСИТЕ и ПАРАМЕТРИТЕ:
* Параметрите во <> се полномошни.
* Параметрите во [] се опционални.
* x|y значи x или y.
* <nick> се однесува на надимакот (НИКОТ) на корисникот.
* <username> се однесува на определеното корисничко име кое корисникот
го регистрирал преку Cservice и не е поврзано со надимакот (НИКОТ). За
повеќе информации околу нечие корисничко име, користете ги командите
INFO i VERIFY.
* Сите команди прикажани во полето <username> можат да се користат и со
надимакот на корисникот, само ако се употреби знакот (=) пред надимакот.
На пример, земете некого со надимат ^TEST^ и корисничко име Test2k3.
Командата за access може да се употреби и на следниов начин:
/msg x access <#канал> Test2K3
/msg x access <#канал> =^Test^
Со првиот метод директно го повикува X кој проверува дали корисникот Test2k3
е во листата за пристап на каналот или не.
Со вториот метод X проверува дали ^Test^ е логиран на X, и ако е така дури
потоа ја извршува командата ACCESS за да провери дали нековото корисничко
име Test2k3 има пристап на каналот.
Оваа команда може да се изврши и со секоја друга команда во која е потребно
да се употреби <username>, но ке работи само ако корисникот е логиран на X,
во спротивно X ке ви одговори со "Nema takov!"
* <pattern> се однесува на секое пребарување со знаци (* и ?).
*!*идент@хост е таков пример.
На пример и во двете команди ACCESS и LBANLIST можна е употреба:
/msg x access <#канал> ?irc*
/msg x lbanlist <#канал> *.users.undernet.org
Командата за ACCESS ќе ги прикаже сите корисници со пристап на каналот што
содржат ?irc* во себе.
Командата LBANLIST ќе ги прикаже сите банови (рестрикции) на корисници го
имаат ставено виртуениот хост од Undernet (модот +x).
ЗАБЕЛЕШКА околу специјалните модови за канали:
* Undernet имплементираше два нови модови (еден за канал и друг системски мод
) кои се директно поврзани со системот за кориснички имиња на Cservice.
+r е мод за канал кој ограничува на каналот да можат да пристапат само корисници
со регистрирано корисничко име кои во моментот се логирани на X.
+x е мод наменет за корисниците кој ви овозможува виртуелен хост или адреса, кој
ја маскира вашата вистинска ip адреса со <вашето_корисничко_име>.users.undernet.org.
Значи сите нормални IRC корисници ке можат да ја видат само вашата виртуелна адреса
(наместо вистинската), за разлика од IRC операторите, официјалните лица од Cservice
и X кои можат да гледаат и преку модот +x. За да ја тргнете виртуелната адреса ке мора
да се дисконектирате од IRC серверот.
ЗАБЕЛЕШКА за скриптерите:
* IRC скриптите секогаш треба да користат /msg [email protected] за сите
команди, не само за LOGIN, за да се осигураат дека вистинските информации
стигнат до X во случај на ненадејна промена на надимакот на ботот X
---------------------------------------------------------------------------
НИВО 500 (УПРАВИТЕЛ НА КАНАЛОТ)
---------------------------------------------------------------------------
PART - Го оттрга X од каналот. За да остане X надвор од каналот,
подобро користете SET AUTOJOIN.
/msg x part <#канал>
SET - Поставува модови на каналот. Тие се специјални подесувања кои му
налагаат на X како да реагира во одредени услови.
/msg x set <#канал> <autojoin|massdeoppro|noop|strictop> <вредност>
AUTOJOIN - Кога подесувањето е ON (вклучено), X секогаш сам ке се враќа на каналот кога X ке се конектира (пр. после нетсплит или некои измени).
/msg x set <#канал> autojoin <on|off>
MASSDEOPPRO - Максимум деопирања дозволени (види забелешка) да се направат
во рок од 15 секунди. Ако некој ја премине границата ке биде деопиран и
суспендиран ако е во листата на корисници со пристап на каналот. Тој исто
така ке има и бан со ниво 25 и ке мора да се одбанира кога ке истече
суспензијата.
ЗАБЕЛЕШКА: Сегашната верзија на MASSDEOPPRO забележува само некој кога прави
деоп со /mode командата, а не со DEOP командата на X.
/msg x set <#канал> massdeoppro <0-7>
NOOP - Кога ова подесување е ON (вклучено), X не дозволува другите корисници да
имаат оп статус на каналот.
/msg x set <#канал> noop <on|off>
STRICTOP - Кога ова подесување е ON (вклучено), X дозволува само логирани корисници
со ниво 100+ да имаат оп статус на каналот.
/msg x set <#канал> strictop <on|off>
---------------------------------------------------------------------------
НИВО 450+ (АДМИНИСТРАТОР НА КАНАЛОТ)
---------------------------------------------------------------------------
JOIN - Го повикува X на каналот. За тој да влегува секогаш и
автоматски, подобро користете SET AUTOJOIN.
/msg x join <#канал>
SET - Поставува модови на каналот. Тие се специјални подесувања кои му
налагаат на X како да реагира во одредени услови.
/msg x set <#канал> <flag> <вредност>
* Модови и вредности:
AUTOTOPIC - Со ова подесување X ја подесува повторно истата тема на каналот
(топик), опис и веб страна секои 30 минути.
/msg x set <#канал> autotopic <on|off>
DESCRIPTION - Го поставува описот на каналот (макс. 80 карактери), кој
може да се види со командата CHANINFO.
Може да се користи и кратенката DESC.
/msg x set <#канал> description [текст]
/msg x set <#канал> desc [текст]
FLOATLIM - Е подесување за одреден лимит на каналот.
Ако е вклучено, X поставува одреден лимит за корисници кои можат да влезат
на каналот (мод +i) повеќе од маргината на корисници веќе присутни на каналот.
Ова подесување е многу корисно за превенција од поплави со ботови и сл.
/msg x set <#канал> floatlim <on|off>
FLOATGRACE - Се поставува вредност за FLOATLIM подесувањата. Ако разликата
помегу сегашниот лимит и новиот лимит е помала од вредноста, X ке го ресетира
лимитот, така што каналите не се оптеретени со промени на модови.
Оваа вредност може да биде помеѓу 0-19. Почетната вредност изнесува 1.
/msg x set <#канал> floatgrace <0-19>
FLOATMARGIN - Ги подесува границите за опцијата поврзана со флоат лимитот.
Лимитот што го поседува X ке биде FLOATMARGIN + тогашниот број на корисници
на каналот. Оваа вредност може да биде помеѓу 2-20. Почетната вредност изнесува 3
/msg x set <#канал> floatmargin <2-20>
FLOATMAX - Ја поставува највисоката граница за флоат лимитот.
Кога е вклучен, X нема да ја ресетира границата поголема од FLOATMAX.
Оваа вредност може да биде од 0-65536. Основната вредност е 0 (исклученоО).
/msg x set <#канал> floatmax <0-65536>
KEYWORDS - Ги поставува клучните зборови на каналот (максимум 80 карактери).
Тие треба да бидат одделени со празно место. X ги користи кога некој ја користи
командата SEARCH.
/msg x set <#канал> keywords [клучни зборови]
MODE - Ова подесување ќе ги сочува постојните подесувања како основни.
Kога X ке влезе на каналот, тој ке ги ресетира модовите ако е сам на каналот.
/msg x set <#канал> mode
URL - Со него може да се подеси веб страната на каналот (макс. 75 карактери).
Таа може да се види со CHANINFO командата или преку http://cservice.undernet.org/live/
/msg x set <#канал> url [веб страна]
USERFLAGS - Го подесува основниот AUTOMODE (автоматски мод) кога нов корисник е
додаден на листата за пристап. Основната вредност е 0.
Вредности: 0 = никаков мод, 1 = Оп, 2 = Глас.
/msg x set <#канал> userflags <0-2>
Види MODINFO AUTOMODE за повеќе информации.
---------------------------------------------------------------------------
НИВО 400+ (АДМИНИСТРАТОР НА ПРИСТАП ЛИСТАТА)
---------------------------------------------------------------------------
ADDUSER - Додава корисник на корисничката (пристап) листа. Не можете да
додадете корисник со еднаков или поголем пристап од вашиот.
/msg x adduser <#канал> <корисничко име> <пристап>
CLEARMODE - Ги брише сите модови од каналот. Може да се користи кога каналот е
заклучен (+i, +l и +k).
ЗАБЕЛЕШКА: Ова не значи дека тоа е најдобриот метод да влезете во вашиот канал
затоа што други корисници или ботови можеби имаат оп на каналот кои можат да ги
тргнат. Видете ја STATUS командата за повеќе информации.
/msg x clearmode <#канал>
MODINFO - Следниве команди може да се користат за да се модифицираат постојните
корисници со пристап на канал. Не можете да модифицирате корисник со еднаков или
поголем пристап од вашиот.
/msg x modinfo <#канал> <access|automode> <корисничко име> <вредност>
ACCESS - За промени на нивото на пристап на одреден корисник. Ако на пример
имате пристап со ниво 400, може да додавате или модифицирате некој корисник
највеќе до 399.
/msg x modinfo <#канал> access <корисничко име> <ново ниво на пристап>
AUTOMODE - Ги променува автоматските модови на корисниците: БЕЗ МОД (NONE),
ОП (OP) и ГЛАС (VOICE)
/msg x modinfo <#kanal> automode <корисничко име> <none|op|voice>
REMUSER - Со оваа команда се бришат корисниците од пристап листата на каналот.
Морате да имате поголемо ниво на пристап од корисникот што сакате до го избришете.
Исто така можете и сами да си го одземете пристапот од било кој канал, освен ако не
сте управител на каналот.
/msg x remuser <#канал> <корисничко име>
---------------------------------------------------------------------------
НИВО 200 (ОПЕРАТОР НА ПРИСТАП ЛИСТА)
---------------------------------------------------------------------------
KICK - Со оваа команда X ги исфрла сите корисници со специфицираниот хост
(*!*идент@хост), освен тој што ја употребил командата. Најчесто се користи
за случаи на поплава од ботови и клонови.
/msg x kick <#канал> <надимак | *!*идент@хост> [причина]
STATUS - Ги прикажува сите подесувања на каналот, број на корисници и оператори,
моментално логирани корисници кои се на каналот, без разлика дали е X е присутен
на каналот или не.
Можноста да се видат подесувањата на каналот е екстремно корисна во случаи кога
каналот е заклучен. Ако каналот е заклучен, X ке ви го прикаже клучниот збор за
отклучување. Можете да ја користите INVITE командата за X да ве покани на каналот,
со што ке влезете заобиколувајки ги сите модови и ограничувања. Во друг случај
можете да ја користите CLEARMODE командата, да ги тргнете сите модови, па да
влезете во каналот.
/msg x status <#канал>
---------------------------------------------------------------------------
НИВО 100+ (ОПЕРАТОР НА КАНАЛ)
---------------------------------------------------------------------------
DEOP - Го одзема оп статусот на еден или повеќе корисници на каналот. Ако
не специфицирате корисник, а вие имате оп на каналот, X ќе ве деопира вас.
/msg x deop <#канал> [надимак] [надимак2] ...
OP - Дава оп статус на еден или повеќе корисници на каналот. Ако
не специфицирате корисник, а вие немате оп на каналот, X ќе ви даде оп.
/msg x op <#канал> [надимак] [надимак2] ...
INVITE - X ке ве покани на канал, без разлика на тоа какви модови и
забрани се поставени.
/msg x invite <#канал>
SUSPEND - Се користи за суспендирање на корисник со пристап на каналот
за одредено време. Може да суспендирате само корисници со помал пристап
од вашиот. Максималното времетраење е 372 дена (8928 Часови 535680 минути)
* M = минути, H = часови, D = денови
/msg x suspend <#канал> <корисничко име> <времетраење> <M|H|D> [НИВО]
UNSUSPEND - Оваа команда се користи за бришење на суспензијата.
/msg x unsuspend <#канал> <корисничко име>
---------------------------------------------------------------------------
НОВО 75+ (НОВ ОПЕРАТОР)
---------------------------------------------------------------------------
BAN - Додава бан (рестрикција) на одредена адреса или корисник.
Ако корисникот е вклучен, може да се специфицира надимакот, а потоа X
автоматски ке ја банира адресата на корисникот.
Бановите кои покриваат голем опсег на претходно поставени банови ке ги
заменат претходно поставените. Ако банот е поставен од некој со пристап
75+, банираниот корисник ке биде исфрлен од каналот. Максималното време-
траење на банот е 336 часа (две недели).
ЗАБЕЛЕШКА: Ако банираниот корсиник ја има подесено опцијата за виртуелен
хост (мод +x), X сепак ке постави бан на неговата вистинска адреса, бидејќи
тој може да гледа низ виртуелниот хост.
* Ниво на банови: 1-74 = Го оневозможува корисникот да има оп на каналот.
75-500 = Го оневозможува корисникот да влегува на каналот.
/msg x ban <#канал> <надимак | *!*идент@хост> [времетраење] [ниво]
[причина]
UNBAN - Служи за одстранување на бановите. За да ја проверите листата на банови
поставени на X користете ја LBANLIST командата, а пак за обичните банови на каналот
командата BANLIST.
/msg x unban <#канал> <надимак | *!*идент@хост>
---------------------------------------------------------------------------
НИВО 50+ (КОРИСНИЦИ ОД ДОВЕРБА)
---------------------------------------------------------------------------
KICK - Користејќи ја оваа команда, можете да исфрлите некого од каналот.
Вашето корисничко име ке биде прикажано во пораката (причината) за исфрлањето.
/msg x kick <#канал> <надимак> [причина]
TOPIC - Со оваа команда, X ја менува темата (топикот) на каналот
(макс. 145 карактери) и при тоа го вклучува и вашето корисничко име
на почетокот.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако на каналот е веќе поставено подесувањето за автоматска
тема на разговор (AUTOTOPIC), таа ќе се менува секои 30 минути.
/msg x topic <#канал> <текст>
---------------------------------------------------------------------------
НИВО 25+ (ПОСТОЈАН КОРИСНИК)
---------------------------------------------------------------------------
DEVOICE - Одзима глас на еден или повеќе корисници на каналот.
/msg x devoice <#канал> [надимак] [надимак2] ...
VOICE - Дава глас на еден или повеќе корисници на каналот.
/msg x voice <#канал> [надимак] [надимак2] ...
---------------------------------------------------------------------------
НИВО 1+ (МИНИМУМ ПРИСТАП)
---------------------------------------------------------------------------
BANLIST - Ја прикажува листата на банови на каналот.
/msg x banlist <#канал>
REMUSER - Со ова ниво на пристап или поголемо, можете сами да си го избришете
пристапот на било кој канал, се додека не сте управител на каналот (ниво 500
во тој канал). Ако сте управител пак, треба да го префрлат својот пристап на
друг корисник, или пак да си го одземат пристапот преку веб страната
http://cservice.undernet.org/live (purge channel).
/msg x remuser <#канал> <корисничко име>
STATUS - Ги прикажува сите подесувања на каналот, број на корисници и оператори,
моментално логирани корисници кои се на каналот, без разлика дали е X е присутен
на каналот или не.
/msg x status <#канал>
---------------------------------------------------------------------------
НИВО 0 (СИТЕ КОРИСНИЦИ)
---------------------------------------------------------------------------
ACCESS - Ги прикажува сите информации поврзани со пристапот на некој корисник
преку корисничкото име или надимак. Информациите прикажани се: ниво на пристап,
автомод, суспензија и кога последно бил пријавен корисникот. Истите информации
можат да се видат и преку веб страната http://cservice.undernet.org/live/ (мора
да сте пријавени) кликнувајќи на "Channel Information" и внесувајќи го името
на каналот.
/msg x access <#канал> <*|образец|корисничко име|=надимак> [-min <ниво>]
[-max <ниво>] [-modif] [-none|-voice|-op]
* - ја прикажува целата листа за пристап.
/msg x access <#канал> *
pattern - ја прикажува листата за пристап на сите корисници кои се опфатени
со образците.
/msg x access <#канал> <образец>
username - го прикажува нивото на пристап на едно корисничко име.
/msg x access <#канал> <корисничко име>
=nickname - го прикажува нивото на пристап на одреден надимак (пријавен на X.
/msg x access <#канал> <=надимак>
-min <level> - прикажува само корисници над даденото ниво.
/msg x access <#канал> -min <ниво>
-max <level> - прикажува само корисници под даденото ниво.
/msg x access <#канал> -max <ниво>
-op - прикажува само корисници со автомод оп подесувањето (AUTOMODE OP).
/msg x access <#канал> -op
-voice - прикажува само корисници со автомод глас подесувањето (AUTOMODE VOICE).
/msg x access <#канал> -voice
-none - прикажува само корисници без автомод подесување (NONE).
/msg x access <#канал> -none
-modif - прикажува кој последен го модифицирал пристапот на некој корисник.
/msg x access <#канал> -modif
CHANINFO - Прикажува дали одреден канал е регистриран, на кого и моменталната тема
на разговор (топик) на каналот (ако е поставена).
Може да се користи и кратенката INFO.
/msg x chaninfo <#канал>
/msg x info <#канал>
HELP - Прикажува повеќе помошни информации за одредена команда.
/msg x help <команда>
INFO - Ни дава информации за одредено корисничко име како неговиот надимак и
идент@адреса ако во моментот е пријавен, неговиот јазик, подесувања, кога е
виден последен пат и дали е суспендиран од Cservice администратор. Ако ја
користите командата на самите себе, исто така ја прикажува и вашата е-маил
адреса, вашиот идент@адреса со кој сте се пријавиле на X, подесувањата за
макс. пријавување од едно корисничко име и листата на канали на кои имате
пристап. Ако саката да ги скриете вашите информации од другите, користете
ја командата за невидливост - INVISIBLE.
/msg x info <корисничко име>
ISREG - Проверува дали каналот е регистриран или не.
/msg x isreg <#канал>
LBANLIST - Пребарува преку листата за банови на X. Користете * за да ја
видите целата листа или да пребарате банови со поширок опсег. Ако има повеќе
од 15 банови, пријавете се на http://cservice.undernet.org/live/ , кликнете
на Channel Information", внесете го името на каналот и ќе ги видите сите банови.
/msg x lbanlist <#канал> <образец>
LOGIN - Со оваа команда, вашата листа на пристап се вчитува во меморијата и
вие се пријавувате на сите регистрирани канали каде што имате пристап.
ЗАПОМНЕТЕ: Никој од CService нема повеќе да ја побара вашата лозинка! Не ја
давајте на никој што тврди дека е претставник на Cservice.
/msg [email protected] login <корисничко име> <лозинка>
MOTD - Ја прикажува пораката на денот на X.
/msg x motd
SEARCH - Со оваа команда X ги пребарува сите канали што имаа подесено клучни
зборови. Ќе ви бидат прикажани максимум 10 резултати од барањето.
/msg x search <клучен/ни збор/зборови>
SET - Ги менува подесувањата на вашето корисничко име.
/msg x set <invisible|lang> <вредност>
INVISIBLE - Го вклучува невидливиот мод на вашето корисничко име. Кога
ова подесување е вклучено друг корисник неможе да види дека вие сте он-лајн
или било каква информација за вас преку INFO командата.
/msg x set invisible <on|off>
LANG - Селектира јазик со кој x ќе ви одговара/помага.
/msg x set lang <код на јазик>
Моментална листа на јазици:
Код - Јазик
• ar - Arabic
• ca - Catalan
• ch - Christmas
• de - German
• dk - Danish
• ea - Easter
• en - English
• es - Spanish
• fr - Fran#231;ais
. gr - Greek
• ha - Halloween
• hu - Hungarian
• it - Italian
• mk - Македонски
• nl - Dutch
• no - Norsk
• pt - Portuguese
• ro - Romanian
• sv - Svenska
• tr - Turkce
SHOWCOMMANDS - Ги прикажува сите команди кои ви се на располагање на одреден
канал соодветно на вашето ниво на пристап. Ако не е специфициран канал, ќе ви
бидат прикажани само командите за ниво на пристап 0.
/msg x showcommands [#канал]
SHOWIGNORE - Ја прикажува моменталната листа на игнорирање на X. X автоматски
ги става сите корисници на оваа листа кои случајно или намерно го поплавуваат
X со податоци, во времетраење од 1 час.
ЗАБЕЛЕШКА: X нема да ви одговори на оваа команда ако веќе сте на листата за
игнорирање. Ако не примате одговори од X, побарајте од некој пријател да ја
провери листата за вас.
/msg x showignore
SUPPORT - Претставува алтернативен метод за поддршка на апликацијата за
регистрација на некој канал ако сте наведени како поддржувач. Поддршка или
противење на регистрацијата може да се даде и преку веб страната на
http://cservice.undernet.org/live/. Командата нема да биде успешна ако не сте
наведени како поддржувач на каналот или ако каналот нема поднесено апликација.
/msg x support <#канал> <yes|no>
VERIFY - Прикажува дали некој е пријавен (логиран) или не, го прикажува
неговото корисничко име, дали некој е официјален претставник од Cservice,
или IRC оператор.
/msg x verify <nick>
*-------------------------------------------------------------------------*
Овој документ беше последно модифициран на 21.12.2003 од страна на Ac1d
Овој документ е оддржуван од комитетот за поддршка на канали на Undernet
Пратате е-маил на [email protected] со сугестии и коментари
CService URL: http://cservice.undernet.org
Undernet URL: http://www.undernet.org
*-------------------------------------------------------------------------*
Документот ке биде објавен и на официјалната страна на Undernet за документи http://cservice.undernet.org/docs/ за 2-3 дена. За повеќе инфоримации околу одредена команда вашите прашања можете да ги поставите на форумов тука -> http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=3120 или пак он-лајн на IRC на каналот #undernet.mk
Благодарност и до ^^CROW^^ за помошта.
|