Обраќање на Бранко Црвенковски пред парламентот
Обраќање на Бранко Црвенковски пред парламентот
Strelec Издвојувам три (според мене најзначајни) моменти од експозето, а што би можеле да бидат повод за отворање дискусија: 1. „Она што со право го иритира поголемиот дел од јавноста и за што јас имам целосно разбирање е фактот што разрешувањето на некој од таквите инцидентни ситуации зависеше од нечија добра волја, а не од почитувањето и спроведувањето на Уставот и законите и на ефикасното функционирање на институциите на системот“. 2. „2004-та требаше да биде година на политичка стабилност, на јакнење на меѓуетничката доверба, на голем исчекор во процесот на наше интегрирање кон Европската унија и НАТО, и пред се, година посветена на економијата. Денес можеме да констатираме - ова последното и најважното не се случи“. 3. „Следните 12 до 18 месеци се решавачки за нашата иднина. Потребно е да се мобилизира целокупната општествена енергија, целокупното знаење на нашиот народ, сиот интелектуален потенцијал. Успехот ќе биде заеднички“.
f9 Што јас би издвоил?Е па тоа што го побара да се направи,се разбира покрај сите празни пароли и фотки -Ја повика владата побрзо да понуди легислатива што ги регулира прашањата на употребата на јазиците и етничките симболи на малцинските заедници -Владата да биде упорна во постигнувањето правична застапеност на припадниците на малцинствата во јавната администрација. Ова е една од најсмешните констатации годинава= -Тој како „стабилна“ и „без сериозни закани за интегритетот и суверенитетот“ ја оцени безбедносната состојба во земјата во годината што изминува. Па покрај мртов прецедател,огромна криза во Струга која има да трае долго после 2004 година,покрај референдуми,покрај 3 влади и покрај опсада на Скопје од 300 добро вооружени ТЕРОРИСТИ кој ја тероризираа цела држава,со минирани објекти од исклучителна важност тој констатира дека немало сериозни закани!?. I mean -GET REAL MR PRESIDENT!
concrete Mora da se priznae F9 deka ne e nisto polos od drugarot mu THE REAL MR PRESIDENT od preku okeanot!!!
трендафил Гледам вчера сегашниот, Бучко, и поранешниот лидер на СДСМ, Бранко, купија слики насликани од хендикепирани деца. Но едно не ми е јасно. Мораа ли сите да знаат колку пари дале за сликите и зошто се спомнуваа различни бројки, т.е. за едни новинари дале исто, за други Бучко дал повеќе од Бранко. И да не беа Бучко и Бранко повозрасни од собраните во галеријата, како ќе ги разликувавме од останатите.
Strelec Во своето експозе, Бранко Црвенковски не се произнесе по прашањето за кадровските решенија во државата. Дали човекот не може да најде оправдување, или едноставно не смета дека е тоа голем грев и не смета дека заслужува да му се обрне внимание. Меѓутоа, читам во дневниот весник ’Вечер’ дека европските дипломати во последно време упатувале критики на адреса на Македонија дека е партизирана на сите нивоа и дека партискиот клуч се употребувал повеќе отколку што е прифатливо според меѓународните норми на водење на политика и држава. Дипломатите забележувале на начинот на кој се пополнуваат функционерските места во државата, на партиските пазарења околу листата на амбасадорите и генерално, на инволвираноста на политиката во сите сегменти на државата. Критиките од Брисел биле дека како квалификација за добар дел од кадровските решенија повеќе се земала во предвид партиската припадност отколку стручноста, а како пример ја навеле и најновата старо-нова листа на државни секретари.
dejan neznam sto novinarite jadele, ama oni sekogas ne ja kazuvat taa pravna vistina.......i mora da se znae kolku potrosile lol
Bicho
quote:
Originally posted by Strelec
Издвојувам три (според мене најзначајни) моменти од експозето, а што би можеле да бидат повод за отворање дискусија: 1. „Она што со право го иритира поголемиот дел од јавноста и за што јас имам целосно разбирање е фактот што разрешувањето на некој од таквите инцидентни ситуации зависеше од нечија добра волја, а не од почитувањето и спроведувањето на Уставот и законите и на ефикасното функционирање на институциите на системот“. 2. „2004-та требаше да биде година на политичка стабилност, на јакнење на меѓуетничката доверба, на голем исчекор во процесот на наше интегрирање кон Европската унија и НАТО, и пред се, година посветена на економијата. Денес можеме да констатираме - ова последното и најважното не се случи“. 3. „Следните 12 до 18 месеци се решавачки за нашата иднина. Потребно е да се мобилизира целокупната општествена енергија, целокупното знаење на нашиот народ, сиот интелектуален потенцијал. Успехот ќе биде заеднички“.
Strelec shto da kazham?! Ne sum vo Makedonija (ne sum kidnat, za kratko sum nadvor ne se potresuvajte vednash) i ne mozhev da go sledam obrakjanevo vo celost, megjutoa ova shto ti si go izdvoil vo najmala raka me frapira! Zamislete brakja kako se amnestira sebesi gjubreto! Ej, komandantot na voouzhenite sili na Makedonija sochuvstvuva so iritiranite gragjani?! Lani ova vreme najavi godina na ekonomski bum i posle izbega, se namesti Pretsedatel zatoa shto znaeshe deka nema da ima nishto od negovite prazni zborovi. A za tretiot citat imam samo edno prashanje. Kje mu poveruva li pak nekoj Makedonec na gjubreto shto misli deka mozhe da golazhe narodot do beskraj?
concrete Ne, nema,najverojatno,......no zemajki go vo obzir samozalazuvanjeto kako bekstvo od vistinata sto stana opsta terapija protiv mentalnata depresivnost vo Makedonija , .... koj znae!!!Baska doticniot ima kvalifikuvani mentori i sovetnici za psihologija na masi. A beskrajot e relativna merka za nesto.Zatoa i se narekuva : beskraj.
трендафил Сите негативности против кои наводно ќе се бори, во Македонија ги створи токму Црвенковски. Не ми е јасно и од каде му дава толкаво значење на Борис Трајковски, па во неговата смрт наоѓа оправдување за економскиот бум кој тој го најави за оваа 2004 година, а Бучковски сега го најавува за следната 2005 година. Иако и јас сум во дилема дали Трајковски во 2001 беше предавник или го превзема на свои плеќи срамот на сите македонци кои не сакаа да се борат против непријателот (и домашен и странски како тоа некогаш се велеше, а кај нас догаш навистина делуваше). Но и ако Борис беше предавник тоа не ги оправдува Црвенковски кој веднаш му се придружи и на Георгиевски кој повремено зборуваше како патриот, но малку направи зборовите да станат дела.