Lek za sida-od Trevar vo Dalmatinec
Lek za sida-od Trevar vo Dalmatinec
f9 SLOBODNA DALMACIJA Петмина Сплиќани повеќе не се ХИВ позитивни, а на патот на оздравување е и шестиот. Вирусот кој ја предизвикува СИДА-та кај нив е сопрен. Зад неверојатната приказна се крие сплитскиот тревар Милош Шерба. Првиот кој се одлучи за неговата терапија со лековите билки е чист веќе една година, а последниот два месеци. Шестиот ја повторува терапијата, бидејќи ја прекина по дваесетина дена, кога настапува видливо подобрување. Но, како што Шербо вели, лекувањето трае 60 дена и бара максимална сериозност. СТРОГ РЕЖИМ НА ИСЦЕЛУВАЊЕ Пациентот, вели Шербо, мора веднаш да се откаже од цигарите и од алкохолните пијалаци. Од исхраната мора да се исклучат конзервираните производи, сувомеснатата храна, тврдите и мрсни сирења, сите силни зачини и производите од нив. Во исхраната треба да се користи свежо и младо месо, свежа зелена салата. Треба да се пијат само природни сокови од разновидно свежо овошје. Треба да се зема многу мед, како и поленов прав пред секој оброк. Секојдневно треба да се јаде 30 декаграми свежо изрендан морков, се додаваат две големи лажици мед и сок од еден лимон. Целта на оваа терапија е од крвта на пациентот да се отстранат сите штетни материи. За секој ден во неделата Шербо разработил посебен рецепт на кој пациентот мора да се придржува. За секој ден чајот од лековите билки се подготвува предходната вечер околу 18 часот, се става во темни шишиња и се остава преку ноќта во топла просторија. Чајот кој се подготвува во недела за понеделник се состои од една лажица од билката Центаурии Херба, лист и цвет од Ацхиллеа Миллефолиум, лист од Абсинтхи Херба, лист и цвет од Германдер Табебуиа Авелланедае, корен од Барданае Радиџ, зрно Јуниперус Цоммунис, цвет од Самбуцус Нигра и корен од целер. Сето тоа се става во 1,5 литар зовриена вода, се трга од шпорет и два часа стои покриено. Во понеделник чајот се пие засладен со мед по желба, по два децилитра пред и по доручекот, ручекот и вечерата. На почеток од терапијата се зема шумски мед, потоа ливадски, па мед од бор. За чајот кој пациентот го пие во вторник треба да се земат две супени лажици Центаурии Херба и по една супена лажица Германдер Табебуиа Авелланедае, лист и корен од Уртицае Фолиа, цвет од Самбуцус Нигра, листови од Ељуисети Херба, лист и цвет од Хѕперици Херба и зрно Јуниперус Цоммунис. Тој ден пациентот треба двапати дневно да џвака саќе со мед. Парчето саќе треба да биде големо колку кутија кибрит и треба да се џвака 15 минути, а потоа да се плукне. Во среда се пие чај подготвен од три супени лажици од Центаурии херба и по една лажичка, лист и цвет од Цицхориае Ххерба, лист Фумариа Л, корен од целер и црвени шипинки. Во четврток на ред е чај за кој требаат три лажички лист и корен од Уртицае Фолиа, по еден лист и цвет од Ацхиллеа Миллефолиум, листови од капини, лист од Салвиа фолиа, црвена шипинка и лист и цвет Хѕперици Херба. За чајот кој се пие во петок потребни се по две лажички лист и корен од Уртицае Фолиа и по една лажичка црвена шипка, цвет од Самбоцус Нигра, зрнце Јуниперус Цоммунис и лист и цвет од Ацхиллеа Миллефолиум. Во сабота пациентот пие чај од две лажички лист и цвет од Хѕперици Херба, зрно Јуниперус Цоммунис, едно лажиче Ељуисетум Арвансе, цвет од Самбоцус Нигра, црвени шипинки и корен од Уртицае Фолиа. За време на терапијата, вели Шербо, секој трет ден треба да се направи и да се изеде смеса измешана од три лажички изрендан корен од целер, две лажички мед и лимунов сок. Тоа треба подолго време да се џвака и да се проголта. Пожелно е тоа да се јаде двапати дневно. Пациентот мора на црниот дроб и на слезинката да држи по еден мелем од бор 10 дена на почетокот и последните десет терапии (вкупно четири борови мелеми). Секој трет ден јадењата треба да се запржуваат од разблажено масло од кантарион. Поради зајакнување на слезникната потребно е да се земаат дополнителни количини на витаминот Х, а секој втор ден по секој оброк по половина лажичка прав од камилица. Секој понеделник терапијата треба да се почнува од почеток, а сите 60 дена пред доручекот, ручекот и вечерата по еден децилитар јогурт со по две лажички изрендани моркови, корен од целер, а понекогаш и од корен од магдонос. Во вторник и в петок со ручекот и со вечерата се зема по едно лажиче варена пченица или р’ж. За зголемување на апетитот Шербо препорачува чај за што се потребни три лажички од лист и цвет на Центаури Херба, по едно лажиче лист и цвет од Ацхиллеа Миллефолиум. Тоа се мати и се става во осум децилитри зовриена вода и се трга од шпорет. Откако ќе отстои два часа покриено, се цеди се тура во темно шише и треба да стои во топла просторија. Другиот ден се пие по два децилитри пред и по појадокот, ручекот и вечерата, засладено со мед по желба. Сплитскиот тревар има рецепт и за отстранување на виолетовите дамки од телото на заболените од СИДА. Потребни се по две лажички лист од Антхѕллис Вулнерариа Л лист од капина, лист и цвет од Уртицае Фолиа, цвет и лист од Ацхиллеа Миллефолиум. Сето тоа се става во 2,4 литри зовриена вода, и се подготвува како предходните чаеви. Овие течности се пијат по едно литро дневно. По ваквиот третман на лекување, истакнува Шербо, болеста се запира. Треба да се направи пауза од десет дена и да се отиде на контролен преглед. Ако пациентот е повторно позитивен, тоа значи дека не се придржувал до терапијата. Во тој случај треба да се повтори терапијата според истиот распоред во траење од 30 дена. Сплиќаните кои се придржувале до овој рецепт се луѓе од 30 до 40 години. Првиот на кој Шербо му понудил да го испроба чистењето и зајакнувањето на организмот со лековите билки е бизнисмен, чие семејство треварот го познавал. Тој согледал дека ја губи телесната тежина, што е еден од симптомите на оваа болест. Инаку, симптомите уште се и габични инфекции, постојана и честа дијареја, долги настинки, грозница повеќе од десет дена, ноќно потење, натечени лимфни жлезди, долготраен необјаснив умор, задишеност, тешка кашлица или болки во грбот, оштетување на кожата во вид на виолетова или бледа боја. Кај таа болест, вели Шербо, настапува нервоза, слаб апетит, слаб сон и се јавува изнемоштеност. Тешко оштетениот имунолошки систем го прави заболениот од СИДА чувствителен на многу инфекции и болести. Неподносливоста и очајот стануваат секојдневие. Кога ќе сфатат дека се разболеле, таквите луѓе стануваат сами на себе неподносливи, а уште полошо им е кога околината ќе дознае дека се болни. Заедницата практично ги изолира, речиси ги прогласува за лепрозни. А јас мислам дека не смееме да ги заборавиме кога ќе дознаеме дека се во нашата околина. Мораме кон нив да бидеме племенити и да им помогнеме колку што можеме. Шербо порачува и дека не треба да се плашиме дека болните од СИДА ќе не заразат доколку ги сретнеме. ХИВ вирусот живее во телесните течности, од лице на лице може да се пренесе преку сексуален однос, трансфузија на заразена крв, употреба на игли и шприцеви кои ги користело заразено лице. Вирусот влегува во организмот преку мали гребнатинки или исеченици во слузницата на устата, матката или дебелото црево, по што имунолошкиот систем почнува да ослабнува. ОД ДЕДО И ТАТКО НА СИН Научната медицина, истакнува Милош Шербо, силно се обидува да го запре ХИВ вирусот и сите мораме да го цениме тој напор. Надополнувајќи ги тие напори, искуствата на петтемина сплиќани зборуваат дека на заболените од оваа болест може да им се олесни животот и со лековитите својства на далматинските билки. Кај нас има цела серија лековити билки кои по квалтитет отскокнуваат во светски рамки, ќе каже нашиот соговорник, кого многумина сплиќани го познаваат по лековитите природни рецепти со кои им ги олеснил тешкотиите и им го вратил здравјето. Неговиот дедо знаењето за лековитите билки го пренел на неговиот татко, па така и сам од мали нозе научил да разликува многу треви и други билки додека му помагал на својот татко при изработката на кремови и мелеми од борова смола. Подоцна на тоа се посветил, разработувајќи го тоа како билките да ги искористи на најдобар можен начин, а рецепт многу сличен на оној кој е применет за запирање на ХИВ вирусот, применил и при лекување леукемија. И, како што вели, во еден случај успеал.
Misirkov Ne go negiram kazanoto, no ne e jasno dali virusot e unisten so terapijata ili e "kontroliran" odnosno oslaben ili neutraliziran vo odnos na organizmot? So napredokot na medicinskite soznanija, SIDA-ta vekje ne e bolest od koja se umira. Naprotiv, so kokteli od nekolku lekovi kako AZT, Abacavir, Fortovase, itn.(koi patem se dosta skapi)se kontrolira HIV virusot do stepen covekot zarazen so ovoj virus da moze da zivee "normalen" zivot. Mislam imaa barem eden nov sega (Invirase so ritonavir) za koj se misli deka kje bide mnogu efikasen. Postojat tableti za celosno unistuvanje na HIV virusot ako se zemat vo vremetraenje do 24 saati otkako virusot navlegol vo coveckoto telo. No toksicni se i mozat da go ostetat Crniot drob. Bidejkji vo Makedonija i na Balkanot nekoi bolesti se uste se stigmatiziraat, ako nekoj ima potreba da doznae za dosegasnite lekovi protiv HIV: http://www.aidsinfonet.org/articles.php?articleID=402